Им беше порано, сега не. Сменија законот пред х години. Протестирај за промена на закон, што да ти кажам. Ама моите претпоставки горе стојат, нема да бидеме посигурни доколку има џандари на улица.
Лол. Си го лади тој во Косово, кур го боли. Со наш амин е заминат, да сакаат одма може да го најдат. Таа глупачата си го изеде, тој си ја кидна за Косово. Знам дека грубо се изразувам, ама форумов го читаат и млади девојки. Коа сме кај случајот, пазете со кој си фаќате работа, затоа што ако некој таков ви наштети казната ќе му е да си живее лаганица во Косово. И внимавајте девојчиња на кого му верувате и на кого му ја доверувате интимата. Не се сите добри луѓе. Некои се предатори, опасни и подмукли.
На неколку страници, секогаш се наоѓа некој како тебе што не чита се, па за истото пак да вергламе. Имаше скриншот од родител чие дете учи со Вања дека на класната и било практика да се јавува секогаш ако отсуството не е најавено. Не е ова само сега, па затоа престанете да правите сценарија. За брзата пријава на мајката исто така е дискутирано. Секој од свој агол ги гледа работите.
Добро, имам уште едно прашање. Не му текна на некој хакер досега да и влезе во трага? Од овие што постојано имаат некои сознанија што на почеток делуваат невистинити но, на крај се испоставуваат точни? Не мора да е од оддел на сајбер криминал туку eте обичен граѓанин со тие конкретни познавања од IT областа. Прашувам бидејќи се спомна користела повеќенаменски платформи за комуникација. Тоа би поттикнало шпекулации, ама вајда една ќе биде вистинита па ќе бидеме близу.
Ако не грешам мајката на Пино имаше ангажирано приватен детектив. Мислам дека и мајка и на Вања треба истото да го направи.
Еве да те просветлам. Пред некој месец имаше петиција од родителите во Дебар маало поради чести физички напади, грабежи и малтретирање на деца во тој реон. Мислам дека е доставена до градоначалникот. Центар е најопасен за живот.
Не би да звучам безвезе како по другите теми "ама не си мајка не знаеш" бла бла бла,ама овде сега стварно ќе прашам,сите шо вперивте прст кон мајката дали сте мајки? Не ми се навраќа наназад да ве цитирам ама сериозно ме интересира! Па и мм пред 30 години(имал 10)го пуштиле на продавница по леб,на пладне,овој го купил лебот и си продолжил на полигон со деца некои фудбалче да гледа,го нема 1 час,неговите распаметени го бараат и нормално одма пријавиле во полиција,го барале сите,да не паднал во езеро,по болници,општ хаос....се вратил ко мисир после 2 саати,да е жив и здрав и ден денес такви испади има,заминува без да се каже и губи осет за време,небитно,поентата ми е штом ти нема дете збудалуваш,како не ви е срам воопшто да ја спомнувате реакцијата на мајката? И упорно упорно се вергла истото!!!!
Па тоа е работата, шо сите као жалат а на никој не му е гајле. Посебно не на тие хакери. Оти во Мк така да напраат, и да ја најдат девојката они ќе го јадат стапот. Друго, не праат такви работи без да им се исплати. А за да хакираат банки, телевизии, картички први се. Жална Македонијо.
Граѓанин кој утре може да биде мета на иста група, со иста тактика, без инфо за заштита базирано на споделено искуство после вакви случаи. Едноставно е.
Не знам колку пати беше кажано на темава за начинот на кој клсниот раководител и родителите се информирале за отсуства преку таа вибер група! Дај нека се закачи еден банер во темава, за да не се оспорува тој момент, веќе аман! И пак и пак, на некој им е чудно КАКО ТОЛКУ БРЗО ИЗРЕАГИРАЛЕ?! Не знам дали треба да ви се нацрта? Па пм, не е ниту квантна механика, ниту лансирање модул на Марс!
Како ме просветли? Еве и да има џандари да патролираат, пак нема да можат да покријат се како што овде очекуваат. Како што реков, порано имаше патроли по улиците, ги укинаа. Кој, зошто и како, не знам. Жалете се ако не ви одговара, мене ми е сеедно, нит се чувствувам посигурна со нив, нит без нив. Скопје одамна е несигурен за живеење, дали ќе има џандари по улиците или не, не ми менува ништо, оти како што кажав, ситен криминал можеби ќе спречат, ама повеќето криминалци ич нема да ги заболи дали имало џандари или не. Не ми се верува за што пишувам и на што се троши време т.е на какви полемики последниве страници? Голема работа дали ќе има џандари по улиците или не, демек они ќе го решат случајов?!
Ама драматизирате. Во Македонија, секој ден може да си единствено жртва на семејно насилство, особено ако си жена. Ако си маж инволвиран во матни бизниси, тоа е ризикот на професијата. Ако си стар, со деменција или слична здравствена состојба-жртва на староста. На прсти се бројат вакви ,,мистериозни, , исчезнувања. Или така ми се чини.
Дури не видам и ФБИ ништо не верувам. Не знам ни кој е појак од овие две, ама без двете ништо не сфаќам озбилно.
Ако сега се бројат на прсти, не значи дека така ќе остане. Еве само за овие 3 дена, 3ца се. Тој од Велес, Струмица и девојчево. Се надевам дека во државава нема да земат замав ваквите исчезнувања ко во Србија на пример.