Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    8.617
    Пол:
    Женски
    Не..
    Го фатија убиецот . Беше некој месар ,налик обичен човек.
    Беше силувана и убиена.
    Ја најдоа после некои недела дена...може и помалце не се сеќавам...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    28.525
    Упорно отварам на фб со надеж дека ќе наидам на вест дека е пронајдена и вратена кај семејството.
    За жал, ништо од тоа!

    Ќе дадам мое размислување во врска со случајот, кое секако е само претпоставка , не значи дека тврдам дека е така.


    Излегла во 7 : 20 , сама, тргнала во правец спротивен од училиштето. Ова ме асоцира дека со план е излезена од дома и со некаква цел не се упатува кон училиште.
    На скроз фрекфентна улица исчезнува без никој да забележи нешто сомнително. Ова значи дека не е насилно внесена во кола, туку доброволно влегува, исклучува моб и заминува со некој кој очигледно е дел од планот. Сама нема шанси, ќе луташе и ќе ја најдеа некаде. Има вклучено некој друг лик во цела приказна. Лик на кој му верувала и затоа незабележано заминала.

    Во 7 : 40 се јавува класната дека ја нема. На сред час? Па дури и да било во пракса класната да известува за отсуството на ученик , дали стварно верувате дека ќе го направи тоа по само 10мин. каснење на прв час? Може се успал ученикот баш за прв час. Пореално ми е да известила класната по завршувањето на часот, а на само 10 мин доцнење?! Сите сме биле ученици, или имаме ученици. Барем еднаш дали ви се случило да слушнете за класна која известува дека ученикот доцни 10 мин. Излегува од час и се јавува на родител. Ова никогаш не се случило.
    Освен ако не било побарано од класната да внимава и да извести доколку доцни ученичката. И секако, скроз правилно постапила.

    Мајката која во 7 : 40 открива дека детето не стигнало до училиште наидува на недостапен мобилен.
    Ја бара еден час и ја пријавува за исчезната во полиција. По мое пребрзо сфатила дека ја нема. Значи знаела нешто сумливо (претпоставувам дружба со некој забранет лик ).
    Јас прво би помислила дека мобилнилт е украден и одма го исклучиле ( во пракса така прават ) . Па би ја барала по другарки, па по вообичаени места каде се движи.
    Среде бел ден, недостапна на моб. еден час и пријавена како исчезната.
    Мајката знаела нешто сомничаво и затоа толку брзо реагирала кај полиција.
    Ми се случило да излезам од дома како за училиште , а денот да го поминам во кафич или кај другарка, па се враќам дома во времето кога ме очекуваат од училиште.
    Којзнае, може и Вања ќе се вратила но веќе беше објавено по фб дека изчезнала.

    Не мислам дека од нигде никаде ја снема Вања, нити дека е киднапирена, нити дека мајката и класната спонтано брзо реагирале. Напротив, насетувале и затоа биле претпазливи и брзи во постапките.

    Секако ние како јавност нема ни да ја дознаеме правата вистина, реално не се ни должни да не известуваат за детали кои би ја отежнале истрагата.
    Не верувам дека од толку камери баш на ниту една ја нема. Ама претпоставувам дека во интерес на истрагата се демантира дека е видена на камерите.

    На крај и не е најважно дали насетувале, што знаеле, како дознале... важно е да се пронајде и да си се врати жива и здрава кај семејството, се надевам ова нема да биде непоправлива грешка.
     
    На GirlVolley, Rubi99, Маја Т и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Леле, арно што ги потсети што се случуваше тој период.
    Како беа организирани и спремни, се ќе поапсеа тогаш.
    :rofl:
     
    На Only1 и Mnik им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    35.435
    Пол:
    Женски
    А, па за короната една потреба што имаше од нив? Никаква!
    И сега исто така не гледам што потреба има да има џандари на секое ќоше во Дебар Маало? Еве стварно, просветлете ме.

    За училиштата... кај нас имаше известување дека ќе патролираат џандари во дворот. Или барање од родители имаше, не се сеќавам. Иако училиштето има чувар, еве и џандари ќе има. Не знам дали ова е практика во сите училишта или зависи од општина. Ама пак, што ако има џандар во училиште, ете таму ќе бидат заштитени децата, а што правиме откако ќе излезат од училиште? Дури и да има патрола (како што имаше порано) пак нема шанса да покријат се, а дека криминалци ќе се исплашат од џандарите што патролираат ми е смешно. Некои ситни криминалци можеби, ама повеќето не.
     
    На Ahoy, Viveki и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.972
    Допаѓања:
    35.146
    Пол:
    Женски
    Ништо не беше затворено освен околу Борис Трајковски и Палас.
    А и полицијата не ги затвори тие улици, туку некој наредил, само си ја вршеа наредбата.
    Автобуси си имаше, таксисти, продавници си работеа најнормално.
    Оф топик, само се надоврзувам на постот.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.972
    Допаѓања:
    35.146
    Пол:
    Женски
    Пиша не живееш во Скопје, од каде знаеш толку дали немало полиција?
     
