Леле многу ми се гади од луѓе што користат трагедии за да се претстават себеси во подобро светло....океј Фросина ти го памтиш секој човек што си го видела, на ти награда.
Мене ми е чудно што на некои ви е чудно јавувањето во полиција иако е милијарда пати објаснето во темава. Значи, класната ти јавува дека детето не ти е на час, а ти знаеш дека тргнало накај школо. Му вртиш на детето, не го добиваш. Вртиш неколку пати, нема одговор. Исклучен телефон. Како секој нормален родител почнуваш да се загрижуваш и вртиш кај роднини и пријатели, кај другар/ки на девојчето или нивните родители. Да не кажала некому нешто или да не пошла со некое другарче. Си мислиш дека тоа ја задржало. Ама, ти велат дека не. И почнуваш да паничиш. И нормално е да се јавиш во полиција и да пријавиш дека ја нема. Секој нормален родител би постапил вака. Не би чекал. И за класната. Аман, не е ништо ново. И пред употребата на Viber имаше класни кои се јавуваа кога некое дете го немаше на час, а не беа известени.
И јас мислам дека е непотребен муабетов. Ако имало нешто сумнително, сигурно некој ќе приметел. Од една страна велиме секој да си ја гледа својата работа, од друга страна испаѓа сите виделе ама ништо не направиле. Јас од себе гарантирам дека кога одам некаде, не се пулам наоколу да снимам што се се случува. Ниту па ги памтам лицата што ги одминувам, ниту па ги слушам муабетите што си ги прават случајните минувачи. Да имало борење, вриштење, сигурно некој ќе видел и ќе изреагирал.
Аха, сигурно. Само ако е некој прав човек, емпатичен би реагирал. Инаку, не се замараат. Многу пати сум чула за случаи кога луѓе им биле пред очи влечени и тепани, а не се помрднале да му помогнат на тепаниот или да викнат полиција.
Замислите што ќе беше да не се јавеше класната и да не пријавеше одма мајката: А каква е таа класна што не пријавува ако некое дете без најавен изостанок не и се појави на час? Воопшто не им се работа на наставнициве.. па таа е класна, одговорна е за детето! А каква е таа мајка што чека неколку часа да пријави дека ДЕТЕТО и го снема од окото на земјата а притоа ја испратила на училиште?! На вас ништо не ви чини. Што и да било, мајката и класната се испостави дека многу правилно изреагирале, бидејќи еве гледате, 3 дена ја нема.
Па во тоа време има доста фреквенција на движење, сигурно дека од тие 80 луѓе што биле присутни наоколу, ако било толку очигледно, барем еден ќе реагирал. Или од после ќе кажел, пример откако се објави ситуацијава. Одбивам да верувам дека имало драми, борби, викања и сл на сред бел ден, а никој не реагирал. Сепак мислам дека доколку е киднапирање, направено е професионално, незабележително... или некој што го познавала таа.
Ова не е лажно, за другите не им верувам. Ако отворите и видите пред 10 дена МВР тврдеше дека било безбедно во центар, откако луѓе апелираа на педофили и киднапери.
Мене сеќавањата ми се доста измешани. Ако е истиот човек, мама што ми кажувала навидум е сосема ок, нормален изглед, со нормална работа, со семејство. Мајка ми имаше многу проблеми со него, се сеќавам еднаш до влезна врата не бркал ама мама не сакала да ми каже, само ми рече трчај најбрзо што можеш нагоре. Тато не беше дома, среќа клучот у рака и бил а од внатрешна страна имавме на самата брава онакво за заклучување, па брзо заклучи и падна од страв на под. Тогаш немаше социјални мрежи и мама немаше мобилен, овој кој знае што ќе и правеше да имаше.
Леле абе шо им е на овие шо комемтираат такви работи?? Страшно ееј, колку болен народ имало меѓу нас, ова треба се да се апси, тоа се потенцијални силувачи и убијци. Пазете си ги децата, ако треба купете им по некој пепер спреј и дозволете им да го носат кога излегуваат од дома, никаде веќе не е безбедно. Подобро казна за тоа да платите отколку цел живот да се прашувате каде ви е детето.
Мене језиво би ми било некој непознат да памти за мене дека рецимо вчера ме видел како се качувам во автобус или сум била таму и таму.
