Прелажување не се мисли некој да ѝ рекол ајде влези во кола и влегла туку подолг период да била манипулирана и наведена да замине.
Ќе го знаеа и тоа,ќе знаеше мајката,прво се растресуваат социјалните мрежи,сигурно не успеало девојчето толку да прикрие траг а и таква работа би осетил родителот ако има,не верувам ама ич.
И јас така мислам. Со оглед на тоа и свесна е дека класната може да се јави кај мајка и нема да си дозволи да "избега" од прв час. Збориме за основно, основци (бар ние) не сме бегале туку така од школо. Ако веќе била договорена тоа ќе го направела на голем одмор/после школо, а не во 7ипол сабајле. И да е ова некоја "љубовна" драма до сега ќе појавеше девојчето. Ова ми личи на итекако грабнување. Не знам дали сте прошетале позади броз поред уличките, дуќаните отвараат од 10, а таму е затка и може лесно будала некоја да те извади од памет и за секунда да те пикне во кола. Пред 2 години од спротивната зграда(кај што живеан, во др населба сум) жена викаше "Помош" веројатно семејно насилство, пријавив и од станица ми рекоа " Не можеме ние да одиме од стан до стан да ја бараме касно е" беше 22ч. И да викнала помош и да вриснала... не секој ќе реагира. За погоре случката полицаецот ми рече дека само ја се јавувам да пријавам ниту еден друг комшија не се јавил...пази преку 3 згради чув. Страшно... И овде некој и да видел може пријавил може не...
Има,како нема врска,средината и воспитувањето премногу имаат влијание на децата,не знам што паѓате во несвест.
Како ќе го знае? Што ако девојчево дома ништо не кажувало, може и и се заканиле да не кажува на никој, може била повлечена и не разговарала за се што и се случува надвор од дома и да крие.
Абе какво пиштење какво викање помош,што ви е,застанува кратко до неа,буквално во движење и затнува уста и ја пика во кола,не го прават тоа аматери.
И да нашле нешто сигурно нема да објават. А мајката не мора да знае, тинејџерите не споделуваат сѐ, особено не би споделиле нешто такво.
https://kurir.mk/vesti/makedonija/n...rx_La--MUr_23uK3s2KTungREKnw05TTAEYFJAFE9PXFk Ова сега ми излезе
Според мене теоријата дека е со некој дечко, не држи веќе вода. Трети ден ја нема. Да е сама отидена некаде - не е. Не може дотолку да се скрие за да не ја види никој. Освен дека се работи за киднапирање, немам друго логично мислење. А како се случило ова на толку фреквентно место, не знам.
https://denesen.mk/neoficijalno-isc...ArwQ0VCCjo4q41MCOGqSBTkWdyX99Ksd_dRL0qFcqplGA Еве и од денешен весник. Леле се надевам дека е вистина!