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Како и го знаеме ова? Сигналот последно е регистриран таму? Тргнуваш еден правец, ти го крадам телефонот и бегам спротивен правец. Го исклучувам по пат. Дали тоа значи дека си тргнала во спротивниот правец? Не. Само дека телефонот е исклучен таму.

    А сега пробај да не е толку драматично. Замисли седиш на час, ти фали ученик, пишуваш кратка порака на Вибер до родител "Вања не е на час, Ве молам известете ме дали ќе е отсутна денес". И си тераш настава. Ќе ти одземе помалку од минута.

    Јас мислам сакала у 7 сабајле да провали у Силбо брашно да шмрка. Сега се крие зошто срам и е да каже.
     
    На sweet-cherry, Ahoy, Waverly Raven и 13 други им се допаѓа ова.
  8. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Се сложувам, моите претпоставки се исти.

    Генерално не би се сложила со тоа што голем дел од луѓето велат дека никој не е должен во јавност да каже што и како се случило.
    Во тек на истрага секако дека не, но после наоѓање мислам дека треба.
    Само нафрлено инфо дека некој е исчезнат, оджување на топ 1 вест со недели и потоа само кусо соопштение дека е пронајден без објаснување што и како се случило, дали навистина има киднапирање или не, сметам дека не е во ред.
     
    На Skorpija25, SummerGirl и Осе им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.972
    Допаѓања:
    35.146
    Пол:
    Женски
    Сабајле одев во Систина, колку во цивилно беа, можеби и со ова така, да не привлечат внимание, ама се утепаа плукајќи, зошто ова зошто она, не бе нас ќе не прашаат.
    А што е најтрагично не живее во Скопје, а знае дека немало полиција.
     
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Aнушке душо, све пратиш, све знаеш, имам 100 пати пишано дека сум ОД СКОПЈЕ, па среќа моја комуницирам со мајка, дедо, баба, тетка, браќа и сите тие се ВО СКОПЈЕ.
    Бонус тетка ми со која се чув денес, живее до Универзална. Зошто гледам од цела тема, тебе ова ти е најбитно и од сите мене си ми закачена.
    Па нормално дека некој друг треба да издаде наредба кои улици да се затворат, неможе некој што бил денес на смена, од сообраќајна полиција, да рече ај ќе ги затвориме улициве. Дај бе пред да пишете нешто, прочитајте што имате пишано, аман, контра да се отиде е битно, после се жалиш ти се контрале тебе.

    Незнаев дека ќе почне и потребата од тоа да се осеќаме безбедни во сопствената држава, на некому ќе му смета. Ете и такви ве имало.
     
    Последна измена: 30 ноември 2023
    На Skorpija25 и Осе им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Добро Ана, подобро е нешто отколку ништо. За што имаме полиција ко така? Најозбилно, за што? За големциве само изгледа. Нормална практика сегдека е полиција да има по улици, да патролира, само кај нас тоа по ваше, не треба да постои. Тоа им е работа, како да ви објаснам.
     
    На Skorpija25 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Е нема, не објавуваат што како, дури ни откако ќе ги најдат. Имаше скоро еден дечко во Хрватска, го снема па го најдоа. Мислам штом го најдоа, сам себе се киднапирал ми се чини, што друго би било, им станал досаден на киднапарите?
    Зошто не е во ред, што добиваш или губиш, со повеќе или помалку детали?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    126.290
    Пол:
    Женски
    Присуство и отсуство на ученици се запишува за време на часот, не после. Ако некој прави обратно, греши.
    И кога некој ученик доцни, а класната не е известена, ќе врти кај родител сред час. Треба да запише.
    Повикот не трае повеќе од 2 минути. И класната не мора да излезе од училницата за да се јави, не ни треба да излезе.
    Еден час не е пребрзо. Мајката ја барала, сфатила дека ја нема.
    Потоа се јавила во полиција. Нормална реакција на родител.
     
    На Anyshka, Annora и Осе им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.972
    Допаѓања:
    35.146
    Пол:
    Женски
    Јас сабајлево бев во Систина и знам што беше блокирано, не пишувам од памет, се си функционирашe, баш поминав од кај Борис Трајковски пешки, од таму само не пуштаа со коли. Партизанска не беше блокирана.
    Пратам да, дознав за Самиот па си реков да одам да видам што како.
    И ти 2 дена исто "нема полиција, нема патроли". Па денес знаеш колку во цивилно беа? Баш тие во цивилно не прашаа каде ќе одиме.
     