Знам дека МВР не смеат да кажуваат информации само за да ни ја задоволат љубопитноста , ама многу многу сакам да кажат некоја позитивна вест за девојчето, веќе срцето ми се крши. Цела држава верувам дека сме во голгота ради случајов, за фамилијата не сакам ни да помислам како му е. Камо среќа некоја убава вест да напишеа, сепак е дете и заслужува да си биди дома со родителите како и сите деца , не сакам ни да помислам низ што поминува
Точно. Ама телефонот сигурно не е фрлен во Дебар маало некаде, каде и да се најде, може да значи многу. Ако телефон не е evidence во денешно време, не знам што е.
Абе важи Јуле, ти знаеш како другите би реагирале Јас еве ти се чудам на тебе како би можела да бидеш ладна ако недајбоже се најдеш во ситуација како девојчево? Ќе спиеш на уво дека е со другари, на чет, се шета? Што ќе си мислиш еве не ми е јасно ако детето ти го нема во 7 сабајле, а ти си го пратила во школо? Мајкава пријавила скоро после еден час, значи не одма. Сигурно за тоа време проверила се што може сама да провери и откако не го си нашла детето, се јавила во полиција. Многу нормално. Не знам што друго би можела да направи? Исто ме интересираат твоите инсинуации дека нешто друго е во позадина т.е дека мајкава знаела дека детето и е киднапирано? Од каде ти е ова? А, еве и да е вистина, да претпоставиме, што тебе тоа ти менува во случајов? Дали можеби треба јавно да пише мајката за ти да ја задоволиш твојта љубопитност? Навистина не ве разбирам
Биле, настрана корупција, неработници и слично, јас сепак најмногу верувам на експертизата на МВР (во нашава држава) кога се однесува на вакви работи. Прво, затоа што имаат најмногу опрема, ресурси, луѓе, а второ затоа што може и да се обратат и до други држави ако има потреба, оти нели поврзани се. Приватно лице, не дека не го може ова, ама многу потешко. Како и да е, јас верувам дека МВР провериле се што треба да се провери, само нели нема да ни кажат нас јавно.
Пишав погоре дека тоа и е битно на полицијата, ама кога ќе се заврши истрагата и те како е битно на јавноста. Знаеш зошто? Оти после овој случај ниедна мајка нема да е мирна ако на детето му е исклучен телефонот и избегало од час. Затоа. Јас само коментирам мене што не ми е секојдневно, и не е, оти пак ќе повторам, дневно ќе има над 100 пријави за исчезнати деца. Битно е и да престанат сите теории за киднапирање заради трговија со луѓе. Таа па опција е скроз за неверување оти како прво никој од тие организации нема да грабне дете за кое ќе се дигне толку галама. А брзата реакција може да укажува на многу работи, како наплата на долгови и одмазда. Што е исто така можно. Па ќе кажам во овој момент не треба да знаеме, ама на крајот да, заради понтамошна превенција. Јас ладна нема да сум, патем на два пати ми го немаше детето, ама прво барав и почекав да се појави. Плус Скопје е, ти треба само еден час како родител да отидеш и да го пребараш делот околу школото. И ок е, нека заврши дискусијата околу ова оти секогаш коментарите немаат врска со реалноста. Толку.
Ми се случи детето 3г да ми се изгуби од вид, значи за секунда свртев поглед. Позади мене стоеше пар, па тој застанал позади нив. Испаничив ненормално, се вртам на сите страни, тргнав напред да го барам, тој од една страна на пулт, јас од друга се бараме, а дека малечок не го гледам. Викам, урлам по него, 30 секунди беа во прашање ама тоа гужвање на желудникот, таа мачнина во стомак никогаш нема да ги заборавам. Ненормален стрес за таква безвезна ситуација, а вакво нешто не можам ни на крај памет да замислам како се преживува
Па...искрено и не треба да е. Да беше вака немаше да го пушта детето во школо или секогаш ќе имаше некој околу децата. Мислам еве јас да знам дека некој можно е да ми се заканува со детето има да го носам за рака до столчето у училница и да го земам од таму. Нема да е без надзор така лабаво. Да се врати од работа? Да. Ама сестра и губела час, што значи била дома и можела веднаш да оди д апровери со оглед на тоа што не биле многу далеку од школото. Кога вртите теории, бар направете да имаат смисла.