Дали е точно тоа дека родителите биле разведени? Може татко и ја има земено.. можеби се работи за семеен проблем..
И мене ми е тоа чудно. Никаде го нема да се јави, да даде изјава.. ама и нашиве тв канали се за никаде. Во цел свет ќе стои сликата од девојчето на кајрон ќе оди... кај нас на вести некоја штура информација исчезнало таму некое девојче, бла бла.. као мислиш гулабче одлетало.
Разведени биле. И не е кај татко ѝ. Имаше на еден сајт мајката дала изјава дека моментално е со таткото на девојчето
Кои се тие родители што нема да се загрижат ако со саати не можат да го добијат детето? Само тие што го оставаат само на себе, никој друг. Нема потреба од посебна индикација за да се загрижи жената дека детето ем не отишло во школо ем не се јавува. Да било после часови можеби и ќе помислела на кафе е, ваму таму, ама во 7:30 секој би требало да изреагира исто.
Ништо не е исклучено,сетете се на филмот "Мајки" од Милчо,кој би рекол дека таков монструм живее меѓу нас,во Охрид серискиот убиец што беше пред неколку години,жртвите му беа пријатели и им одеше на погреб... Девојчево или го грабнал некој таков freak и mindfuck психопат или друго што ми паѓа на памет е дека е за проституција.
Wow, три дена читам апели од семејството да не се шпекулира и да не се шират дезинформации, отворам овде и цели филмови се вртат. Го праќаш детето во школо, на 10тина минути од дома, ти се јавуваат дека не стигнала, ѕвониш телефонот и е исклучен, кај роднини ја нема, кај другари ја нема, никој не ја ни чул, ни видел... понормално од тоа да се јавиш на полиција нема. Особено ако детето претходно немало вакви случаеви на бегање од часови и бунтовничко однесување. Многу, мнооогу се надевам дека ќе се разреши се во најдобра смисла, и многу ми е жал што семејството ем што си го бара детето, мора да чита и слуша секакви бесмислици од радознал и прост народ. Трета ноќ пред нас, Вања каде и да си, се надевам за брзо ќе си дојдеш дома
Доколку станува збор за киднапирање нека си проверат родителите кој во последно време им бил често на гости. Го следев случајот со исчезнувањето на Ана Волш - србинката во Америка. Мажот и пријави во полиција наводно, па после го обвинија за убиство. Ниедна можност не се исклучува, се додека не се докаже спротивно. @Stressed Out Нели беше Кичево, Кратово?!
Прашај ја другарка ти над тебе. Она тврди дека ние правиме дефокус и ги попречуваме во работата. Одлучете се сега веќе еднаш.
Ај не вртете муабет, се загрижуваш нормално, па го бараш, ама да, не одиш веднаш во полиција. Знаеш дневно колку деца ги снемува на еден час? И во полиција ретко кога покренуваат истрага одма. Работава е да не постои нешто што ја натерало веднаш да пријави, а овие да реагираат.
Зошто мислите дека со јавноста ќе споделуваат детали за истрагата? Мислите дека не успеале да лоцираат телефон? Или дека немаат листа со повици? Или дека немало ништо на социјални мрежи? Што и да имало, секако дека нема нас да ни кажат. Можеби имаат некакви траги кои сепак не помогнале досега. Не вреди ни да се спомнува ни да се загрозува истрага. Гледате колку многу шпекулации има. Родителите биле разведени, избегала заради нарушени односи, таткото бил смешан и што уште не. И се тоа само од една информација, дека родителите се разведени, што немора апсолутно ништо да значи, можеби имаат покоректен однос од многу други нефункционални семејства. Мислите лесно им е во моментот да се експонираат? Никаде го немало таткото. А каде да го има? Сигурно е онаму каде што треба да биде, сигурно прави се што е во негова моќ за да си го најде детето. Не знам зошто ве чуди тоа што мајката брзо реагирала и пријавила. А кој не би? Си го праќаш детето на училиште, те известуваат дека не се појавило, телефонот му е недостапен, сигурно проверила кај најблиските дали е кај нив и штом гледа дека никој не знае ништо, се знае што е следен чекор. Колку побрзо се реагира толку подобро. Впрочем и да испаднеше да е некоја глупост подобро така, отколку да ризикувa да е нешто сериозно а да не пријави. Туку кога сме веќе кај "чудните работи", мене најчудна ми е поддршката кон полицијата од страна на мајката, а веќе 4ти ден како изминува. Се надевам дека имаат нешто, искрено и од срце се надевам дека ќе ја најдат здрава и жива. Не сакам ни да ја замислам болката на најблиските во моментов. Не мислам дека има нешто полошо што може да му се случи на еден човек во животот од ова.
