Плус тоа што никој не ја видел Вања е и заради што е 14 години. За мало дете да видиш да шета само, нормално некој ќе се најде, ќе му падне во очи. Во ГТЦ се деси, гледам еднаш излегува дете од продавница само, немаше повеќе од 2-3 години и си оди. Гледам не иде никој по него. Па го застанав и за раче го држев да не отиде подалеку и почекавме. Среќа одма дојде мајката. Ама за поголеми деца нормално нема да се потресувам ако се сами. Нит па воопшто ќе ми привлечат внимнаие.
На лулашки ми се деси слично. Се свртев позади да подадам топка на друго дете, се вртам напред, ја нема ќерка ми. Гледај, барај, врти одоколу, ја нема. Таков страв осетив, ми се поврати моментално. Буквално ми пројде низ глава "зарем ја зема некој, зарем од возрасните што седеа на клупите имало предатор??". А лулашкиве големи, она мала, многу деца растрчани. Мислам не поминаа ни 30 секунди, ама мислам умрев. Имам слушано и гледано премногу вистински случаеви со киднапирања, па мозокот одма ми оди натака. Ништо не ме чуди, сè е возможно. Не можам да замислам како им е. Ако не ја најдат, цел живот прашување што се случило, каде е, добро ли е.... у пм. ХОРОР.
Неодамна се изгуби баба ми која е преку 80г. и има деменција, сите дома дигнавме ненормална паника и да не ја најдовме во рок од 1 час повеќе од сигурна сум дека ќе се обратев во полиција а можам да замислам какво е чувството на мајка за дете така да повеќе од разбирлива е реакцијата на мајката и секоја чест камо среќа сите да реагираме брзо може многу работи ќе се спречат…
Толку страни се испишаа, едни те исти теории се разглобија по 100х и пак на истите членови нешто им е “чудно” и не им е јасно. Да има некаква новост, нема да се забележи од милион повторувачки мислења за теории на заговор.
Какви црни теории, само коментирам она што е несекојдневно и што баш таа реакција е клучна. Толку. Ај сега продолжете си.
@Biljarkata кога беше случајот со јавна соба, се пишуваше дека немаме сајбер експерти, ако се сменило нешто во меѓу време не знам. Значи уште еднаш, родителите и класната имале договор да се известуваат ако дете не присуствува на настава. Не известил родителот, па затоа класната се јавила. Родители чии деца учат со Вања потврдија дека таков е договорот и класната одма известува. Не знам дечки дали сте свесни каква круцијална работа завршила класната со тоа што пријавила толку брзо. Ако само пријавела на крај на часовите како што некои велеа тоа ќе беше доста изгубено време. Иначе во мое време кога немавме мобилни во школо не носеше и земаше еден од родителите на 3 дечиња. До трето. Потоа сами. И ако се завеевме негде по пат и задоцниме, деца ко деца нели, секогаш некој родител доаѓаше да не пресретне и собере и по пат беше одржување лекција зошто се оди право дома. Сега со мобилните е прилично олеснето. Искрено не знам дека родител ќе седи раат ако детето не може да го добие воопшто и дека после саати нема да пријави во полиција. Симптоматично е и времето. Рано на утро, каде би одела за да би ја чекале да се појави? Родителите не пријавиле одма, веројатно провериле секаде каде што помислиле дека можеби е, се јавиле на тие што мислеле дека треба, па на крај во полиција. Сосем очекувано.
Човекот бил меѓународен истражител на исчезнати деца, криминал со трговија на луѓе и органи. Многу го тагираа вчера за помош. Искрено фамилијата треба да си превземе приватно со детективи. И немојте со коментари дека сите се прават разознавачи на случајот. Не знаете дали и колку некоја порака ќе ги однесе близу до истрагата или не.
Ама не е несекојдневно, тоа ти велиме... и ние би изреагирале така. Јас да сум, не знам дали саат време би издржала. @Mazegin кој е овај Едмонд?
Зошто сеуште си упорна со ова прашање? Не те разбирам? По тебе, што сакала да каже мајката со објавениот пост? Ќерка и се изгубила на 14год на пат кон училиште? Ваљда си возрасна личност за да разбереш било каков пост објавен на социјални мрежи.
Па значи не ПИШАЛА дека е киднапирана. Кога пријавуваш во полиција, се сомневаш дека некој се изгубил, се повредил, све. Без полиција не можеш да лоцираш секогаш телефон, да пребараш брзо болници, да прегледаш камери
Леле, го знам тој секундарен стрес и напад на паника. Јас вчера испаничив дека ми го нема девојчето, вртам глава околу мене, си го слушам срцето во уши ми мава, секунди беа во прашање, а таа за рака. Не ми е ни смешно веќе, туку мислам дека после случајов сите ќе станеме малку повеќе параноични.
Те молам, не е време да водиш инат во овој момент,на ова место. Читај се малку што пишуваш. Пс. НЕМА потреба да лоцираш и бараш болници, болниците ќе те најдат тебе ако има некаков проблем, не се грижи.
Вие си давате претпоставки и ширите дезинформации на темава. Пишала демек дека е киднапирана а уствари нигде не пишала, сами си го увртевте во глава тоа.
Не му го сфаќам муабетот, читам ама не можам да спојам што сака да кажи... плус тоа подолу со притисокот на грлото итн, како од гатач пишано. Од него е?
Луѓево ко да се ситат. Најозбилно имам осеќај ко некои да им се ситат на маката на луѓево. Болесници.