Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.793
    Пол:
    Женски
    Точно така... Еве, на мојот син кога беше некаде 8-9 г некој преку соц. мрежи од Србија му велел да се видиме, да се сретнеме,играл видео игри со него... Дете ко дете, наивно ми кажува мене... Му велам, ајде вклучи камерата на скајпот јас да го видам, ама дете е ми вели... Е, ако де, да разговарам со него, да го видам, велам... И овој, нормално, го снема потоа...
    Еве, моето не е шпекулација, вистина е...
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, Lisandra и 16 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.322
    Пол:
    Женски
    Па, не се мислења на експерти.
    Во други теми ај, ама не е во ред изигрување детектив во чувствителна тема и ситуација без информации.
     
    На KateKane, Bitter-Sweet, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.016
    Пол:
    Женски
    Еве нешто што прочитав на фб и што стварно ме потресе.


    Нешто за педофилија во Македонија
    Дали меѓу нас живее монструмот кој неказнето го одзеде животот на малата Биљана?

    Биљана Србинова се роди во Скопје на 5 мај 1979 година. Татко ú Иван бил возач во Итната помош. Мајка ú е Славица. Таа денес ќе имаше 44 години ако беше жива.
    Ќе беше нечива сопруга и мајка, можеби ќе беше успешен уметник, можеби успешен адвокат, можеби ќе живееше во Европа…којзнае…каде и што ќе беше ако животот не и беше свирепо одземен пред 34 години.

    Србинова исчезна на 24 декември 1989 година, а шеесеттина дена подоцна, нејзините посмртни останки беа најдени во дупка крај скопското село Бразда. Беше грозоморно убиено ова 10-годишно девојче, полошо од жртвите на озогласениот Џек Трбосек.

    Хоророт се случил на 24 декември 1989 година, во 9:30 часот, кога малото девојче само излегло од својот семеен дом во зградата на улицата Никола Тесла 18/2-39, во скопски Карпош.

    Биљана била висока само 140 сантиметри, слабо развиена со слабичко детско тело, со долгнавесто лице, со синозелени очи, со руса коса, облечена во сино палто, розови пантолони и темносини чизми. Биљана требало да оди на играорна во „Танец“ сместен на булеварот Илинденска.

    Утрото, како и низа претходни денови таа зима било магливо. Тој период Скопјани го памтат по тешката магла кога буквално прст пред око не се гледало. Последен пат била видена како стои на тротоарот пред „Танец“, а потоа во дел од секундата исчезнала во густата магла.

    Бидејќи не се вратила во вообичаеното време, за кратко нејзините родители го алармирале нејзиното отсуство, особено мајката Славица панично започнала да си го бара детето по сите другарчиња, роднини и пријатели, но никој не знаел каде е. Била алармирана и тогашната милиција, која според тогашните закони, требало да поминат 24 часа за да ја започнат потрагата.

    Сепак, и покрај законот, милицијата веднаш започнала со потрага. Минале часови, денови, недели, а од Билјана немало ни трага ни глас. Убиството на малата Билјана од скопското семејство Србинови било првото злосторство кое се случило во земјава во последната година пред распадот на СФРЈ, а ја потресло не само македонската, туку и југословенската јавност таа ладна зима.

    Еден ден во милицијата стигнала пријава од момче и девојка дека крај некој бунар во скопското село Бразда осетиле премногу непријатна смрдеа на скапано месо. Таму, крај бунарот во длабока дупка од повеќе од два метри, било откриено телото на малата Биљана. Од обдукцијата било утврдено дека таа била силувана, крвнички убиена и запалена.

    Веста за убиството на Биљана тогаш беше шок за сите, се’ уште е шок и денес, а родителите таа година плашејќи се за своите деца не ги пуштаа сами никаде да одат.

    Започнатата истрага завршила неуспешно. Убиецот не е пронајден до ден денешен. Година подоцна, беа започнати немирите во поранешна СФРЈ и истрагата комплетно била замрена. Овој предмет некаде сигурно фаќа прашина во полициските архиви, а убиецот можеби уште е жив и шета меѓу нас.

    Вечниот дом на Биљана се наоѓа во Бутел. Над нејзиниот гроб денес стои стара бела пластична вазна, а во неа вештачко цвеќе ставено пред кој знае колку години. Човечка рака не го исчистила или измила овој гроб најмалку пет години. За ова гробно место, татко и Иван платил одржување до 2020 година.
     
    Последна измена: 29 ноември 2023
    На ZAHRA, Bezimenka90, Lisandra и 12 други им се допаѓа ова.
  4. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Шо поише муабет да праиме, пред некои 10 години ќе киднапираа дете од кај мене в школо, дојдени беа луѓе да го земат детево од училиште, ги знаеа неговите и што работат и како работат и име и презиме и се со сите редови. Среќа не го пуштија детево со нив. Нит некој ги најде нит ништо излезе од тоа.
     
    На *Amethyst*, MG3, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Случајов кој го опишав на кратко од Ватикан е делумно политички. Оти многу години поминале од тој настан, разглобени им се детали до најситно. Е сеа, дали се работи само за Ватиканската педофилија, која е нешто баш распространета, или и нешто друго, не би знаела.
     
