Ми текна нешто друго.. Ако Вања постојано одела во школо со сестра и, и исчезнувањето се случило баш на денот кога одела сама во школо, дали е можно да е следена подолго време, и ако да, дали ако ги прегледаат камерите неколку дена уназад кога девојките оделе во школо, не од денот кога е исчезната, денови предходно бидејќи децата сигурно во исто време секое сабајле излегувале за во школо и да видат дали некој ги следел повеќе денови, можеби така ќе најдат трага..
Мене така ми е најлогично. Некој ја следел, познаник или непознаник и му се укажало шанса и .... мене ме има следено еден и знаеше во колку часот си идам од работа, долу пред зградата ме чекаше
Мислам дека тие од МВР си ја знаат работата, барем се надевам дека ја знаат.. Ако сакаш да фатиш криминалец, размислувај како криминалец..
Ова текстов од ФБ што е споделен мислам пишаа не е во крвно сродство човекот,така само се обраќа. А татково кој е? За мајката веднаш се дозна работела во А1, за него ништо. Да не е некој лик поврзан со некое подземје,политика и сл.?Па затоа никаков детал не се дава во јавност? Ко да фали нешто. Мајката во изјава вели дека мисли е киднапирана затоа дигнала паника,да мислела побегнала не би ја фатило толку.
Дечкото на другаркава ја следеше кај и да оди. Имаше приватен бизнис и кога сакаше одеше на работа. Замисли.... Пред зграда дремеше со колата. Кај и да одеше таа, одеше и он. Некогаш јас бев со неа. Насекаде ја следеше. И беше страв до продавница да отиде. На крај го пријави во полиција. Среќа што они го средија. Манијак. А на почеток не изгледаше за таков.
Сигурно се прегледани камери само не кажуваат во јавност ништо. Којзнае низ што се поминува девојчетосамо жива и здрава да се најде што поскоро
А ќе пишев па заборвив, не знам зошто на повеќето ви е чудно што мајката дигнала толку бргу паника, и јас да сум ќе дигнам, посебно ако си паничар човек. Ако знаеш дека дете е одговорно со телефон, ретко доцни, скоро никогаш и секогаш се јавува, сигурна сум дека во еден саат неизвесност ќе помислиш на се и ќе кренеш паника. Пример јас знам дека мајка ми секој ден без исклучок ми пишува на пауза од работа или ѕвони и ако случајно некогаш ја нема одма аларм ми се вклучува и мислам на најлошо, оти стварно неколку пати кога ја немало било нешто лошо, дали неарна, дали на болница, дали некој друг неарен. Исто и таа знае дека без исклучок и пишував во Лондон кога бев секој ден кога се враќам од работа и ако не немаше саат/два одма алармантно реагираше. Така да вакво однесување воопшто не ми е необично и јас скроз исто би реагирала.
Им ебам матер више, преку глава ми е колку психопатски се понашаат. Ме следеле до дома, ми иделе на прозор, од кола се стрчале да ме грабнат. Светот без мужи ќе цветаше.
Сега видов дека и во Србија втор ден по ред објавуваат за Вања со слика од неа. И во незнам која друга држава. Дали ова значи дека се сомневаат дека ја преминала границата? Не сама, туку со некој....
Јас мислам дека знаат нешто, ама нема да го објават. И за камерите убедена сум дека имаат видено нешто. Останува да се надеваме на нешто добро. Не знам какви луѓе се тие што го прават ова?
Жално многу чичкото ја моли, нека види нека се врати, никој нема да и вика само да е жива здрава. Ова треба и по вести да го пуштат, дека се бара, нека излезе мајката сестрата, цело време да се слуша.
Не го познавам девојчето, ниту нејзините но многу ми е страв да не се оствари најлошото, паничар сум по природа и доста сум емотивна па и за луѓе кои не ги познавам, за вакво нешто треба човек психички да може да издржи секаква вест од ден за ден, јака им душа на најблиските, нема ништо полошо од неизвесност и чекање, дај боже да не биде најлошото, дај боже да се спаси некако ако е во невоља, да може полицијата да реагира побрзо некако и секунда и минута многу значат, ах бре има ли крај веќе на ова? Нека заврши овој кошмар, што е можно поскоро со позитивен крај
На последно место ми е тоа, стварно крајно,дури незамисливо али колку само случаеви има кај што родителите се психопати, а никој не се посомневал на нив, дури ни најблиските дома не. Фрицл пример, добро он не ја пријавил ќерка му за изчезната туку наводно во секта била ама и наводно нити жена м т.е мајка и не приметила ништо толку години. Јест да е крајност нели, многу дури ми е и глупо што го дадов тој пример пошо мајката кој знае низ што поминува али имало случаеви ете за жал, па секоја можност се разгледува. Но не верувам во тоа, ниту дека сред центар на место кај што има секогаш луѓе, посебно тоа време работа-факс-школо, некои со марамче да грабне девојка (иско и тоа се дешавало и тоа во поголеми градови, пример Наташа Кампуш). Едино ќе се сложам со повеќе членки, мислам дека е подолго време следена од некој кој го познава добро и има во него доверба, заради љубов не е сигурно доброволно избегана ама или и се пикнал некој со таква намера под кожа, стекнал кај неа доберба, заљубеност бла бла и без да знае што ја чека, влезена во кола или ете познаник кој долго време ја прател. Само имам прашање, пошо разчично инфо прочитав. Дали е она видена кај броз или само лоциран телефонот? А интерпол многу е нормално да го вклучат пошо се работи за изненадно изчезнување на малолетник, мајката спомна дека мисли дека е киднапирана и да не се сомневаат на поминување граница, тоа е скроз нормален чекор. Верувам дека имаат доста инфо, Мк не даваат информации ,Србија за разлика прикажуваа и снимки и теории за случај Матеј, дури и во живо се пренесуваа снимки од полицијата како го бара психопатот кој го киднапира девојчето
За мајката што реагирала брзо воопшто не ми е чудно, ниту пак за професорката. Едноставно, за членовите на фамилијата точно знаеш што може да биде вообичаено и "нормално" а што не. Како на пример некој што е одговорен, не доцни на училиште, исклучен телефон и не појавување на училиште е аларм. Со професорката исто не ми е чудно, има сеуште одговорни и принципиелни просветни работници, и тоа ме радува. Еве да кажам за мене, дома знам точно кој ја отвара влезната врата. Тоа е сосема нормално да знаеш како функционираат членовите на твоето семејство. За сценаријата и што-како било неможам да кажам ниту па да замислувам. Сепак некој логичен заклучок ми е дека полицијата влегла во трага, денеска е некако потивко и нема многу информации, барем по порталите (кои ги следам јас). Секако дека на јавноста нема да се презентира се. Случајот е малку повеќе комплициран, истрагата ако не се лажам почна веднаш и затоа сигурно има причина. Да се надеваме дека се ќе биде добро, и ќе се заврши добро.