Sorry што ќе бидам офф ама кој документарец е тоа? И напнавте веќе низ 10 страни за тоа колку е чудно што одма пријавила. Да чекала ќе беше а што чекала толку време ако знаела дека е примерна и никогаш не касни... Ни крај ни ред не ви се наоѓа.
Пред 20тина години мислам дека и една девојка, изчезната беше најдена во Струмички манастир. Многу одамна беше, не се секавам на детали, ама беше најдена, жива и здрава.
Ана, реално, пишав веќе, знаеш колку тинејџери ги исклучуваат телефоните и ги снемува? Јас не изигравам детектив и ниту пак мајкава ја посочувам или не знам што. Мене ме само плаши да нема некоја индикација која ја натерала веднаш да реагира.
Кај извртувам? Не викам дека нема можност да постои и нешто друго, ама ако е мајката паничар многу е логично одма да се јави во полиција со оглед на сите околности и фактот што било невообичаено да не дојде на час(според тоа што го изнесоа).
Bas vcera mi tekna na Biljana Toa bese slucaj sto jas do den denes pametam kako vcera da bese. Jas dete na 10 god isto kako nea,samo moite mi zboruvaa da ideme so druharki do skolo od skolo,nikogas da ne sme sami. Dolgo se zboruvase za slucajot na Biljana zasto takvi raboti togas nemase.
Мислев да не напишам ништо во темава, ама ете нешто ме тера.Веќе три дена дена го нема девојчево, 14годишно, дека сама и текнало накај школо да побегне, мене не ми е за верување, треба да е ултра интелигентна да не остави никаква трага, со оглед на тоа колку немарно децава го користат интернетот, одма ќе ја најдеа преку телефонот и со кој има договарано такво нешто.Мене контрадикторно ми е времето во кое мајката дознава за исчезнувањето, но од друга страна не, пак ќе го земам интернетот, денешниве деца буквално си снимаат лајвови на часови, цело време се во контакт, така да и не е толку невозможно да се рашири толку брзо дека ја нема, сигурно кога станала јавила пишала со другарка дека иде накај школо, или нешто слично, па почнува часот и неа ја нема, звонат недостапна и ја алармираат мајката.Е сега, манијаци Скопјево е полно, но тоа се манијаци кој повеќето не се ни свесни колку камери има, мене ме плаши само да не е некој ептен монструм, од тој дел таму, кој добро го знае теренот, каде и што има, како што сите ние знаеме во своите места, каде може да е гужва, каде може да има камери, каде е по затуцано.Не е тешко да пикнеш дете во кола, чудно е дека немало никој, дури не ми е ни верно.И да нема баш ниедна снимка од неа, освен ако полицијава свесно крие ради истрагата.Се надевам на најдобро, иако после 3 дена, не сум оптимист.
Истото и јас го помислив, разведени родители не се знае причината, можеби некој со нешто се замерил и ете колку малце фали, дали од страна на таткото или мајката, најмалце што треба сега е да се нагаѓа, дај боже само да се најде девојчево, не е можно да ја нема толку и генерално вака луѓево што исчезнувале и никогаш не се најдени