Може и јас многу филмови сум гледала ама по Америка се блокираат сите излези од градовите и кола по кола се пребарува. Полиција на рендом места, автопати, регионални патишта, секаде. Малце ли единици имаме што пијат кафиња по локали.
Сфатив, само се надоврзав. Сега мислам дека е многу касно, првиот ден требаше да се направи организација. Сега може да е било каде буквално.
Па и true crime видео да изгледаш, ќе сфатиш дека одма организации, цркви, сѐ почнува да бара. Фала богу нашава полиција е на завидно ниво, па не смееме збор да кажеме за нив и може да се опуштиме јер си ја знаат работата.
Тогаш што инсинуираш? Дека очекувала мајката нешто такво? Ако почнуваат во 7:30, тогаш имала време да дознае дека не е во школо+не знае каде+не се јавува и доволно е за да испаничи и да пријави.
Ама само кај неколку она тврди. разбирам можда има некој од фамилија во полиција и јас имам, ама тоа не е причина да верувам во нивната работа.
Ама тука прочитав дека семејството на девојчето имале познати во МВР и секако ќе се ангажирани повеќе, не велам не. Но генерално се за никаде, не те гледаат ако немаш никој.
Не знам само од кај ги црпите информацииве во колку часот се јавила класната, во колку часот се јавила мајката во полиција... од портали? Па тоа им е работа на порталите, да додадат, да забиберат, да преувеличат. Па самата објава на мајката е на пладне пишана, 12 часот, потоа е даден и update вечерта дека е известена и полицијата. Ако на некој ваш близок телефонот му е исклучен 4 саати, не е на местото каде што треба да е, не е кај другарки, никој нема информација, нема да реагирате?
Не инсинуирам,мислам дека има детали кои нормално во интерес на истрагата не ги знаеме. Само кажувам дека кога имаш работа со тинејџер не се секогаш веднаш достапни па не одиш веднаш да пријавиш. Нема родител што не се соочил со тоа.
Ако излезат граѓани да бараат на терен,значи велам ГРАЃАНИ,знаете тоа што значи,се бара тело...се ежам кај што пишувам,жива и здрава да беше поинаку ќе беше... Лесно е да се куцка на тастатура,толку крими и психо филмови и документарци имам изгледано во животов и некогаш и најстручни луѓе и најнова технологија не се доволни.
Мајката сама имаше изјавено детали, во 7.20 искочила од дома, 7.34 се гаси телефонот, класната се јавила во 7.40 и во полиција мислам пријавила 8.35. Едитирана е и објавата на мајката, не се сеќавам точно како беше првичната.
Да, според edit историјатот го кажувам ова, постот и е објавен во 12 на пладне. После има updates ставено. Да, изјавила тоа и го кажувам ама каде, некој портал тоа го пренесува? Или на тв директен пренос имаше од изјавата? Според мене нема потреба да се инсинуира нешто ако класната се јавила рано или мајката пријавила рано, иако не знаеме точно за колкав временски период се работи.
Страшно е ова што се случува. Да не си им во кожа на родителите. Читам многу глупи коментари на статусот на мајката на Вања. Пишуваат МВР камери да прегледа, дури и апликации за следење на мобилни им праќаат скреншатови и врв од се што видов пишуваат да ги слушнат последните телефонски разговори. Демек МВР ова не знае да го направи па сега ние ќе им сугерираме како. Полицијата е на нозе да ама да не се правиме на три ипол. Многу убаво знаеме кој се вработува и како се вработува. Чест на исклучоци ама сметам дека тие се многу малце. Најбитно тука е времето. Ако поминат 72 часа многу веројатно е да не се најде личноста а на жал времето тече . Господ нека е на помош да се најде девојчето ...