А ако е пример тој навистина,како живее во таа шума,како се храни ,кај спие? Некако сето ова ми е малку повеќе чудно и за не верување...
И мене исто, уште кога ја слушнав веста некако не поверував, а и ако бил во таква лоша состојба овие два дена ќе го пронајделе.
Не знам како преживува ама сигурна сум дека не тргнал да си наштети тогаш кога исчезна, човек што сака да се самоубие оди и се убива, последно нешто што ќе му текне е прво да отиде до работа да си даде отказ.
Колку жално, човек кога има проблем треба да се обрати и побара помош од блиските, ова не е начин за решавање ништо. Ама денес меѓучовечките односи се никакви... И да е Миле и да не е човекот, го бара сега некој откако знаат кај можат да бараат?
Да вчера се пишуваше, го имаат видено в планина. Што правел таму којзнаеако бил ослабнат и со подолга коса и брада тоа можеби дека му се случила некоја внатрешна промена, незнам. Можеби планирал да се замонаши или пак почнал да се дрогира... Незнам, ова се мои шпекулации
Неговите кажаа дека имал доста проблеми во последно време (пишуваше и дека бил заглавен во брзи кредити заради Конти така нешто) и се повлекол плус се посветил и на верата. Затоа на почетокот беше надежта дека е во некој манастир, ама провериле и не го нашле.
Ама треба да разберете дека не можете да знаете што се случува во позадина. Никој од нас не може да знае што тој мислел/мисли, сака, прави и слично. Секој со својот крст, секој со својата тежина. Малце глупо е да лепиме етикети, какви и да се. Крај краева, он си знае најдобро, никој никогаш нема да го сфати од причина што сите исто не размислуваме.
Не почнал да се дрогира,он веќе се дрогирал.т.е по цел ден напафкан бил и веќе забеган со паметот Плус коцкарски долгови И уште еднаш пред 2 месеци демек бил виден имаше потера пак со полиција и кучиња па не го најдоа,демек селанец му носел јадење И да е жив и да не е жив сеисто е он е жив мртовец
Го знам Сеа треба да се правдам од кај го знам? Битно е точно се ова Може сум сестра девојка братучеда од кај знаеш а?
Навистина штета за дечкото ако посегнал по дрога и толку западнал. Жално што млад, убав дечко животот почнал да си уништува. Ако почнал да се дрогира, не верувам и сега да се дрогира, без пари.. Се надевам ќе го најдат и ќе успее да се излечи и од дрога и од долгови. Секако ако е точно ова... Дај Боже да е жив.