Туку што се случува со Илија, мајкава плаче моли вика дека полицијата не превзема ништо. Имаше објавено и пораки како се допишувал со некоја бивша девојка и дека таа и ѕвонела од скриен број. И дека мајкава ја барала да и каже за син и оваа не кажувала ништо и дека се сомнева во неа. Да не излезе и ова како со Пино.
Јас ова го видов денес по групи. Многу чудно. Од февруари месец дури сега објавуваат по социјални мрежи дека е исчезнат. Дај боже да се најде.
Обично не тргнуваат по потрага зошто најпрво се претпоставува дека своеволно заминуваат. Инаку објавено и пријавено било уште истиот ден.