Добро размислуваш што збориш? Што треба 100 џандари да се распоредат во дебар маало и д астојат? Што ке реши тоа? Само паника кај населението.
А дали ти размислуваш дека е доволно една кола да патролира и населението многу посигурно ќе се осеќа? Баш вака ко што е, е паника.
Не е работата да најдат трага. Во паника сме сите за своите деца. Сфаќате колку помирно ќе пушти некоја мајка дете денес во школо, ако знае дека има засилени контроли по улици?
Ама дали ти разбираш дека на народов не му требаат во цивил? И нормално дека никој не верува дека ги има, зошто не се гледаат нели. Полицијата е за народот. Знаат каков страв владее во моментов.Нека си ги оправдаат паричките секој месец шо ги земаат, барем еднаш.
А ти во име на народот збориш? Во секоја уличка во државава да стојат џандари? Еве јас не сакам да ми патролира во улица. Баш затоа што е населението во страв не треба да стои џандар на секое ќоше.
А знаете ли воопшто што значи самит на ОБСЕ? Дипломатија, протоколи, нешто? Општа безбедност при настани од ваков тип? Јес да сме огорчени од политика и политичари, ама врвот на цел свет ви е во Скопје овие денови. Инаку, полиција и инспектори во цивилка има многу повеќе од што мислите, не само при вакви настани, туку општо и секојдневно. Само не знаеме оти не ни треба да ги препознаеме
Џабе се расправате и барате виновник,вакви случаи имало и ќе има,не само кај нас туку секаде во светот и не можат да се спречат тоа е факт,молете Бога да не ве снајде,толку можам да кажам.
Стварно апсурдно е да очекуваш да си под некаква заштита 24/7,ниту од родители ниту од брачен другар не можеш да го очекуваш тоа,секакви криминални банди има а и психопати од кои јас искрено повеќе се плашам.
Како некој што има пензиониран родител во МВР, верувај ми знам што зборам. Како што може пред секоја станица да има џандар во униформа со пушката, како што може МВР да им е обезбедено така во вакви денови, треба и да е по улициве. Незнам уште кога бев во основно, што беше причината, ама имаше некој период пред училиштата заедно со обезбедувањето си стоеше по еден полицаец. Чим можело тогаш, може и сега. Ама секако нема да е. И така. Во право си Косми. Полицијата ни е за џабе.
Ова конкретно баш е така и сега. Пред секое основно и средно училиште секој ден има барем по 2 полицајци со возило, барем до кај 10 часот наутро (кај нас има само прва смена, не знам како им е распоредот за втора).
Незнам каде е тоа. Јас кај што живеам ништо нема. А не дека само во Скопје е опасноста. Во цела држава полицијата треба да е малку поактивна овие денови. Пак ќе кажам не дека ќе најдат нешто, туку ради народот во државава, од која и земаат пари. Јас да знам дека денес покрај куќава прошла 3 пати полиција, ќе сум многу помирна. Зошто и тие што би сакале да направат било каква штета, знаејќи дека патролира полиција, ќе се подразмислат дали да направат направат. Кога ставивме камери и аларм комшииве ни се смееа. Затоа последнава година уште 2ца од комшииве ставија камери. Зошто? Од што се осеќаме ептен сигурни.
Мислев дека секаде е исто, конкретно секојдневно полиција има после дојавите за бомби што беа лани, нели имаше мерка да има полиција во секое училиште, ако не се лажам, иако и пред тоа имаше повремено. Кај нас гледам остана, мислев секаде е исто, на средношколците и им смета, нонстоп се жалат, непријатно се чувствувале .