Даа, и јас баш тоа приметив.. плус пишува дека се јавила со врискање, значи дека е во опасност. Страшно, дај боже да се најде жива и здрава, што да кажам..
некој ги дава онлајн и кога им звониш на број, значи и да не отвара Вибер сеуште е уклучен тел., да се надеваме на арно, страшна работа
На вакви имбецили би им забранила пристап до интернет, жими се. Секогаш кога е некое лице исчезнато и под којзнае каков ризик, мора да се најде некој ваков болесник неписмен да пишува вакви гадости. Со какви луѓе делиме воздух бе..
Добро, што е проблемот овде уствари? Сега исчезната е женава или не? https://fokus.mk/ischeznuvaneto-na-simona-ne-e-prijaveno-vo-mvr/
Не знам, ама нешто смрди. Како кажале за да ја има во системот Најди Ме, ама не и во полиција? Пишува дека најблиски рекле дека е пријавено во полиција, но да е до сега ќе ја имаше на листата на МВР.
Сега па прочитав дека уопште не ни била пријавена, абе да не знае чоек у шо да верува у ,,државава" више.. плус на некој портал пишуваше ,,се јавила од туѓ број" а кога ќе го отвориш бројот на вибер, нејзина слика и нејзиното име ги дава.
Јас би почекала да излезат повеќе информации. На почеток новинариве се како баби на чешма. Пренесуваат од рекла-кажала но не докажала.
Не е до тоа кога би ја ставиле на листа Мвр, од Мвр на Фокус изјавиле дека по извршени проверки ширум земјава, не е регистрирана пријава за исчезнување на посоченото лице во ниту една полициска станица, во било која општина во Македонија. Би се сложила дека е се малку чудно. Обично во вакви моменти каде секоја минута е важна нема никакви информации. Претходно и за Лидија и за Миле се беше споделено, од каде се, каде последен пат биле видени, во колку часот и што носеле на себе. Овде не беше јасно ни од каде е.
Многу чуден случај, се надевам дека се работи само за некоја неодговорна личност која сакала да се шегува, бидејќи стварно ако ја нема и нејзините не пријавиле уште во полиција, не знам што да кажам. Имаше пред некој ден случај, дека Охриѓанец им се јавил на неговите и им кажал дека е киднапиран и им барал пари...