Само да ве потсетам дека девојчево има сестричка која има пристап до Интернет и не би било убаво да ви ги прочита сите овие работи кои сте ги испишале овде или ги пишувате на Фејсбук. Има толку многу теми на кои можете да терате муабет, ама ова не е таква тема. Понекогаш, пред да кажете/ напишете нешто, размислете на другите кои се во маката. Да потсетам: НА ЕДНА МАЈКА Ѝ Е ИСЧЕЗНАТО ДЕТЕТО!
Српските национални телевизии и Грчките објавија за случајов. Не знам што се чудите за поминување на граница без патен дикумент, лична карта. Маж ми вози камион по соседниве држави Косово, Бугарија можеш да ги поминеш со 20 евра...не те ни гледа кој си и што си на граница и царина. Верувале или не нашиве и Србите се најстроги во тој дел се тресат и проверуваат ако си сомнителен, а ваму буквално поминуваш така. Затоа све е можно и да помине граница во Косово и никој да не се замара дали е малолетна, има ли пасош...
Јас сум на страна на девојчето. Жал ми е за родителите навистина, но додека не се докаже спротивно секој со кој била во контакт е потенцијален сомнителен. Таа е реалноста и разумноста, а во овие моменти итекако е важно да се водиме по нив. Времето најдобро ќе покаже кој е лажен, кој е тажен.
https://telma.com.mk/2023/12/01/pre...-den-ja-nema-14-godishnata-vanja-gjorchevska/ Министерот Спасовски изјави дека се прегледани над 50 камери, сите подруми, речното корито на Вардар, земени се сите електронски уреди и од нив имаме некакви сознанија, рече Спасовски, објаснувајќи дека специјалниот тим работи активно речиси 24 часа. Додаде дека се проверени сите манастири во земјава. Имаат некакви сознанија од електронските уреди. Да се надеваме дека е така и ќе заврши добро.
Одлично. Ете, сепак си ја вршеле работата, што дека се потепаа во темава кој е прав а кој не. Ова буди надеж, јас се израдував! Дај Боже да е само жива и здрава.
Не знам само што е за радување кога не ја нашле, да се способни ќе ја најдат а од девојчево нема еден траг 5 дена.
Еве нешто да нѐ освежи малце. Аман доста па и вие не тражеле, не биле способни. Само мрчење од луѓе пред екрани со прст у нос. И онака сме у грч, дајте малку верба и поткрепа. Интерпол се активира за 48 саата, како тоа не барале? Цела држава и Балкан се крена на нозе.
Ете така бар да ни кажат колку толку да имаме некоја надеж. Што побрзо да го пронајдат девојчето живо и здраво.
Ништо не им верувам. Посебно не на нашава утепана полиција, така сите инспектори велат имаме некакви сознанија. Тој што имал работа со инспектори знае. А тоа дека се кренале цела држава и Балкан на нозе е пресмешно. Освен со коментирање и лажно моралисање никој не се кренал на нозе.
Не велам дека нема корумпирани полицајци, ама не се сите исти, ете пример на членките маж, свекор што биле полицајци се чуделе како поминале граница, и тоа што пиша можеби за во Албанија, Косово, Србија, ама на други тешко. Ај ако така се поминува на другиве граници да не вадиме пасоши со Северна, со стариот да поминеме.
Затоа што вака црно и негативно гледаме на сѐ во државава, затоа не нѐ бива. Размислете дека се наоѓаат добри луѓе што си ја гледаат работата, иако за жал можеби се малку кај нас. Вашето или моето искуство со одредена институција не е универзално. Ако до толку не ги биваше, ваљда родителите ќе се жалеа до сега, веќе кога се одминати неколку денови.
Да бе така е ради нас што гледаме реално како стојат работите затоа не не' бива а не ради тоа што имаме неспособна полиција. Баш напротив ради такви кои им е ок полицијава наша потпросечна затоа нема напредок во работата нивна. И овде генерално не се мисли на полицијски службеници туку на подлабоки кургови во полицијата кои даваат наредби и имаат поголеми одговорности.
луѓе, ако само тапкаат во место и не превземаат ништо верувам дека мајка и веќе ќе имаше излезено пред медиумите и ќе бараше друга помош. Јасно е дека работат немора се да изнесуваат во јавност само за да се задоволи нечија љубопитност. Инаку ја стојам на тоа дека е некаде заминат со некого и ќе ја најдат.