Мене ми е само страв да не си речат и други психопати "абе мвр нишо не прави" па да си земат замав.. А психопати си има бааги. И јас имам бегано на Водњанска и се дерев и никој не излезе, пак Центар ама пак има улички во кои што деновиве баш приметив дека нема ниедна камера..
Дали се затвори било која улица во градов под сомнеж? Дали гледаш засилени контроли од полиција ради ситуацијава? Што е пракса во секоја држава во вакви ситуации? И и најбитно дали има полиција низ Дебар Маало се со цел да се смири населението од стресот и стравот, да се осетат колку толку побезбедни, за и други родители да не се тресат дали денес нивното дете можда ќе е Вања? Дали гледаш патроли пред училишта, околу градинки?
Ние сме пример за немање никаква безбедност во сопствената држава. Не знам ни која е поентата ние да сме домаќини на овој самит, чиста заебанција.
Точно удри во центарот, одлична поента! Никакви мерки за безбедност, никаква врева (освен граѓанска на социјални мрежи со по некој залутан новинар од курир). Браво бе МВР! Четири дена ви нема малолетно дете, и на секој прес да не сте тука да го ставите фокусот на објаснување колку се трудите околу истрагата, безбедноста на граѓаните. Наспроти тоа да се вадите со изговори како не смее да се дадат конкретни насоки за да не е загрозена истрагата .. Алармантно, грозно и опасно. Освен ако не е случај на киднапирање по изнуда, долг, крвна одмазда ништо не е оправдано. Во сите други случаи тврдам како лице кое ја познава основата на кривичниот законик дека мора и треба да е засилено апсолутно на сите фронтови. Ова не е банана, туку циркуз од држава.
Цели три дена и четвртиот изминува... Толку страни изнапишани, ги читам коментариве еден по еден да видам дали има нешто ново а вие тука се контрате за непотребни работи и едно исто повторувате. Да, на форум сме, ама ова не е случај за паметување и контрање. Невкусно е, безосетно, некој близок да ви исчезне дали ќе ви биде убаво луѓе да пишуваат теории и сешто за него?!
А најбитно зошто имаме полиција? Поарно нека ни дадат дома пушки и пиштоли и 1000 пати побезбедни ќе сме. Да смеам да му го тргнам на секој што ќе проба да ми влезе дома и да ми киднапира дете на пример.
Исто, како во земја да пропаднале, без разлика што и да се случило ќе се дознае нешто ама ова ништо дух...
А ти стратег си или ? Во специфични случаи и со причина има полиција и во цивил аманИли треба со ротациони да стои за да замолчите веќе.
Јас денес кај мене (не живеам во Скопје) единствено што видов е Шумска полиција, тргната накај планина. Е нив грижата им е да фатат некој искинат, како краде 2 кубици дрва.
Леле Косми аман немој со твоево инаетење. Која цивилка човече? Имаат толку полицајци што смеат да се на должност во цивилка? И сакаш да кажеш дека пред секое училиште на пример стојат полицајци во цивилка? Оф мори мајко. Да треба. Ко во корона што знаеа да патролираат зошто имаше полициски час, случајно да не фатат некој на 1 чекор од дома и да го казнат, така и сега треба.
Кај вас шумска кај нас гранична, на секој чекор и секој ден, еве нека потврдат сите кои живеат овде колку пати дур оделе пеш долж градот со + 30 минути, најмалку два пати во текот на релацијата виделе полициски возила, ама џабе..
Немој вакви теми молим те, па од шо ќе се полни буџетот на северџанија. Кај нас до скоро имаше случај цајкан од шумска у кома, имале ромите за крадење дрва со цајканот, некој кубик и за цајканот од краденото, ама настанале несогласности. Е немаше на вести, исто како што немаше и за запалената фабрика за мара. Колениците да ти се стресат од цајканите кај нас.
Не знам Ана, да ми снема дете, ќе барам секако, и на крај ќе пријавам. Да не се натегам веќе, тој дел ми беше еве нека е и за поздрав, оти тоа не е невобичаено за тинејџери, ама некогаш и да нема ништо, инстинктот ни преработува. Инаку Жолтата куќа на Косово не е мит и постои, ама најчесто тие не зимаат лица за кои може да сее предизвика галама. Не би сакале внимание. Друг профил бараат. Затоа ми стои најневеројатна опција. Се повеќе се плашам дека исходот е лош. Многу време ја нема.
Не кажувај сега, ќе ти кажат дека кај нас инспеткорите и обичен сообраќаец пример, не се исто, овој првиов бил со факултет. А кај нас во станица, со средно машинско е, побитно му е да се кара со опозиција, одколку да брка работа.
Се помалку надеж имам. И се повеќе е јасно дека е дело на професионалци.Во спротивно ке се најдеа грешки во трагите .... Али вакво исчезнување од лицето на земјата не ќе да е аматерско дело или по сопствена волја.
Знам дека можеби не е ни време ни место, ама што се случи со Марија Брзакова од Босилово се најде ли после толку години?
Ужас, ако и за ова девојче остане вака, немам зборови па не е игла, толку да не може ништо да се најде едвај 2 милиона сме
И мене случајот со таа жена ми е многу чуден и тажен. Имаше теории демек избегала во Швајцарија од маж и, зошто бил насилен, ама детето ли ќе го остави? И јас ко други делам мислење дека маж и е доста сомнителен.