Прочитавте на постот кај мајката најнов коментар од некоја си џамија? зарем можно е некој да си поигрува со ова?
Најискрено се надевам дека е таму. Веќе не е ни важно како стигнала до таму и зашо е таму, само да е жива и здрава и тоа да е вистина.. Ако не е, тој позади профилот заслужува каменување на сред плоштад
Jaс прочитав сите по влезови, по подруми од згради да бараат, аха да, сигурно е во Скопјево, кој знае каде е, можеби и во друг град да е пример, незнам ни јас, ама се детективи, тие ќе ја нашле. Може и да се одговара за спречување на истрагата.
Се надевам и јас дека е точно тоа што тврди профилов значи од сѐ срце, ама не верувам дека е затоа што такви профили ги има во сите исчезнувања, сакаат да се направат паметни и интересни за 5 минути слава, што е многу жално и болно. Да беше некој веродостоен профил прво ќе ги извести полицијата и семејстово, а не по фб коментари.
Пред 15 години кога јас ќе избегав од час или ќе ме немаше првиот, класната веднаш се јавуваше дома. Различни училишта, луѓе, професори, ништо впечатливо
Жално за девојчето, зално за фамилијата. Ова ми мириса на класичен пример на заведување малолетно лице ( пошто никој не пијавил дека видел насилство) За жал се повеќе се исчезнувањата со заведување на лице. Девојчето е младо многу лесно може да се изманипулира ( не дека и ние повозрасните не можеме да бидеме) Почнете да гледате документарци и ќе видете што се не се дешава и колку некогаш знаеме да бидеме наивни како луѓе и тоа да не кошта живот. За жал трендот на исчезнати лица и кај нас почнува да се зголемува. Во Србија тоа се дешава секојдневно. А за преминување на граница по илегален пат и те како може, кога бебиња исчезнуваат од болница што повеќе да се каже.
Овој тип криминал најчесто се прави со лица од ранливи категории. Дури и да си моментално невработен, пак си во ранлива категорија, затоа што изобилува интернет просторов со лажни огласи за работа. Следно деца кои живеат само со еден родител, живеат во сиромашна средина, или страдаат од анксиозност/депресија. Тој што ја работи оваа работа, веројатно знае и да профилира добро. Се сложувам и со тоа дека и во регионот е зголемен процентот на исчезнувања. Сама вака, зошто не соработуваат меѓусебно како нормални служби и не разменуваат податоци. Не е ова прв и единствен случај. Нема година, да нема 2-3 големи скандали. Некогаш ги наоѓаат во друг град, а тие не се сеќаваат како стигнале таму. Молам? И младите да не почнаа да страдаат од деменција. Нешто не е во ред, смрди уште одамна. Последниве 5-6 години, особено.
Луѓе аман кажете дали има ново нешто? Омалаксав од грижи. Каде е девојчето како го снема во најголемата гужва
Потрага се праи за изгубено лице во шума, планина, непристапен терен. Сега, во Скопје, после 3 дена, не знам баш. Мислам може да е било каде во светов, а може и во некој стан, куќа, викендица во Македонија, на улица во Скопје сигурно не е.
Јас не знам колку е за верување ова. Ако најдам исчезнато лице нема на фб да пишувам ќе се јавам во полиција. Ако им е за мајтап играње ќе кажам само СРАМОТА!
Прв и воопшто единствен коментар што го изнесов за случајов беше дека мислам ќе се врати и не е во опасност. Два дена подоцна, не ми се коментира ништо. Чудно е како нема никаква трага, не нашле ништо на социјални мрежи, чет, порака, ниту телефонски повик, снимка кај што поминала... Ако отишла со некого, би требало претходно да се договорат, да има контакт, комуникација. Според молков од граѓаните, очигледно немало насилно киднапирање. Дали некој ја измамил... Да отишла по договор со некого, ќе земела и облека, бидејќи веќе поминаа два дена, а уште ја нема. Ова навистина веќе станува загрижувачки. Всушност, верувам дека сепак МВР имаат некоја информација кај да ја насочат потрагата, само не ја споделуваат со јавноста.
Не е насилно дефинитивно. Не може никој баш никој во таа гужва да не слушнал а ќе викала ќе барала помош ... Нешто сомнително ќе имало. Намерно заминала некаде дали сама или со некој друг ... Или па некој ја обработил добро па му верувала да замине со него као на кафе ... Леле господе чувај го девојчето од секое зло
Да... затоа верував дека самата е свесна што прави и ќе се врати... ова вака на крај само ми иде ко некој така да ја "собрал" од улица со нејзина согласност... Што многу сакам да не е точно...
Многу е важно каков е профилот на тој некој што можеби ја "собрал". Има различни и може да се оди од крајност во крајност. Посакувам да е некој средношколец, дечко и двајцата да се преплашени сега дека цела Македонија ги бара. Ама може да биде и некој психопат што ја обработувал некое време, за да ја собере со нејзина согласност. Не сакам ни да помислам што може да се случи со таков.
Јас не верувам дека девојчето своеволно заминало или дека некој ја прелажал,не заборавајте дека и девојчето-жртвата се профилира исто како и осомничените,затоа пак ќе нагласам,мајката си го знае девојчето и затоа е смртно уплашена дека е киднапирање во прашање и тоа присилно. Вистина е дека никој не си ги познава децата 100% ама дека во брзање наутро за на училиште некој го прелажал девојчево нема шанси,да не бидам погрешно сфатена ама ниту е од село ниту од неедуцирани родители и слично па некој да ја подлаже така наивно.
Не во брзање, туку тоа може да се случувало одреден временски период. Нема да излезат од МВР и да кажат се допишувала 1 месец со лицето А.А при што најдовме пораки дека утрото ќе се чекаат кај Силбо и сега ќе одиме да ги бараме дома кај него. Дури и би рекла дека може да ни пласираат инфо дека не нашле ништо, за да не се знае дека им се во трага.