Најверојатно е излажана од некој. Се со цел ова да помине незабележано. Од кај знаеме што се случува кога некој најнормално влегува во кола.
Вестиве ако се исфураа за кликови да добијат ради косоварот што коментирал кај мајката на профил итно треба не да ги угасат, туку кривично да ги гонат директорите. А курир ко што се отракани не ме чуди
Точна беше веста дека се качила во бела кола? Јас мислев дезинформација е. Еден куп сценарија измислија.
Пронајдена жива и здрава би значело ваљда со слики, повик, нешто повеќе од коментар на фб... Се надевам дека не мислат пронајдена заради коментарот...
Не знам колку е точна. Некој вика е, а некој дека не е. Не знаеш на кого да веруваш. Секој различно кажува. Чудно што го сменила правецот на движење. Сеуште си тераат мајтап. Срамота.
Лелеее почнаа порталиве да пишуваат дека е пронајдена во соседната држава ,жива и здрава...абе аман со новинариве значи
Oвие па Курир гревови се. Ебати "новинар" од коментар на фб што прави вест на ваква сензитивна тема. Да сум јас некој во државава, има да ги гонам Курир кривично.
Врска немаат. Сабајле прочитав два ударни наслови. Првиот наслов беше за компјутерот на девојчето. Нешто во стилот - Голем шок. Проверен е компјутерот на Вања. Отварам мислејќи дека навистина има нешто. Кога што да прочитам.. Пишува дека не е најдено ништо. И што има тука шокантно?
Ама не ви го сфаќам тоа да се организираат граѓаните. Луѓе можат да се организираат да бараат по некои планини, шума, пусти места кај што општо нема многу луѓе и тешко инаку некој да ја забележи. Вака сред Скопје ако е воопшто некаде на лесно видливо место, досега ќе се најдеше. Оти што ќе прават обични луѓе? Ќе провалуваат по домови и гаражи да не ја држи некој таму? Обични луѓе пребаруваат пусти места кога има инфо дека е можно да е таму, пример некој се знае дека бил на планина и се изгубил и идат луѓе го бараат во групи таму. Сред Скопје нема што да бараат.
Се надевам дека е точно дека е најдена. Ако не такви монструми од новинари кој за лајк си играат со чуствата на блиските на девојчево и со луѓево кој сериозно се загрижени, треба казна затвор и гасење на порталот.
Абе нека не ви држи вода муабетот дека некој психопат ја прелажал, ама дека ќе ја врати за три дена истиот тој, па мене не ми држи вода.
https://faktor.mk/lazna-vest-e-deka...-mvr-gi-demantiraat-navodite-na-nekoi-mediumi сепак е лажна вест дека е пронајдена.