Јас како родител децата да не можам да ги добијам еден час и тоа рано наутро кога знам дека тргнале на училиште а не стигнале би пријавила во полиција. Дај Боже да го најдат девојчето. Да не си им во кожа на родителите. Да не можеш да си го гушнеш најмилото.
Јас верувам дека полицијата има трага а со тоа што е потерницата на Интерпол значи дека имаат сумња дека е надвор од Мк Од друга страна самата свесно не оде на училиште оде понатаки да се најде со некој Е со која намера е некаде замината? Мое мислење е уште исто ко вчера замината со некој повозрасен дечко и ги страв сега да се појават Имаат траги од мвр ама не кажуваат да не ја угрозат потрагата
Ако е така и него би го барале за исчезнат, денови се веќе во прашање. Невозможно е веќе тоа да е пример со некој дечко.
Па и може да му е страв. Ама испаѓа дека е крив за киднапирање. Само нека е жива и здрава па за друго лесно. Ама не сум оптимист дека е така. За жал се ми се чини ќе има лош крај. Дај боже да не сум во право!
Се зборува по коментари на фб дека мајката е повржана нешто со самитот и одма пишала дека е киднапирана зашто одма ќе пише за пола саат шо ја немало??? Мајката работи во А1 тој податок го има на LINKEDIN кога ќе се изгугла името на мајката ако во А1 не може да го лоцираат телефонот не знам сигурно е од таму купен и картичката е од таму. Премногу е сомнителен целиот случај и целата фама и баш пред самитот дали се пробува да се отргне вниманието бидејќи повеќе се зборува за девојчето од самитот или има некоја друга позадина ќе дознаеме веројатно деновиве. Лично верувам дека девојката ќе се појави за некој ден.
Ако во 7:20 излегла од дома најверојатно на пат до школо некој ја пресретнал и многу веројатно тој некој е некој познат дечко, роднина, пријател или познаник на нејзините што значи доброволно одлучила да се качи во некое возило. Постои и можност насилно да била внесена и успиена ама тешко дека некој би се осмелил да киднапира среде бел ден и да ризикува некој да го виде и да биде фатен. Рандом педофил или психопат да е некој да оперира среде бел ден исто не ми се верува а не верувам ниту дека е трговија со луѓе во прашање. Така да по мое мислење дефенитивно е грабната од некој познат кој по се изгледа ја има следено подолго време и планирано како ќе го изведе делото. Киднапирање не е нешто што некој во моментот или рандом лик одлучува да го изведе особено не во време кога има толкава фрекфенција на луѓе
Боже Боже кој се троши кислород на планетава. Сподобава има внука. Наместо да сочувствува она јаде г*мна по фб. И после некој ќе ми каже дека младите се отидени.
Никој не гарантира дека она продолжила, може некој продолжил со нејзиниот телефон. Со оглед дека ја нема на камери...јас мислам ако беше тоа до сега ќе го најдеа тој со кој се пишувала по ип адреси. Матна е цела ситуација во Скопје. Прво лажна пријава за бебе исчезнато на клиника, пред тоа лажна пријава за обид на киднапирање на малолетничка со мерцедес комбе... да се почуди човек дали се лажни пријави или нешто е труло у државој...
Епа ова не е лажно, девојчето го нема, за бебето брзо се откри дека е лажна пријава, ако беше лажно ова до сега ќе се откриеше. Можеби и знаат кој е тој, ама сигурно избегал со девојчето ако е така, на нас ли ќе ни откријат? И да избегала со некој дечко како што тврдите и тој ќе беше прогласен за исчезнат. И каде би избегале, до сега ќе ги најдеа. Зад ова стои нешто друго.
Ајде реално да праиме муабет... Закаснила за на школо 12 минути и класната пишала дека ја нема и мајката одма пријавила во полиција... не ви изгледа како да им се случувало нешто па стравувала дека некој нешто и направил? Во нормални услови прво би помислил дека имало гужва додека купувала јадење... или дека се влечкала накај школо... Па телефон на сите некогаш ни се гаси... Греота за сите, мене искрено психата ми се изремети, децава секаде ги носам со кола и ги чекам пред врата. Лошо стана живеењето во државчево. Дај Боже да заврши ова со среќен крај... Во спротивно, ќе ја збориме Вања уште месец, година... после ќе остане запамтена како девојчето што го снема и толку... јадна таа мајка!!
^ јас мислам дека ако стравувала дека може некој нешто да и направи, има право само на полицијата да и каже, зошто она да се правди и да пишува на фб се што им се случувало во животот? Тоа што требало да го напиши на фб и да ја извести јавноста и да побара помош, тоа е ок. А да пишува што како им се случувало во животот, нема потреба да им дава отчет на народот. Незнам ни зошто кривица барате во полицијата, кога истрагата е во тек, ако почне полицијата да кажува детаљи како што сме прилично прости како нација се ќе направат да ја попречат истрагата и еден куп глупости и лаги да се пишуваат на фб, како и досега на објавата на мајката
Во нормални услови, луѓе не би треселе вакви глупости. Поим немаме никој од тука за нивните односи и навики. Може од дома носи јадење, може у школо јаде. Дома јадела пред да тргне. Сигурно се влечкала пола саат до школото шо и е 7 минути до дома. Какви се теории, требало писатели да сте. Мислам дека за многу луѓе ова баш им дојде ко забава во нивните досадни, мизерни животи. Осеќам дека со возбуда некои пишуваат. Скраја да е само да им се деси нешо на нив вака, па да си читаат теории за нивниот живот. И после децава немале емпатија денес. Е па немаат, од кај да ја научат?
Да, да тоа е во ред дека не треба да дава отчет, но само од аспект дека веднаш се помислило на најлошо....
Ја верувам дека и имаат влезено во трагата па затоа не изнесуваат никакви докази и информации заради успешна истрага. Сигурно ја имаат фатено некаде на камерите и имаат пронајдено нешто сомнително. Се сеќавате дека кога се изгубија девојчињата малку подоцна ги фатија на камерите, сега мајката освен постот на фб нема никаква реакција од нејзе..
Дај бе аман луѓе доста веќе!!! Не пријавила одма,пријавила после 1 саат,јас за 1 саат ке ги разорам сите познаници и цел терен каде што би се движело девојчето,да го снема после часови ајде некако,ама вака јасно е ко ден и скроз е нормална реакцијата на мајката!!!