Јас истото го помислив. Ние мислиме некој психопат, а оно стварно психопат и соучесник во целиот случај, ако не и главен играч
Значи пак вртите безвезни теории по форумов исто ко да читаме коментари на фб. Тие што се на сликата со црното комбе беа споделувани по тик ток цело лето за сосема друга држава. И сега истата слика некој со дијагноза ја шири и крева паника како да се работи за Македонија. И навистина се надевам дека после случајов, ќе земат да прочешлаат малку тоа ретардитаните закони и ќе почнат да го казнуваат секој кој шири погрешни информации
Иначе ја сум во Дебар маало, од мирна населба, стигна до Бронкс.. Ама пак ниту еден полицаец не видов да се вртка околу школиве тука, никој, сите кај оние отидени да ги пазат
Не гледам никакви објави од негова страна. Да не го злоупотребил некој лажно, оти таму на слика гледам и други луѓе. За жал не ми се верува дека тоа го пишува човекот на сликата од профилот. @Mazegin Дај линк или скриншот.
Овој Иван анонимниот што коментираше за девојчето што го видел, сега пред 10 секунди имаше коментар на албански “профилот е хакиран од АЛБАНСКИ АНОНИМУС, не пробувајте да контактирате”. Сега правам рефреш на постот и сите објави му се избришани, вклучувајќи го и тој коментар. Што е ова бе луѓе???
Во многу болно општество живееме, балканчето (македончето) да си игра сеир со лажни профили и дојави по фејсбук во ваква сериозна ситуација. Е затоа си патиме , сами себе си го правиме ова и системот во кој живееме. А бре ретардиран народ, ова на било кое дете може да му се деси па дури и на тие што си играат к*рташак по коментари мислејќи дека ќе привлечат внимание од јавноста.
https://newz24live.com/majkata-na-v...cPQRgYU0iK4eY9lO-QAjX3wDg#lpk4vq80lel9yunomid Какви болни умови....
Не коментирам многу...ама за жал мислам дека ова нема да заврши добро. Обично кога се работи за бегство по сопствена волја ,се решава во првите 24 часа. Утре е веќе 4ти ден. Дај боже да се лажам.... Ја жалам фамилијата Кој знае низ која голгота поминуваат.
Се сложувам... многу пати искусни криминалци, читај психопати, дури можат и да се пријават за помош во пострага, или да пишуваат наводно лажни дојави. И тоа од две причини, за да си го нахранат психопатското его, и да ја оттргнат истрагата подалеку од нив. Може не е случајов, ама дека е точно - точно е, многу често се случува.
Донесување заклучоци и теории не ве прави попаметни, туку напротив. Многу сте комични ако мислите дека ова е нешто налик трилер што сте го читале или серија што сте ја гледале. До сите нас колективно е да пријавиме ако видиме нешто суспектно на МВР. А, има лица и луѓе што сте специјализирани во тие гранки на детективство и безбедност чија работа е да ги прават тие теории. Срамота и греота е вака да се збори за дете и за фамилија која минува низ ваков хорор. А, овие што се дрзнуваат да даваат вакви бедни коментари, во животот сe' се плаќа, а и враќа.
Да, те ваму е, те таму е, телефонот имал немал сигнал, ја убил, ја чувал... Лажни траги, да добиваат на време Кој знае кај е девојчево, страв ми е и да помислам
Штом нашиве пријавиле и во Интерпол ситуацијата не е сјајна. Значи нема наод дека е со некој дечко. Толку ли некој не видел нешто? 7.30 ч е прометно време и виделина. Дали е можно луѓето да се плашат да пријават?
Јас се плашам да не е организиран криминал ова. Не знаеме кои се родителите, каква позадина има.. дали е освета за нешто кој знае. Греота девојчето кој знае низ што врви ако е живо...
Многу време ја нема. Само се уште не се знае дали е киднапирана или не. Дотолку да ја снема буквално од лицето на земјата. Веќе се виде дека е пракса на класната да известува, ама се уште ме чуди како мајката толку бргу реагира. Исто и полицијата. Лани, овде има падежи и учителката не слуша добро на телефонот и место син ми, пушта девојче кое има женска верзија од името на син ми, една буква е различна, а со падежите и те како може да се згреши. Оди маж ми да го земе од училиште и му велат он си отиде пред некое време. Се слушнавме и му велам не е дома. Он отишол кај мајка ми. Еднаш се случи да отиде кај татко му на работа. Зборот ми е, го немало неколку минути, од 15-30. И не сум помислила да се јавам на полиција. Еве и нас не снемувало по саат време, тинејџери знаат да исклучат телефон, па дечковци, ама не верувам дека секој родител пријавува после еден час во полиција и полицијата веднаш реагира. Во случајот се покажа дека ете морало да се реагира брзо, ама што ја потикнува мајката и полицијата да реагираат веднаш? Не е ова теорија туку реално ретко да се пријави во полиција ако детето го нема 15 мин. Друго, кои се родителите? Битно е дали се имотни, кај работат, оти има и одмазди, во Мк и крвни дури. Одбивам да помислам дека е дел од трговија со луѓе. Или сама оди, или ја грабнува некој познат со кој имаат нерасчистени работи. Па оттаму и може да се објасни брзата реакција на мајката.