Види, дека сите мајки сме/сте се нашле во слична ситуација, не баш. Едно е да ти го нема детето после школо, да не се јавува ако е излезено кај другарка или слично, а сосема друго е ако си го пуштила во школо рано насабајле во понеделник, а го нема таму, притоа не можеш да го лоцираш еден час на ниедно друго место и никој не знае каде е. Ти би седела мирна? Јас еве не, си признавам, иако не сум паничар по природа. Има ситуации во кои може да почекаш, има во кои треба веднаш да се реагира и се чудни, како оваа, и да нема позадина во приказнава, а јас верувам дека нема никаква позадина, просто е нормална реакција на родител. Постои и трговија со луѓе, трговијата со органи особено е „развиена„ на нашиве простори, оти ене кај е Косово. Страшни пари се вртат, бескруполозни лица се вмешани на кои млад живот ништо не им значи. Не прејудицирам дека во случајов се работи за тоа, ама дека постои на нашиве простори, постои и тоа како.
Луѓето прават документарци за многу вакви случаеви, и што? Не смееме да коментираме што мислиме? Ти најпаметна се најде па верглаш те едно исто. Сите сакаме девојчето да се врати дома здраво и живо.
Ништо не сфаќам од ова? Едитирам пошто му го разгледав профилот и типов е некој психотичен лик што пишува за демони и сатани. Дај бе не споделувајте све и свашта аман.
Прават при информации. Овде не се знае ништо. Напразно зборите. Поназад се кажа дека немате осет. Можеби некој од нејзиното семејство или семејните пријатели читаат на форумов.
Ај те молам не изигравај мајка тереза, мајката на девојчето сигурно нема да седи на фемина да чита теории. Сигурно девојчето не го фатило деменција па се има изгубено…
Не треси на ваква тема. Не реков мајката. Кој било од нејзините блиски може да чита. Знаеш зошто? Од очај, тага и надеж. Кога ти го нема детето или внучето, на сите страни бараш. И онлајн и во живо. Ко на нив да не им е доволно тешко од глупостите на ФБ, уште и на форуми да видат... Не треба да изигрувате инспектори и полицајци. Има луѓе кои го работат тоа и на кои сигурно веќе им текнало на такви теории со оглед на тоа дека и Интерпол е известен.
Малку е чудно како се совпаднало баш кога сестра и' губи час истиот ден да исчезне, а секогаш иделе заедно во школо.
Имаше по хрватски медиуми порано. Човеков е лечен од шизофренија во Сплит,имаше и потерница за него за наведување. Не треба да го повикуваат за помош. @Biljarkata Има такви експерти уште од 2008
Ауу не знаев дека бил хоспитализиран. Изиграваме полицајци? Ми изгледаш како да собираш поени на темава, сериозно девојче не верглај едно исто. Што ќе средат кај нас? Два дена го нема девојчето, до сега јакна од бутик да беше украдена ќе ја најдеа и јакната и етикатата каде е фрлена. Што дремиш ти на темава штом се е теории, оди работи нешто друго, или изиграваш падар на секое мислење.
Неколку пати на ден отварам темава или листам на нет да не има нешто ново… Срце ми се стега од самата помисла како им е на родителите. Не само на мајката, и на таткото, и него го боли. Жената изјави дека се во добри односи и моментално е и он таму, чекаат новости. Кај нас мора да се извести школото доколку детето отсуствува или касни. Во спротивно добиваш повик од секретаријатот со прашање каде е детето. Не е стасано а вие немате пријавено отсуство. Постоењето на таков договор помеѓу родителите и наставничката е за пофалба. Во односно останатите коментари. Не дај боже во ваква ситуација еден час и те како е доволен да се елеминираат неколку варијанти пред да се алармира полицијата. Апсолутно исправна постапка на родителот без да има потреба да читам теории или некакви позадини позади истата. Секој си го знае детето дали и колку има одговорен пристап кон предмети или средства за комуникација. Внук ми губеше 3-4 пати телефон, внука ми ниту еднаш без батерија не беше останата. На секого може да му се деси се, нели, ама би било мал аларм доколку живееш во исто домаќинство и гледаш телефон на полнач. Си викаш не кревај паника во прв момент и пристапуваш кон следно прашање. Доколку сите другарчиња се на училиште и нема “друштво” за да се “занесат” некаде, и мене би ми било мал аларм. 07.30 каде воопшто би одело некое дете. Сите дуќани, трговски се е затворено. И патеката не е толку оддалечена за на лице место да се провери и да ја иззоди родителот. После еден час и те како би ме фатило паника на максимум и би алармирала полиција. Се надевам на добра разврска и девојчето живо и здраво да се врати дома.
Сериозно ли кај нас нема ниту еден детектив мора од комшииве да бараме, катастрофа у толку мала држава да се изгубиш и не можат да те најдат.
Какви 2 дена...4 ДЕНА го нема девојчето,мене ништо освен црни сценарија и не убав крај ми се вртат во главава.
Да и веруваме на полицијата. На истава полиција шо за самитов пола град го затворија, ама за девојчево ни упола од тоа ги нема да кренат фама? Упс ај да не зборам, на Форумов особено во темава не смее да постои реалноста.
Исто се помалку имам надеж дека ќе биде пронајдена жива... Дај боже да грешам ама ми се ежи кожава кога ќе помислам низ што све сега може да минува,душа...
Јавна тајна е дека нашиве и те како соработуваат со шипо. И дека кај нас и невозможното е возможно. Верувајте у што сакате. Ама во пракса има многу прљави работи одколку што филувате тука.