Мене повеќе ми е страв да шетам насабајле отколку навечер, оти навечер нема никој, ама насабајле има секакви шо шетат, а повеќето одат со полузатворени очи и уши од шо им се спие и и да биде нешто има поголеми шанси да не видат. Мене сите манијаци шо ме следеле и застанувале , тоа е било насабајле или на сред бел ден. Не се сеќавам дали иам некоја таква случка навечер.
Еве, јас имам, споделив на претходна страна... Вечер, лето, раздвижено, на фреквентна улица, никој ништо не забележа... А јас и цимеркава бегавме ко споулавени од него. Дури и продавачот во пиљарата не забележа ништо сомнително. (влеговме таму) и овој влезе по нас.
Леле сите имате по некоја случка кај што ве следел некој. Ова е лошо. Мене досега ми се нема случено нешто такво, мислам дека ќе си умрам од страв. Пазете се многу, друго не знам.
Добро навистина мислите дека ја нема на ниту една камера? Или дека не успеале да го најдат нејзиниот телефон? Навистина мислите дека немаат апсолутно ништо? Како па да не. Секако дека имаат многу повеќе информации од она што нас ни го сервираат и така треба да биде. Нормално дека нема да споделат ништо што може да им ја загрози истрагата. Како малку да се сите шпекулации досега.. Нели ви делува мајката како да знае нешто? Според последните изјави ми делува доста прибрано, како да е убедена дека ќе ја најдат. Сигурно знаат многу повеќе од нас и се надевам дека е така и дека за брзо ќе се појави.
Ja sledam temava,nesakav da komentiram,ama na postov se iznaplakav Kolkavna im e bolkata,nesakam da znam. Vrati im ja Boze
кога ќе ги споиме ова и претходниот пост на кајгана води на тоа дека има некаде заминато со некого.. И ако ја додадеме брзата реакција на професорката и мајката, делува сепак дека нешто има, можеби тоа е приказната што ние не ја знаеме..
Најголем страв ми е во животот исчезнување на близок, да го жалиш цел живот, да не знаеш ништо за него, да нема на кој гроб да се исплачеш и да бидеш надежен цел живот за ништо. Полошо нема, дури и смрт е похумано од тоа да не знаеш, посебно да не знаеш за дете…од гледна точка на родител сега, уште пострашно ми е, незамисливо, секогаш ми било далечно, само на филмови, ама реалноста не е таа и случајов дека ептен блиску до нас многу ми е… Лани во Лондон исчезна колешка наша, мирна, добра, срцкаста, паметна, спремна да помогне на секој, сама живееше во Лондон, сестра нејзина од Ит успеа да контактира некој во Лондон, да се пријави во амбасада, апелиравме сите, бркавме траги како спобудалени цела недела. Изгубија и нејзините надеж, а најстрашно што не можеа да дојдат до Лондон и буквално ние бевме врската со нив да ја најдеме. Ја најде бившиот дечко во будистички храм, прекриена секта, не знам како успеа да ја извади од таму, беа колешки да ја видат, скорз истрауматизирана, ама своеволно отишла, по долга борба со депресија сама во странство, некој успеал да го искористи тоа.Ние поим немавме што се случува со неа, ниту изгледаше така. Муабетот ми е секој може од надвор да изгледа дека се е во ред, ама уствари да не е, посебно тинејџер и тоа како може некој да го грумира и заведе. Се надевам најискрено дека ќе ја најдат жива и здрава, ама како одминуваат деновите се ми се чини нешто лошо е. Нели во странство кога се пријавува исчезнат има search parties? Се бара по шуми, паркови, езера? Тука нема вакво да се организира? А инаку секако дека полицијата нема да ги изнеси сите детаљи во јавност, само најбитното што може да помогне, ама се друго ќе е скриено од очите на јавноста, тоа е во интерес на жртвата.
Исто како тебе мислам. Мислам дека имаат многу информации и дека се влезени во трага ама не се споделува ништо во интерес на истрагата.
За човекот од Велес дали има некоја информација? И за него фамилија умира од грижи а ништо не се спомнува.
Извини, ама нешто не ми штима во прикаскава. За да повика мајката полиција за толку кратко време мора да постоело индиција. Ние и да не сакаме ќе им побараат изјави и на двајцата родители. Повеќе од половина случаи нема да бидат решени од полиција ако толку едноставно им веруваат на луѓето. Тоа дека е родител не ја исклучува можноста дека може да биде осомничен. Прогуглај и ќе видиш зачудувачки факти според статистика дека околу 10% од исчезнатите деца се киднапирани од некој кој го познаваат.