Час почнува во 07.30. О Песталоци. Стварно е брзо пријавувањето. Не знам не гледам серии и филмови на оваа тематика. Случајов многу не возмемирува сите и јас од почеток не мислам дека некои албанци ја грабнале и ја префрлиле во Косово. Според мене или се работи за малолетничка депресија и посегнала по својот живот или се работи за одмазда,долгови,лихварство ,пари и затоа е грабната(ова поради случајот кој го знам)во тој случај е тука во државава. Според изјавите се било добро во семејството и тој дел не се вклопува во исчезнувањето на детево.
Косово можи и не мора. Трговија на органи според црна статистика (ако е тоа, не е сигурно секако) највише моментално се одвива во покраина на Турција и Романија без разлика на ригорозните Турски закони. Не дека Албанија и Косово изостануваат, ама најшироките ланци во моментов се инфилтрирани тука на овие територии . иначе вчера се изнасмејавте кога го спомнав непишаното правило од 72 часа, оти до овој период се бара тело а потоа се зголемваат шансите да се бара леш а денес истите коментирате дека нема да има хепи разврска ... било како било, тоа правило во криминалистиката е неозаконето на наша територија, појќе важи за Америка,особено Орегон ама ако се вратиме назад и погледниме бројчани случаи исчезнати деца и тинејџери од 2002 во Мк ќе видиме оти е така. без разлика за каков тип криминално дело станви збор .
Затоа што пола година или колку, Македонија претседава со ОБСЕ. И поглупа врска меѓу две неповрзани работи немам чуено. Ете, да изгубиме фокус, па да не приметиме дали Лавров дошол или не. Мислам
Бидејќи државава оваа година претседава со ОБСЕ. Ама, не треба тоа да се поврзува. Се претерува со теориите во темава.
Не верувам дека некој ќе киднапира девојка за трговија со органи во најфрекфентен термин во строг центар на Скопје. Обично жртви на ваква трговија се загрозените категории и лица за кои нема да се дигне премногу фама околу нивното исчезнување.
Не мора да биде трговија со органи, во последните години драстично расте процентот на трговија со деца. Се поголем замав зема педофилијата. Бројќите се страшни
Ахам, искрено малку чудно е на МК да и се даде таква улога. Глупо или не-глупо луѓево верба во ништо немаат повеќе. Ни јас не знам во што да верувам, оти дете како Петар никогаш не најдоа. Јавноста е склона кон конспирации од вакви причини.
Се држи самит за безбедност утре, дете ичезнува неколку дена пред самитот и уште го бараат. И ја би верувала во ваква шпекулација наместена, но никој незнае. Само да ја вратат дома тоа е најважно.
Знаеш како, вака се коментира дека е брзо пријавувањето, ако чекала цел ден за да пријави тогаш ќе коментиравме зошто чекала толку многу.
Не треба да се верува во шпекулации. Баш тоа празно зборење прави дефокус. Нема информации. Не е во ред.
Абе неповрзано било, небило..никој не рече дека е, ебаве препаметните шо сте се собрале, човек да не напише нештп, ко хиени се собирате со вртење очи. Само у сета таа гужва киднаперот (доколку е киднапиранс) планирал баш тој период. Плус, имало и киднапирања поради политики шо не мора тука да е случај. Туку со кој се расправсм јас
Нема да разглабам теории за случката ама јаки ми се луѓе што кога општо се зборува за трговија со луѓе, со органи, лихвари, присилна проституција се ко - абе нема тоа кај нас, само во филмови демек. Да, сите кај нас во Македонија се со чисти ангелски души, најголем криминал во државата е украдено пенкало од соученикот во 4то одделение.
Па не е, ама не мора да рипаат веднаш. На секои можни теории скокаат. Не ги учеле да прифаќаат туѓо мислење