Немаат ли жал бе луѓево да прават вакви нешта.. Не можам да им ја разберам психата. Да ми убие некој фамилија па да сакам да му се осветам ајде де Ама од чиста мира да киднапирам луѓе и после да ги убивам? Хелоооу? are you guys good with your brain? What kind of disorder do you have a? У превод на нашки: Што к** ви се дешава со мозокот Се надевам нема во иднина да има вакви случаеви.. Жал ми е за починатите/жртвите, а и за нивните семејства.Болно е стварно. Сторителите ако не законот, ќе ги казни Господ, гледа сѐ.
Незнам дали се сеќавате ама пред околу 10тина години имаше еден случај со исчезнато мало девојле во некое село, во Мк. Многу беше познат случајот, довојчето мислам дека се викаше Ангела. Дали некој се сеќава или знае нешто?
Се сеќавам,случајот беше во некое едвај населено село, незнам во кој дел на Македонија. Мислам џека најдоа облека и коски по извесно време, се сомневаа на диви животни или продажба на органи
Мислам дека сеуште не... Многу жално, навистина не можам да разберам што се случува всушност, како вака само луѓе исчезнуваат, никој ни слушнал ни видел за нив и 90% ги наоѓаат мртви.. Не знам што е работата
https://fokus.mk/majkata-na-ischezn...nuvame-ovde-dodeka-ne-se-najde-nashata-kerka/ Еве ја мајката на Марија, по се изгледа решиле да соработуваат со полицијата и новинарите, само некако слабо го спомнува сопругот. Истотака потврдува дека Марија е бремена и би требало да е при крајот на бременоста.
Уште од сам почеток беше сомнително. Гледам мајки на исчезнати деца јака медиумска кампања, лични потраги.. Мајката на Пино Секондо тревка по тревка пребаруваше за да го најде. Не верувам дека мајка и на Марија седи и чека, ама пак не чувме никакво известување, никаква потрага,едвај на ТВ известија нешто штуро. Кај е маж и?! Кај е свекрва, свекор, татко? Мислам дете остави таа..
@fana мислам дека имаат некој интерес двете страни, па им одговара да не се дознае ништо. Да не грешам душа, ама и мртва да беше ќе се пронајдеше досега..
Да не шпекулирам со бла бла муабети, ама сите сме мајки...да ми снема дете, срце ќе ти откорнам и нема да жалам.
Ти како мајка како би делувала?! Баш ме занима реакција Мислам...Бог да чува, никому вакво нешто. Нит на мое нит не нечие. Ова е крајно жалосно.