Фана после овој случај сите ќе сме попараноични и исплашени, ама претходно ретко кој вака реагираше. Може да се натегаме бесконечно, дека ќе сте пријавиле, ама не е така оти дневно ќе имаше по стотици апели за изгубени тинејџери. Нејсе, што и да ја навело мајката да пријави веднаш, само помогнало во случајот. Дали е инстинкт, дали има нешто, дали работната позиција овозможила веднаш да го регистрира сигналот, сега е небитно. Битно е за полицијата, за нас е битно да ја најдат и да дознаеме што се случило за да знаеме како да си ги заштитиме децата. Јавноста сега треба само да е фокусирана на тоа ако ја види да се јави, ама луѓе сме, и од мака и беспомошност правиме и празни муабети, па дури и теории. Нормална реакција е тоа, само да не се претерува. Тоа значи и дека ова допрело до јавноста и тоа е позитивно, да не се заборави случајот и да се најде девојчето.
Утрово Партизанска полна нејзини плакатчиња со фотографии. Многу страшно. Не ми е јасно како може вакво нешто пред очи да ни се случи и сеуште никој да нема најмал траг, без оглед новинар или обичен граѓанин? Од 5:30 наутро е раздвижено понеделник, не па 7, 7:30. Многу чудно.
Сестра на една моја школска била следена на Партизанска од некој манијак. Ова беше пред 16 години. Се сеќавам многу добро кога девојчето ми кажуваше за случајот. Било навечер, ама имало раздвиженост. Девојкава одела накај автобуска. Од страв преминала на другата страна на улицата. Среќа голема што наишло такси. Излегла патничката од таксито и девојчево се качило. Му кажала на таксистов што се случило и он ја однел до дома.
Не може да ја збуни истрагата со вакви коментари зашто одма се открива дека е лажен профил, ама може да се сити на емоциите на родителите и сите вклучени. Вакви будали секогаш имало, едноставно му фали нешто и верувам дека во наредните денови ќе има многу исти вакви лажни пријави. Само сите новинари да си ја работат работата ко што треба, а не како овие од курир да се понашаат како старци од 70 госини што првпат фатиле телефон и не знаат да препознаат лажна информација. Срамота се некои медиуми.
Сега се мислам.. пошто стварно не верувам во ,,државни,, експерти за сајбер безбедност...ако има некоја дигитална трага, јас би се обратила на приватен експерт што работи етикал хакинг. Друго паметно немам да кажам.
Исто мислам, ниту па требала телефонски број да остави. Ама мајка , во тој момент не размислуваш дека еве вакви психопати ќе си играат со чувствата на ваква болна тема.
Јуле не е одма пријавено. И јас би реагирала потполно исто. Како тоа ретко кој реагирал вака? И не, не сум параноична. Барала таа претходно каде што мислела дека би можело да ја најде и ја немало. Што да прави, да седи дома и да ја чека со сукалото во раце? Апсолутно дека се пријавува во полиција дури и банално да е. Имаше таков случај со двете девојчиња кои ги снема од ученичкиот автобус во Скопје кај Џамбо и тие веднаш пријавија во полиција.
И јас тоа го помислив, со оваа технологија колку е лесно да лоцираш некој. Ме напиња тоа што е Ајфон а и да е исклучен имаат милион опции за да го лоцираат телефонот.
Па може и лоциран да е телефонот, само полицијата не објавува информации сеуште. Нема потреба секој чекор нивни јавно да се објави.
И јас тоа ќе прашував. Имаме ли приватна безбедност во државава? Детективи, нешто? Јас не користам ајфон, ама знам дека секоја година кога го најавуваат новиот софтвер е опфатен дел и за безбедност. Ако не се лажам, годинава apple саатите имаа скроз апгрејднат систем. Така да во најмала рака, исклучен телефон, може да лоцираат. Се надевам само дека се влезени во траг и затоа ништо не споделуваат ко што кажа членката поназад.
