Со ова комбето цел фб ми е, видел некој нешто сомнително или ајде така малце темничко е, регистрација странска и автоматски киднапираат деца со истово
Нема шо да олабави, така треба да биде. Скоро, тука во Германија, во претходниот град кај шо живеев, едни наши луѓе пријавија дека имало обид за киднапирање на некое девојче во утринските часови кога одела на училиште. Со денови после имаше полиција на таа улица, во тоа маало и пред училиштето. Знам оти маж ми ми кажа, он работи во тој град.
Да. Не сме Америка, нема потреба полицијата да си ја работи работата. Зошто во полициски час во Корона ги имаше, не знам? Шо потреба имаше тогаш? А ми текна. Сега на кого ќе пишат казна, ако ради наша безбедност се поприсутни по улици? Кој ќе дреме по кафичи? За самити чуда може.
Токму така. Се фалат дека имаме најбројна полиција, а полицајци никаде не можеш да сретнеш. Тоа им е должност,цело време да има полиција во секое маало, на секоја уличка што би се рекло. Не знам дали сте приметиле, ама имаме и доста агенции за обезбедување, зошто и тие не се придружат кон улична патрола и да се помагаат со полицијата? Можеби ќе кажете алфите се за таа работа….да,но еве и нив ги нема цело време. Овие три сили кога ќе се спојат заедно,верувам ќе има позитивен исход за безбедноста во нашата држава.
Многу слаба полиција имаме факт е тоа, и за Пино се дозна после 6 месеци од исчезнувањето и тоа случаен минувач го забележал. Мајката во емисијата КОД кажуваше инспекторот и велел за девојката што го уби како негово мислење било дека е фино девојче и не се сомнева во неа затоа што го прошла полиграфот. Толку од јаката криминалистика во земјава не можеш една 19 годишна девојка да провалиш дали лаже и да и извлечеш инфо.
Не е точно дека имаме најбројна полиција,напротив дефицит има,дури менуваа и критериуми мислам за вработување на обични униформирани полицајци и за волја на вистината истите тие не ни земаат големи плати,ама ај сега да не разглабаме и да не бегаме од темата,според мене полиција насекаде би створила и паника покрај да речеме чувство на сигурност,а сигурно и потенцијални сторители не би се осмелиле нешто ама тоа не може да биде вечно,не може постојано да патролира полиција секаде за да осеќаме "заштитени".
Скроз си во право. Еј во корона, жив човек надвор немаше, тие патролираа на птиците. Бруки. Ако треба за безбедноста на децата и возрасните, ќе се поставени на секои 100 метра, без пардон.
Имаше статистика вчера за бројката на македонски новинарски медиуми. Јас зборувам во некој паралелен универзум кога би исполнувала секаков вид критериуми полицијата,заедно со алфите и агенциите за обезбедување. Знаеме сите каква е моменталната ситуација.
Ама ај вака ,да почнеме од самите. Така насабајле кога тргате за на работа или кога праќате деца деновиве не ве фаќа језа? Мене ,да. Би се осеќале побезбедно кога би виделе полицајци околу? Да.
Девојката не го уби Пино туку го намами за да се видат. Добри 19години и изрекоа, уште тој монструмот што навистина го уби да го најдеа.. Мајка му беше многу упорна жена за да го најде, масовно органзираше протести. Иако крајот беше трагичен, сепак барем се откри што му се случило.
Според мојов морален компас да нарачаш убиство е исто ко да убиеш, а и по пресудата се гледа дека е исто.