    На Mnik и senjorita-v им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Тоа тие го велат, а дали е така не знаеме.
     
    На Anyshka, SummerGirl и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.474
    Немам зборови....;(;(;(;(;(;(;(;(;(
     
    На Bezimenka90, Angie1432, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Редке, поентата ми беше друга.
    Во сета таа додатна гужва што ја имаше поради организирање на самитот, блокирање на улици ( кај што беше претходно известено поради вежби), плус сите брзаа да стигнат на работа, не приметиле што се случувало, киднаперот чекал само таков момент да го стори тоа шо го сторил, гужва, намамување и слично.
    Не знаеме како дошло до тоа.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.322
    Пол:
    Женски
    Епа, дека не знаеме, не треба да теоризираме.
     
    На *Amethyst*, Bitter-Sweet, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    4.793
    Пол:
    Женски
    А мене и на цимеркава, кога бевме студентки... Ццц, траума имам... Морам да споделам сега... Се враќаме од факултет, летно време, полно народ, прометна улица, вечер... Како што пешачиме, разговараме, се смееме, еден пред нас застанува и ни вели, а девојчиња да ви дадам по 100 ден,мавта со парите и ни се смее... Ние трчајќи во блиската пиљара, овој по нас, нѐ следеше... Потоа со сета сила истрчавме до станот, плашејќи се овој да не нѐ следи... Оттогаш ни беше страв сами навечер да се движиме надвор...
    Сакам да кажам, не значи дека ако нешто гледаме на екран или читаме книга, не може да не биде и реалност.
     
    На MG3, noteforself, EmporioIvankov и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А ти уствари од кај знаеш која каде работи и дали е некоја од МВР или не е? Ти цел ден едно исто го збориш па еве никој не мрчи.
     
    На Frosty!, Ugly Duckling и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    Невообичаено е, освен ако нема индикации.
    Особено за тинејџери. Исклучуваат телефони, ги нема со часови и еве не пријавуваат веднаш. Обично почекуваш. Реално вака прават сите. Ама во случајот мајката не чека. Ниту полицијата.
    Они велат се е во ред, ама не знаеме.
    И мајка му на Коста вели дека се било во ред, ама истрагата и другите родители велат дека не било. И не може кога уби 10 лица.
    Така да, туку така не исчезнува, освен како што реков трговија на деца. Или проституција. Ама и тогаш ги бираат жртвите.
    Она не се вклопува баш во тој профил.
    Или на крај останува и самоубиство.
     
    На Anyshka, Neda997 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.544
    Допаѓања:
    39.480
    Пол:
    Машки
    Леле бе на овие гомнава што монструозно се зафркаваат под објавите на мајката би им туривал најсилна киселина на очите систем капка по капка. Гадови.
     
    На *Amethyst*, KateKane, Bezimenka90 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.322
    Пол:
    Женски
    Па, никоја не се произнесе дека работи во МВР.
    И да има некоја таква, не смее да зборува на форум.
     
    На Bitter-Sweet и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па и немора да се произнесе.
    Темава е таа. Нека ја затворат ако не и нема да се даваат мислења. Може и од полза ќе им се одредени теории на способните.
     
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.322
    Пол:
    Женски
    А, мислиш дека тие не помислиле на вакви теории?
    Не е на народот да им кажува што да проверуваат и што да прават.
    Народот треба само да врши притисок врз нив за да тера истрагата.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.665
    Допаѓања:
    35.447
    Пол:
    Женски
    А детективите од МВР ќе седнат на фемина и ќе разглабаат теории? :rofl: Или па може чекаат вие да го решите случајот :?: |(
    Постои нешто како осет, кога, како и што се коментира во кои ситуации. Оваа ситуација не е за да се правите детективи со разноразни претпоставки, особено оние насочени кон семејството.
    И да имале проблеми, мислите дека од МВР не знаат и чекаат вие да им кажете?

    Не ми се јасни овие „неверувачиве„ кон мајкава? Зошто, та зошто се јавила веднаш во МВР? Всушност не е баш веднаш, по еден час е скоро. Вие не би се јавиле, ако детето (14 годишно) сте го испратиле на училиште, ви се јавуваат дека не е таму, не можете да го добиете на телефон, никој од познаниците, пријатели, роднини немал контакт со неа? Ќе седевте и чекавте да се врати? Алал да ви е ако сте толку лабави, што да ви кажам. Јас по природа не сум паничар, ама во недајбоже слична ситуација исто би постапила.
     
    На Srebrna, Harper, *Amethyst* и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    13.498
    Напна со теории, та теории. Форумов е за коментирање, ако не ти се допаѓа нечие мислење, имаш опција игнор.
     
    На H.VAGA, Mnik и simoncelicius им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.665
    Допаѓања:
    35.447
    Пол:
    Женски
    Така де, за коментирање. Само, треба со осет да се коментира. Некои и немаат баш, за жал.
     
    На Bitter-Sweet, Anyshka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Не треба секогаш да се мисли на најлошото сценарио, пред повеќе години подолго време го немаше синот на еден наш познат професор. Колку што се сеќавам потоа го најдоа во некој манастир.