    На Mnik и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Зошто би се плашеле ако има полиција на секој чекор?
    Особено во ваква ситуација?
    Зарем цивилната не е прв народен браник кој треба да не заштити од кривични неправди? :?:
    Ако нема што да се крие нема зошто да ви е непријатно и се плашите, (според мене).
    Не навредувам никого со постов, само размислувам на глас бидејќи четири дена јавноста тоне во сеопшта паника, а ништо не се презема во информативна смисла.
    Јас лично ако се прашувам сум дури и за организација на мирен протест ако ја нема уште неколку дена.
    Не за блокада на улици и дигање беспотребна врева, туку искажување незадоволство бидејќи се добива впечаток дека девојчето ќе остане само бројче во статистика додека истрагата не дава видливи резултати.
     
    Последна измена: 30 ноември 2023
    На Skorpija25, SummerGirl и Mnik им се допаѓа ова.
  16. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.908
    Пол:
    Женски
    Да, верувам, ама воопшто не ми е нешто чудна постапката. Понеделник, прв час класен. Што е тука чудно?? И да закаснала ете, ќе одговори мајката, да ќе дојде се успала, или нема да дојде денес.

    Мајката пребрзо сфатила?? Па мм да тргнал утрото за на работа и да не се појавил таму, плус недостапен еден час јас би пријавила во полиција не па за дете да се работи. Не знам искрено, што размислувате вака кога пишувате. И блазе вам ако за сопствено дете вака ноншалантно би се однесувале, мислам вистина ви завидувам, еве јас во ваква ситуација уште првите 5 минути кога била недостапна па веднаш на најцрни сценарија би помислила, не па да е еден час прерано, по мене и прекасно е, зошто е дете во прашање. И кога би пријавиле во полиција, еве еден час рано е, е кога?
     
    На Skorpija25, Anyshka, Anaroz1 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.366
    Допаѓања:
    126.290
    Пол:
    Женски
    А, ти МВР си, Оливер си (за ова можеме да кажеме не по начинот на кој пишуваш), ЈО си?
    Ако не си, нема зошто да ги знаеш деталите.
    Истрагата не завршува со пронаоѓање на лицето.
     
    На Anyshka и Stressed Out им се допаѓа ова.
  18. Bondie

    Bondie Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    А можеби и Вања пред да излезе од дома или кога тргнала, пишала на некоја другарка дека тргнува. Кога класната видела ја нема на час, прашала учениците дали знаат нешто, ѝ кажале дека знаат дека е тргната, па затоа и толку бргу реагирала, сакала да потврди со мајката.
    Како и да е, зошто, што и како се јавила е најнебитно во цела ситуација (барем за нас).

    Ако имало нешто повеќе за сумња, сигурно мајката нема да излезе во јавност и да каже додека трае истрагата. Чим немаме повеќе информации моментално, според мене значи дека имаат неколку траги и ги истражуваат. Да се надеваме дека ќе заврши добро.
     
    Последна измена: 30 ноември 2023
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Дај кажи ни да знаеме за колку време треба да се пријави исчезнато а тоа да не биде пребрзо, но и предоцна, односно да не буди сомнеж кај вас форумските детективи?
    А болдираната реченица ти е хит :wasntme:
    Да не објавела мајка и дека ја нема ќе се вратела (facepalm)
     
    На IRBBB, Annath, Agness и 6 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    28.525
    Ова ако бараме исчезнат мобилен, ама овде дете фали, со се телефонот патем .
    И секако прво за сите исчезнати се бара сигналот од мобилниот. Секако како информација се зема во предвит сигналот, но како клучно и последно не! Реков мое видување и моја претпоставка, не тврдам ништо.

    Ова ваљда е нешто ново, на десет минути да се известува за каснење на ученици на прв час. Сигурно бројот на неоправдени од утринско каснење е скроз намален. Пријатно сум изненадена за наставницот кои толку водат грижа за отсуството на сите ученици. Во мое време не беше така, затоа се збунив, застанета во времето кога јас бев ученичка.
    Ами нели се губи пола час со тоа... ахаа овој го нема? Чеј да пишам на мајка му. кај ми шета детево од сабајле?!?! Сигурно не!

    Овде веќе не знаеше што па интересен завршеток на постот му даде!
    Чеј да се насмевнеме .. :):):)
    Интересно пресмешно ова за Силбо, кај ти текна се пресмејавме!

    Ахаа... не знаев ова! Пред да запише проверува? Мислев има отсутни, па тек после оправдани и неоправдани!
    Бледо се сеќавам дека и дневник имаше во наше време, таму запишуваа и не се губеше пола час со кој недошол и зошто. Запишува наставникот дека те нема , па дали белешка оправдание ќе носиш или родител ќе те правда следи нареден ден кога ќе дојдеш.
    Ама нови времиња, ете во ред било и 2 минути да се јават на родител и тоа во училница пред сите. И ако каснат 5 ученика по 2 мин. на секој родител дс го прашат... 10 мин за отсутни и присутни отишле од часот. Таман уште пола час има останато од часот, доволно е!

    Јас поима немав дека така се функционира и дека е во ред така дс ги бараат учениците кои ги нема. Од кога е вака?
     
    На elimkd и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.