Добро никој не вика дека сигурно блиските се вмешани ама од аспект на полицијата, не може да паѓаат на "родител е, арно му мисли". Секогаш сите можности се разгледуваат
И таму ја следам темава, го видов ова ама подоцна пишаа дека пвеќе членови се лен на оваа платформа дека се е анонимно, нема слики нема колку год си и сл. Само игри се играло.
Сигурно е испитана жената, и се истражува сè околу фамилијата, ама гадно е да се зборува за мајката во овие моменти кога не се знае ништо, барем сега треба да се воздржува од небитни коментари кон неа, греота е, невкусно. Башка уопште не ве разбирам што ви е сумљива, еве искрено.
Така де. За врвот од цел свет ќе се потресуваме пиле да не прелета, ние обичните смртници слободно можеме да гориме живи по болници и автобуси и да шетаме во темници оти штедат струја навечер.
Искрено, уште не ми е јасно како дете од 14год на сред бел ден, во најраздвижениот дел на Скопје го снема и го нема веќе 5 дена… Како???
Единствено ми е логично да имало сериозна причина па МВР да постапува(со соопштенија, каде бил исклучен мобипниот) после саат и пол од пријавата. Секако не можат да го споделат ова со јавноста. Не мора да значи дека избегала со некој, може закани биле
Еве еден пример. Свекор ми не носеше мене и на ќерка за Приштина оти од таму имавме лет. Ќерка беше заспана на мене и не можев да мрднам да истам пасошите на Мк граница, можев да ја разбудам де ама свекор ми ми рече немој, на полицаецот му даде само лична карта негова и му вика колеги сме ( вистина се) и полицаецов само не виде нас две на задно седиште и рече убав ден, нит побара друг било каков документ, следно беше на косовска граница, ист муабет, пуштени без печат. Му кажувам на маж за случкава, а он е бивш граничен полицаец ми вика не се нормални какви пропусти праат, ем загрозуваат човечки животи, ем они се ставаат во позиција да изгубат и работа, a пред се замисли да си одговорен за нечиј живот. Така да, се бива, со муабет, со пари најчесто.
Сличен муабет направив неколку страници наназад, мене не ми веруваа. Снаа ми помина Албанска граница со истечена лична карта, со 30 еур. 10 кај нас, 20 кај нив. Фактички со 60 и за враќање. Ама значи не е дека не може. Обичен смртник што е никој и ништо така да си помине, не па некој "поголем", абе аман.
Еее колку ги има, шо се не прааат, аеродром е друго ама вака за копнени граници уух луѓе со гоодини на црно во странство и ги внесуваат или печати удираат на пасош без некок да се појави на граница. Се си бива за пуста пара. Само ќе кажам дека Мк систем на гранична полиција е далеку поразвиен неко Еу, Еу немаат сите информации доколку се смени пасош, а Мк работи и на принцип со матичен број. Само шо постојат луѓе кои не си ја сваќаат позицијата сериозно.
Обично некам вака да коментирам ,и не мора да е точно и да значи нешто ..ама слушнав чаршиски муабети дека дедо и работел царина на времето
Не ме чуди ништо веќе во државава. Се е корумпирано, се е набутано со врски, никој поима нема да работи, неколку души само што ја вршат работата како што треба со еден збор се си еб*** мајката. Не знам зошто се чудите како може да помине малолетно лице без пасош надвор од државата . Еве како можело. И невозможното во нашата земја ќе го направат возможно.
Toa zborev.. Sekoj tret den ıdam za Kosovo ı povekje pomınuvame bez ı da podademe dokumentı. Plus da ne zboram za okolnıte mesta kade e mnogu lesno da se pomıne. Eden poznanık tuka napravı tesko krıvıcno delo do skoro bez problem sı zıveese tamu, koga najde tuka vrskı sı se vratı
Да,ама така најдалеку ќе стигне до Албанија,Косово или Србија,понатаму како? Друго,не мора да значи дека е надвор од државава,небаре малку психопати шетаат меѓу нас овде.
Ако тие што се киднапери (зборам општо, не за девојчево) одат преку граница, нормално дека имаат соработка со некој во таа земја кај што одат. Е таму сигурно или ги пренесуваат исто на црно (ко мигрантиве на пр.) или им прават фалц документи или па ете Албанија или Косово е дестинација за органи, бело робје и не сакам ни да мислам ни да пишам веќе, језа ми е и од пишаново.