Јас не верувам во ова. За прост човек, секоја повлечена душа е по дифолт или самоубиствена или е во “кругови“. Не ми се ни верува дека имала дечко воопшто, па уште помалку наркоман. Малку хиенско е ваквото пишување.
Во ништо не верувам се додека не слушнам официјално соопштение . Само споделив што пишале . Дали е или не е вистина ќе покаже времето. Сега само може да нагаѓаме што и како се десило...
Малку педофилско размислување од нивна страна. Шо и да биде со некое девојче одма по дифолт е "бегала за маж". И мене ми се повраќа. Уште повеќе ми се повраќа од начинот на кој го кажуваат.
Баш така ,и на објавата од мајкаи на фб кај што е на сликите баш ми делува како убаво културно девојче ,мило...не знам.
Еднаш, пред година и нешто ја посетив кајгана. Ме интересираше една тема, па ај да прочитам. Леле, каква простотија, каков речник. Абе полоши од најголемиот сељак кој сум го сретнала. Некое дувло на инцели, забегано делуваа, да си бидам искрена. Не само што е педо и крипи е скроз. Информацијава сам си ја измислил, ама нема врска, се за лајк.
МОЖЕБИ ќе се вратила! Не си прочитала убаво. Да , во право си! Не стигнав да прочитам се што е пишано на форумот, нити наидов на таков скриншот во кој е потврдено дека воопшто класната за секој ученик реагира на доцнење од 10 мин. Искрено, дури не ми се ни верува во ова... *********** А изгледа заборавив да напишам дека ова се само претпоставки мои, не тврдам ништо , изнесувам само мое гледање на случајот како и многу други на форумот. Јас не нападнав никој кој не мисли исто како мене, и ми е во ред да ни се разликуваат мислењата, од овде и дискусиите на форумот. Ама дискусија со некој што не е спремен да слушне мислење поразлично од своето не ми се сака. Мора да прифатиме дека не сите имаме исти мислења и гледања на различни случувања во животот. Општо во животот.
Вака беше и за Петар, родителите ги обвинуваа, сите после заборавија... И не се најде детето. Тоа у психологијата се викаат фази на жалење, прво неверување, негација, па после наоѓање кривец така натаму... Сосема човечко...
Имаше пред некој ден дека уапсиле човек кој лажно пријавил киднапирање. Демек во полиција кажал дека измислил. https://a1on.mk/macedonia/skopjanec-vo-mvr-prijavil-lazhno-kidnapiranje-na-maloletnichka/ Инцијали Џ.Г. Македонско име на Џ нема, ми текнува на албанските имиња. Што ако е вистина и ако во полиција од страв кажал дека излажал? Оваа хроника не се однесува за девојчето, но што ако некои сепак се вратат по Скопје? И детето од Мариовско ако не се лажам беше со посебни потреби, не го најдоа.
Мислам дека некои од вас треба да си купат од тие детективските китови за да си ја задоволите желбата за драма и трилер што толку очигледно ви фали. Дури и комплетно во право да сте, буквално ништо нема да постигнете пишувајќи си теории, видувања, претпоставки и не ти знам што друго. За осет и почит се работи. Вие ја третирате ситуацијава ко филм на кој треба да му го погодите крајот.
Еве сега поради скриншотов ја отворив темата таму и пишуваат дека брзата реакција се должела на тоа што уствари децава биле разлигавени од преголема грижа....ко дали се нормални луѓево бе, дете е исчезнато они паламудат дека раното пријавување во вакви ситуации е непотребно и требало да се оставаат децата со саати без надзор? Не знам што луѓе се собрани таму, со IQ некаде длабоко закопано.
Во секоја земја вакви случаи будат внимание кај јавноста. Во Америка се отепаа од снимање видеа на YT, дури и за стари случаи од пред 10-20 години.
Кајгана се некст левел од овие овде. Тука бар Реин од време на време поминува со метлата, таму ти е боже сачувај
После 3 дена и МВР веќе ја прекинува потрагата во редовни околности.. така што уште потешко е дека ќе се најде. Ама позитива и колку е точно дека имаат формирано посебно тело за потрага во МВР специјално за Вања, инаку само останува во списокот на изгубени и меѓународната потрага.
Убаво што напишал. Ама кој кажа дека девојчево е сокриено некаде или дека избегала со дечко. Можеби една од варијантите е таа, но не е исклучена и варијантата да е киднапирана. Ја повикува да се јави како да е 100% сигурен дека таа некаде се крие со некого. И јас искрено посакувам да е така и да е жива и здрава, но постојат и многу други можности. Веќе трет ден е исчезната. Јас сум една година постара од девојчето, не ја знам лично, според соученици мои кои учеле во Песталоци и го познаваат девојчето, разбрав само дека е мирно, културно девојче која не се експонирала многу со фотографии по социјалните мрежи за да би била нечија мета. И ова што е screen от од Кајгана мислам дека е тотална лага. Мислам дека најмногу што може во моментот секој од нас да направи е да ја споделува сликата по социјални мрежи и ако нешто забележи веднаш да пријави и да слика со телефон како доказ, а не да се шират дезинформации. Дај боже се да биде како што треба.
Бидејќи живеам тука во близина кај што се случил овој немил настан, можам да кажам дека скоро невозможно е киднапирање на дете да помине незабележано ни од луѓе ни од камери. Во 3 ноќе сум се враќала, пешки сум одела од Партизанска до кај мене, има многу кафичи, ресторани, дискотеки, и други објекти и многу е раздвижено 24/7, значи во три ноќе да си одам дома, на тротоари со луѓе се разминувам колку е раздвижено, и таму скоро сите објекти имаат камери, некаде, нешто ќе беше фатено на камера..