Се сложувам, не го класифицирам случајот како таков, само појаснувам зошто би ми било битно на крај да знам за што се работи, киднапирање или не. Баш од нејасни исходи се храни фантазијата на сите што си прават свои сценарија.
За ова сите бевме збунети и неколку луѓе што имааат деца во основно кажаа дека сега тоа е пракса, исто ставија и скриншот од други мајки кои кажуваат дека наставничката стварно така правела. На класен час се одвивало ова, на класен секако ништо не се правеше. Има вибер ај гес? Стварно дај ставете пинувано мислење дека во 2023 во основните има зголемена контрола на децата.
Да бе, на крај испадна и Пино бил по лоши друштва. Ја користел за секс, а биле во исто друштво. Тој бегалецот, не знаеме како и зошто и помагал. Оти да бил некоја душичка искористена, не бил. На сите ни е ваљда јасно од прв ден, дека тој го убил. Оваа нека лежи затвор, со уништена репутација.
Па сега...за киднапирања...имаше некој случај неодамна, со некој внук на политичар... Еве, го најдов https://makfax.com.mk/crna-hronika/го-грабнале-во-скопје-и-му-се-заканиле-д/ И пак не разбрав дали го најдоа воопшто или како, ама категорија 2 од погоре. Детали мислам доволно се.
Дали има друг доказ дека девојчето навистина тоа сабајле искочило од дома освен кажувањата на мајката? - На камери ја нема, никој не ја видел, како да знаеме дека детето тоа сабајле навистина од дома искочило или мајката лаже.
Не сум јас таа која треска. Премногу информации можат да ја загрозат истрагата, а со тоа и нечиј живот. Во случајов, животот на девојчето. Твојата љубопитност и грижа не се побитни од исчезнатото лице.
Сакам да верувам дека не е вистина тоа што го мислам, ама моментот дека ја нема на ниту една камера ме наведува да помислам дека мајката не ја кажува комплетно вистината..
Ај ќе разберам теории што и' се десило, ама не ве разбирам на мајката што и' градите профил, па уште како негативец. Не ве јаде срам бар малце?
Полицијата сигурно веднаш има дома пребарано за можни докази , така да ако имало нешто сигурно полицијата не би продолжиле со мајтапот, така да мислам дека таа теорија паѓа во вода.
Jas policiski lice iam prasano kao kaj se lugjevo shto nikad ne se najdeni, i mi vika ne znaeme ni nie..
Јас искрено никаде не видов некој да и прави профил на мајката. Повеќето коментари се сосема културни и издржани до некаде. Да не беа, веројатно ќе ги избришеа.
Многу чуден случај, шо па чупево ќе го киднапира некој во 7 насабајле за на училиште, на толку раздвиженост во населбата, оти кај нас тука е стварно мирно и жива душа нема, нема кој да те види некој да те пикни во кола па викај колку сакаш, епа Скопје не е така.Шо не киднапирале на вечер колку сакаш чупиња има пијани од кафичи се прибираат дома, да ги однесат со кола, едноставно нешто не штима или сама се пикна кај некој шо го познава па се кријат некаде или е некој познаник, крвна одмазда, пријател комшија некој шо на семејство сака да му наштети лично затоа е тоа чупе баш грабнато. Друго како рандом киднапирање за проституција, за органи за на Косово ама воопшто не верувам дека е.Затоа треба убо чешлање по тоа пријателите, љубовници ако имаат, татко мајка да се види за што се работи конкретно, да не должат пари негде нешто , нешто мора да има. Ако има камери убо да се разгледаат сите и извесен период пред ова некоја кола да не ги следи децата оти тие демнат долго време и користат шанса ко ќе се сами чупињата, до сега одеа двете, сега само го начекаа.