Интерпол е вклучен најверојатно оти истрагата е веќе проширена и надвор од државата. Процедура им е тоа.
Се чекало прилика да остане сама и време кога полицијата да е презафатена. Секогаш имало некој со неа - сестричката наутро, а попладне други другарки. Значи подолго време некој ја демнел и ја начекал сама. Познаник е на семејството или некој комшија. Тој/таа е само посредник. @JuLleE Точно. Според сознанијата станува збор за многу кратко време за пријавување. Ќе излезат на виделина многу работи. Сепак имаме во полиција луѓе од стара школа, чесни, добронамерни кои си ја сакаат својата работа. @nena2010 Исто и јас.
Абе сигурно некој ја видел ама кога најнормално си одиш надвор не обрнуваш внимание кој каде оди, кој се качува во кола или како изгледа и е облечен. Па вака нема на никој да му текне и да видел.
Не ми е јасно како нема ниедна приватна камера како што имаше одма објавено за другите две девојчиња кои се изгубија и беа видени на соседна улица и истиот ден објавено. Центар е ова и верувам некои имаат и камери што снимаат на улица не се сите според закон инсталирани. Или да се види да не се има качено во автобус. Дали ЈСП има снимки во автобусите? Мене се ми оди на тоа дека е кај таткото, не го гледам јас него никаде освен дека демек со мајката иако се разведени заедно се и ја бараат. Не знам веќе што да мислам.
Јас мислам дека не е во мк веќе девојчето. Штом до сега не ја најдоа таа веќе не е тука, тие кои и да се имаат испланирано однапред се. Се си мислам дека е нешто со трговија со органи, не сакам да мислам на тоа ама веќе губам надеж, денови поминуваат веќе. Како ли им е на родителите сега да не си им во кожа, а пак за девојчето којзнае како и е сега и дали е и воопшто жива. Многу се потресов, многу сакам да го пронајдат девојчето.
Мислев на снимки објавени од приватни камери како што имаше за девојчињата од екскурзијата. За истите имаше после неколку часа и уште беше ден. Ќе се најдеше некој и ќе објавеше и сега. Како наеднаш се да се исклучи и камери и цел свет. Како во земја да пропадна.
Во 08:30 пријавила во полиција, после 1 час. Во каква држава живееме и јас веднаш би помислила на најлошото и би пријавила во полиција.
И ние што го мислиме ова, се надеваме дека не е така. Ама денес со кого и да се сретнав, прво за тоа се почнуваше муабет. И сите истиов муабет го направија, дека девојчето не е овде. Дај Боже да не е така, Америка и нивните криминали не ни требаат овде. И така отепан народ сме и од вакви работи ли да се плашиме секојдневно. А чим дошла работава до Интерпол логично е дека истото и МВР го мисли. За греота.
Ако бараат надвор, прво во Косово нека бараат. Сите криминалци таму бегаат оти лесно се поминува граница, тс од околу. Господ на помош нек им е, иако немам надеж се надевам ќе се најде жива и здрава.
Прочитав дека се јавил некој кај мајката и се претставил како инспектор за да дознае дали знаат нешто. Го пријавила во полиција. Веќе.. за жал мислам дека е многу посериозно од што првично се претпоставуваше. 4 денови стануваат и времето се помалку ќе е во полза на девојчето. Знам дека се тотално различни случаи, ама кога ќе ми текне дека млади деца убија во очи Велигден ради гнасни политики, веќе секакви криминални игри ми стануваат можни. А сакам да имам надеж.. многу сакам да имам надеж дека ќе се најде. Го туркав денов и шетав и не можам да го извадам од глава девојчево. Не можам ни да замислам како е чедото да не можеш да си го гушнеш за добра ноќ.
Ама така е. Неколку случаи имаше во моја близина чим овде направат кривично дело бегаат таму и си живеат нормално. Жално
Претажно е ама морам да искоментирам колку ми е само комично кога ќе пишете „нека проверат ова и ова“ Ко они да не си ја знаат работата и седат на фемина да им кажете вие