Мене не ми е чудно што е пријавено веднаш, што знам, едноставно некои од нас мајкиве повеќе паничат, а во случајов и арно што било така... мислам дека и јас би испаничила ако имаме таков договор со класна и ми каже дека детето не ми е на школо, искл телефон, другарки не знаат... го кажувам ова оти другарче заминува вечерта да спие кај луѓе за мајка му непознати (уствари се работи за татко на девојка му), како што заминува он, нејзе ја фаќа паника и му ѕвони на телефон, он на нечујно, се замуабетиле не го ни загледал, се јавила на роднини, па од другари да најде бројче од луѓево со кои што син и заминал вечерта, сама кажа дека била спремна ако не и се јават на телефон да пријави во полиција.. е тука он малце е крив што не и објаснил каде како и со кого... ама гледнава точка на мајкава сакав да ја доловам само... многу чудни работи се случуваат, не знам, не беше јавно ама кај нас од соседно село момче 15г го пријавија за исчезнато, се врати нареден ден, беше и пријавено во полиција а татко му полицаец сам го прекина случајот иако момчево тепано, со модрици, гребаници по цело тело.. и за тпа ете не знам што да мислам како и за дел од овие случувања се надевам само дека ќе се врати жива и здрава, толку
Тие девојчиња беа на екскурзија. И договореното време за собир е 16:00 и доаѓаат заедно со сите, и велат чекајте да одиме до некаде, и потоа ги снемува. Цел автубус или два, не ме факај за збор, дечина од 3-4-5 до 9то одделение - паника во Џамбо. Настанува општа паника, ги бараат, изклучени телефони. Додека си на екскурзија, одговорноста за децата ја сносува учител, наставник и самото училиште. Овде сите шанси за алармирање се "вон нормални". Не е само старателот/ родител одговорен. Во Струмица кога изчезна човекот 2019, беше договорен за средба и се знаеше дека треба личност X да го земе. Договорени на фрекфентна раскрсница, се качува во колата. Фамилијата чекаа наредниот ден, да отворат дуканите, да поминат 24 часа од изчезнувањето за камерите од дуканите да бидат прегледани од полицијата. Изчезнатиот примаше многу единици инсулин, и штом не стигне дома во одредено време, се знае дека нешто не е во ред. Во случајот со Вања брзо реагирање и полицијата. Алелуја дете, малолетник . Ама знаат да чекаат 24 часа како во случајот со "нормално изчезнатиот возрасен човек 2019" што пишав погоре.
Приватен експерт, мислев приватна особа која има за професија етикал хакинг. А тие не работат и не живеат во мк, ама пак има некои кои мислам би помогнале од човечки побуди. Инаку приватни детективи немаат ни ресурси ни ингеренции кога е полиција во сликата. Ајфон или мајфон небитен е, многу веројатно е да не е блиску до девојката, ако е сакано да исчезне. Повеќе мислев на дигитална трага од претходни комуникации кои нешто би индицирале, ако веќе полиција и телеком експерти не нашле нешто. А сето ова е околу претпоставениот Дискорд и претпоставена претходна комуникација со, ,,некого,, пошто случајно исчезнување ми е малку веројатно. Сите може само да се надеваме, освен болесници ко коментарите постирани погоре
Znaci kakvi komentari ima na fb.. ja site bi gi ispoapsila zimi se. Nenormalni. Kako moze i kako im doaga da pisuvaat takvi raboti. Pa u sredno ne mi bese interesno da se zaebavam na tugja muka. Da ti e*** lugjeto da ti e***
После овој случај, редно е повеќе внимание да му обрнуваме на нашите блиски и деца, јас не за џабе го известувам маж/мајка/татко ми каде сум кога ќе испаднам, е од вакво нешто, за да ме знаат секоја секунда каде сум, ради превенција. И му имам кажано, ако ми ѕвониш и ако не се јавам на првото ѕвонење упорно ѕвони, се додека не се јавам. Воздрасна сум, ми е гајле. Во луди времиња живееме и ми фуфка жими све. Се надевам дека ќе си дојди дома Вања жива и здрава, го молам Бога секој ден за неа.
И во напливот на грдите коментари, ја имаме и оваа со ваков срцепарајучи пост. https://m.facebook.com/story.php?st...g3rm6fHBiYMttSl&id=1531487048&mibextid=Nif5oz Кажете ѝ чисто како функционира еден човечки мозок. Дека ако нешто не ти привлече внимание дека е важно, нема да го запамтиш. Дека не памтиме за секој ден, секој човек дали се качил во автобус, во кола, дали преминал улица ако не се случило нешто големо, драматично во врска со тој човек. Ако Вања не било насилно земена, ако не викала, нормално е да не привлече внимание. Од истата причина се поздравуваш со луѓе на планина, зашто ако се поздравите и погледнете лице во лице, има веројатност колку толку да запаметиш лик. Па после ако се изгуби да ти текне дека си го видел.
Стварно се претера со ова за колку брзо изреагирале. Дури и да имало причина зошто толку се испаничило, сигурно мајката ќе каже на полицијата а не нам јавно. Со извинение, некои од вас се бетер од бабите на фејзбук, мора да се најде нешто лошо во секоја ситуација. Да не се јавила класната толку брзо, замислете колку ќе беше плукана сега, ќе имаше грижа на совест и луѓето ќе бараа да ја отпуштат. Дополнително, секој родител колку-толку си го знае детето, имам колешки на работа што по 5 пати во работен ден се слушат со децата и тоа е во ред. Ако на времето не било така или вашите родители не биле такви, не значи дека сите се исти.