Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    3.059
    Пол:
    Женски
    Не сум прочитала, какви закани?

    Типов дошол со намера тука, знаел дека во Швајцарија ќе го фатат за 24 часа, овде ко ништо да не се случило. Почекал да се стиши галамата и си се вратил дома во Швајцарија и си продолжил со животот. Какви закани можеле да ги исплашат родителиве кога веќе детето им го немаше подолго и се претпоставува дека се случило нешто лошо, што е полошо од тоа па да ги исплаши. Пино за 6 месеци го најдоа па ај да не објаснуваме во детали како, еве и да пронајдат нешто бог знае во каква состојба ќе биде, како ќе се докаже што се случило, веќе 5 ипол години подоцна прекасно е за наоѓање докази. Татко и на Јелена заврши во затвор барајќи правда за своето дете, мајката на Пино какви акции правеше, не се запре жената додека не се најде. Не викам дека сите луѓе исто постапуваат и на ист начин се носат со болката, знам дека сите се различни ама за Марија многу ми е жал, кај поминала низ пекол, уште и никој не се избори за да се дознае вистината а не кривецот да остане неказнет и да си го живее најдобро што може животот.
     
    На Gosh, TammiB5, Panda00 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    21.039
    Пол:
    Женски
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.776
    Допаѓања:
    38.652
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека добивале закани. Баш за ова дискутиравме уште кога се објави за девојката. Да е мое дете мене ќе има секој ден по телевизии. Родителите биле замолчени. Убаво го прочитав текстот. Има тука нешто. Мислам дека не е се кажано.
     
    На Panda00 и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.732
    Пол:
    Женски
    За женава баш памтам дека откако исчезна се пишуваше низ социјалните мрежи, ама изгледа уште не се заангажирале. Тешко тие што барат, овие нашиве (таканаречени) инфлуенсери бар да споделуваа(т) апели. Ако ништо друго, некој аир од нив да се види.
     
    На Panda00, SummerGirl и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    7.920
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам во една од темите се пишуваше дека не сме требале да се слушаме со нашите често. Ова е доказ дека треба блискост да одржуваме, каде и да сме на светот.
    Да знаеле нејзините во каква ситуација била, може приказната различен епилог да имала.

    Инаку кога веќе ја спомнувате мајката на Пино, таа жена е борец, херој. Секој ден досаѓаше, затоа што знае каква вукојебина е ова. Но, сепак вистината излезе на виделина.

    Едно нешто сфатив, во Македонија не смееш да ќутиш. Треба да си досаден, постојано да бидеш присутен. Или пак, како таткото на Вања, сам да дознаеш што се случило.

    Ми изгледа, дека полицијата е само апстрактно дело, што фигурира некаде во просторот и времето. Луѓе сами решаваат случаи, сами се борат.

    Се надевам дека детенцето на Брзакова, некогаш и некако ќе ја дознае вистината за мајка и. Ама млад, несенилен човек, не исчезнува туку така. И да избегала со швалерот, ќе поминела на граница. Значи нејзината приказна завршила во Македонија. Е сега, шупакот од маж, некој треба да го седне и распрди на милион делови, да проговори. Но, кој? Нашата полиција сигурно не.
     
    На Трагедијаупмм, TammiB5, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.490
    Допаѓања:
    12.707
    Пол:
    Женски
    Таа ли што беше бремена, заборавив точно која беше, ама ако е таа зарем толку години поминаа?
     
    На simona_baby и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Сега кога прочитав за Марија Брзакова, ми текна на многу сличен случај. Марина Арсова исчезната во Кочани, многу одамна, пред скоро 10 години. Случајот е стварно идентичен, имала две деца и проблеми во бракот. Мајка ѝ неколку пати излегуваше на телевизија, кажуваше дека се сомнева во сопругот, пред да исчезне женава многу плачела и ѝ кажала на мајка ѝ дека ќе дојде кај неа на гости, ама никогаш не дошла. Ако не сум грешка, сопругот исто така покасно пријавил и не ги известил родителите дека ја нема, туку дознале од полицијата, као се јавиле од полиција да прашаат дали е кај нив жената. Најчудно во целиот случај е што непосредно по исчезнувањето на Марина, свекорот нејзин се самоубил и оставил писмо, не се сеќавам точно што пишувало во писмото ама беше нешто во смисла дека тој бил виновен за тоа што се случило и да не ја бараат бидејќи не е повеќе жива. Мајка ѝ вели дека се сомнева дека или сопругот нешто ѝ има направено па свекорот се самоубил сакајќи да ја превземе вината на син му и да го спаси или навистина е свекорот. Ја пребарале и реката, но не нашле ништо. После тоа полицијата кренала раце и рекле дека ништо не можат да направат, поминало многу време. Сопругот исто така не дозволувал бабата да ги гледа децата, само еднаш неделно. Не можеме ние да знаеме што како било, ама ќе се согласите дека е страшно чудно и дека најверојатно и Марина и Марија ја имале истата судбина. Жално е што повеќе никој нигде не збори за женава, тешко на родителите и на децата нејзини.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0479.jpeg
      IMG_0479.jpeg
      Големина на фајлот:
      106,5 KB
      Прегледи:
      176
    На eliesaab, SummerGirl и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  8. IwyMe

    IwyMe Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Сопругот на Марија мислам дека неколку пати помина полиграфско тестирање но тоа секако не е доказ дека не е вмешан во нејзиното исчезнување исто така се зборуваше дека најверојатно за да ги скрие трагите користел специјални киселини и така натаму да не навлегувам во работи за кои се само рекла казала бидејќи ништо за жал до ден денес не се дозна. Се надевам дека е некаде жива со дете… премногу жално.
     
    На Amelia, Panda00, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Мала исправка, жената е родена во Кочани, а мажена во Штип, од каде што и исчезнала.
     
    На Лејди Гага и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    21.039
    Пол:
    Женски
    Ццц жално, немам зборови..
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    17.644
    Пол:
    Женски
    Да таа е трет месец беше.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Страшно, језиво. Ужасна судбина:(
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    32.573
    Пол:
    Женски
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    40.265
    Пол:
    Женски
    На Лејди Гага и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.577
    Виден во Велес или инфо дека со такси отишол за Велес?
     
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    40.265
    Пол:
    Женски
    Преска во Пошта службеничката на тел зборуваше со некој и кажа дека го нашле. Сега гледам објавено дека уште се бара. Многу чудно.
     
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.598
    Пол:
    Женски
    Што се случува со младиве луѓе, стварно е загрижувачко.
    По порталите читам многу чудни коментари.
    Како наводно од семејството сакал да побегне.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.577
    Може има некои фамилијарни проблеми, нема никаква објава за негово исчезнување од жена му и од блиска фамилија на жена му, само од неговата мајка и сестра.
     
    На Лејди Гага му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    32.573
    Пол:
    Женски
    Неофицијално, коцкарски долгови.
    У Велес е најден жив.
     
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.577
    Нема никаква потврда дека е најден.