Не можат да ја земат со сила од црква или кај и да сака да биде, но ако е прашана црквата за некого (од страна на државен орган, полиција) мора да пријави дека е таму. На семејството не мора ништо да одговори. Од друга страна, криминалец да сака искушеник да биде, според закон, не смее - црквата не смее да го прими. Може да си бара вера во келија, тоа нема да му забранат. По издржување на казна, слободен човек - кај сака може да оди. Тоа е смислата на секуларноста инаку, дека црквата не е (и не е) над законите во една држава.
Уште ова да ти појаснам Таа река е мала и плитка Но он јак спортски тип спремен може да стигне и до Вардар Ке рече некој ако е удавен кај е телото? Беше ладно до сега и може е закачено за некое дрво гранка но скоро ке се стопле и ке исплива Инаку ако е во манастир на фамилијата нема да и кажат ама на полицијата мора да и кажат за да престане со потрага Неможе полиција со хелихоптер дрон камери да троше ресурси на потрага он у манастир и манастирот да крие
Мене ми е доста чуден избор река за убивање, не знам? Мислам знам дека се убиваат и така, ама ниту имаме доволно високи мостови, ниту водопади некакви... Вистина, во река само како дете имам влезено да се бањам и можев да пливам без проблем, како возрасна не. Ама ако е толку спортист, некако чуден избор ми е река за убивање, пошто инстинктот за преживување е доволно силен да ако знае да плива - ќе плива. Не може човек што знае да плива на сила сам себе да се удави. Затоа и изборот на повеќето е нешто што немаат како да го запрат Спојлер: график контент како што се скокање од зграда, оружје, бесење, таблети. Односно работи кои немаат како да им влијаат отпосле. Може немам поима што зборам, уствари немам поима што зборам.
Се ова донекаде држе вода да Стави наркотици у цела слика ???? Поинаку изгледа сега а? Кохзне и што и какви хемии тешки се земаат и забегуваат со мозокот
Ама што се нервираш. Ете ако е така како што викаш по 10 год ќе се каже кај е. Дека полицијата троши од буџет да го бара не битно, битно по твое попот не смее да каже дека е таму. Ќе видиме ајде, ќе каже времето.
Не се нервирам и воопшто не е како ќе кажам јас, туку која е реалноста. Не знам дали се преправате или до толку не знаете дека црквата и државата се две засебни "држави". Впрочем, еве пак ќе пишам, освен рекла-казала муабети, Црквата не се произнесе по ова прашање, а можеа многу лесно да ги разрешат дилемите, кои дури и мајката ги има, самата кажува Во ситуација на хитност, Црквата си ќути, а полицијата секако нема да признае дека нивниот "закон" не важи за црковни прашања како што е примање искушеник и монашки живот.
Црквата има автономија во поглед на духовните работи, учења и внатрешна организација. Но 99% сум сигурен дека не е над законот и не е имуна над законот.
Во Италија е далеку полошо, ама не зборувам за Италија. Искушеник кој се одлучил за тој пат по своја слободна волја и по своја слободна волја не се кажал дома, биди сигурна дека Црквата нема да го каже бидејќи тоа е кршење на строги црковни канони. Може ќе кажат не знаеме, а полицијата секако нема да бара 365 манастири во државава, или колку веќе се на број.
На семејството нема да каже и не мора (не мора ни другарка ми да каже на моите ако се кријам кај неа) ама на полиција НИКОЈ не смее да крие, ни црква ни џамија.
Нека биде така, еве чекаме Црквата и полицијата да се огласат, пошто кажаа дека прашале во три манастири а ние имаме милион, така што без абер од Црквата полицијта бара игла во сено. Иако не мислам дека детево е во манастир. Пс. Полицијата ако дознае дека е во манастир, како ќе го затвори случајот без да го извести семејството? Како нерешен случај? Тоа е уште потешко кршење на законот, така да пре би рекла Црквата ќе сокрие, од сите.
Полицијата ќе оди кај семејството, ќе им каже дека е жив и здрав и дека не сака со нив да контактира и нема да им каже каде е. Интерно ќе заведат каде е најден. Колку сака нека има манастири, не живееме во камено доба, имаат интернет и манастирите не се занимаваат со криење на искушеници од полиција. Само тие настани не доаѓаат во јавност, нормално.
Искушеници не се кријат, уште помалку од полиција. Ама нека биде како што велиш ти, еве во овој случај ќе имаме доверба во полицијата дека знаат каде да бараат.
Тоа и јас кажувам. Ако е искушеник манастирот ќе го пријави како таков во МВР и овие ќе дојдат да проверат, после тоа никому нема да соопштат каде е освен во своите интерни документи. Манастирите во Македонија имаат вајфај, веб страни, социјални мрежи, нема да се прават на Тошо ако по некого се трага (искушеник или криминалец).
Апсолутно сум против ширење било какви дезинформации или теории на заговор карактеристични за нашиов менталитет и не сакам да ме сфатите погрешно со ова што го кажувам. Не викам дека сите случаи со исчезнати лица се поврзани, секој случај е индивидуален и причините за исчезнувањето се сигурно различни, не навлегувам во тоа но искрена да бидам, за мала земја како нашата, листата на исчезнати и никогаш пронајдени лица е предолга. Не можам ни да замислам низ која агонија поминуваат блиските, не дај боже да ти исчезне драга личност и со месеци, години и децении да не знаеш дали е жива или мртва.. звучи страшно, ужасно. Поготово ме загрижува кога ќе видам млади луѓе, здрави и прави, со години не им се знае ни трага ни глас. Конкретно за дечково, Миле од Неготино, жално.. не знам, многу време помина. Дај боже да биде се во ред и да се пронајде.