Јас не реков дека полицијата е во ред во државата, свесни сме дека не е. Ама за овој конкретен случај мислам дека е поразлично. Барем се надевам дека е така. Родителите ќе излезеа до сега и ќе бараа помош каква било.
По статусот на тој Ерол кој ја моли да се појави да не се плаши ми дава надеж дека се сомневаат дека е со некој дечко. Можеби од дома е строго држена и тинејџер ко тинејџер решила да бега...Дај боже да е така и да се појави жива и здрава.
Која друга помош ќе ја побараа? Ако имаше друга помош сите ќе баравме од таму а не од нашата полиција. Туку нема ништо подобро
Ете ви потврда дека се прегледани камерите. Можете да престанете со тоа. Тие што се сомневате во нивната способност, одете на ФБ на МВР и на Оливер. Вршете притисок да тера истрагата. Тоа е подобро од вадење теории без информации. Јачина на тастатура да се покаже и таму, не само на форумов.
Не верувам. Каде толку време ќе се крие, скоро една недела помина. Можеби го пишал тоа во друг смисол.
Говорот на министерот во врска со истрагата некако ми дава позитивно чувство?! Не сум голем експерт во областа, ама вчера како што пишав и тука, малце беше стишена атмосферата и денеска министерот излезе на прес. Верувам дека се прави се што е во моќта на државата. Да не заборавиме Скопје деновиве е под будно око на светот. Големи "глави" се таму. Сигурно и надворешни безбедни сили има во земјата, тоа може да биде "плус" за случајот. Секој би бил од помош за малолетно лице. Само неможам да не ги искоментирам луѓево. Какви коменари, какви експерти. Тоа се вика: "Да седнам и да напишам нешто, не е битно што". Ништо не им чини, од ништо не се задоволни. Значи немам коментар! Вршат тензии, притисоци, мешаат политика. Забележав дека и емоционална и социјална интелегенција недостасува кај овој народ.
Многу девојчиња се во врска со Албанци, ако нејзините не и дозволувале да биде со тој, можеби избегале надвор...Во Косово. Не знам може и е страв од реакцијата на родителите и за тоа што се крена цела држава на нозе...Некако полесно ми е да мислам дека е така, одколку на најлошото.
Имам теорија, ќе ја пишам кратко. Под претпоставка станува збор за киднапирање поради закана или изнуда тогаш сето време (овие 5 дена) од страна на полицијата се работи на преговарање околу сума на исплата и гаранција дека Вања ќе се врати жива. Штом има индиции, а сеуште нема можност за безбедно враќање ова ми е единствено логично објаснување. Можните причини се веќе пишани страници наназад и не би да се повторувам.
Не мора семејството да е вмешано. Може станува збор за трговија со органи, ланец на проституција, грабнување од страна на психопат. За сите наведени сценарија преговарачите во полиција може да понудат одредена сума. Причини може да има илјада но, како минува време се повеќе сум сигурна во оваа теорија на конто изјавата на Спасовски.
Можеби. Времето ќе покаже. Дури и да е така, ќе се детектираше на Косовска граница нешто сомнително, не мора да е малолетничко минување без ID, туку општо. Албанците колку год биле лабави на овој реон, некој на крај ќе пропее. Инаку, лично мислам дека ќе има расветлување на овој случај, но можеби нема да има позитивен исход...
Воопшто не ми личи на таков тип на девојче, бунтовно. Можда само мој впечаток али премногу фино ми делува за да избега со дечко и цело семејство во грижи да го остави.
Не е за гледање позитивно, туку за гледање реално на работите. Пред некој ден членка постираше за деца што ги снемало во изминативе неколку години и сфатив колку брзо се забораваат и баталуваат случаите кај нас.
Aко било за дечко, си велам некоја другарка ќе кажеше до сега, или не мора другарка, деца од училиште, некој, било кој, ќе се разбереше.
Сериозно мислиш дека ако е извадена од граница е извадена на легален премин? Многу идеализирате некои работи. Да знаете само какви прелази има околу и наоколу...
Не верувам дека е за дечко или по своја волја. Ако беше така ке се најдеа траги зашто се деца реално и ке остават траг позади себе. Нешто посериозно ќе да е.
Искрено и моето мислење е ова. Не сакав да пишам ништо, ама кога веќе се спомна… Имам случај од многу блиска околина каде за среќа не дојде до ова, ама беше блиску за жал. Дечкото ја убедуваше да заминат преку граница без никој да знае, среќа семејството на девојката реагираше на време. А како тоа изгледа ’таков тип’ на девојче? Се работи за тинејџерка, ко да не сме биле и ние во тие години и не сме ‘летале’ со умот. Не мора да значи дека ќе кажат, од страв ради ескалацијата на ситуацијава, сакаат да ја скријат другарката или крајно мислат дека се работи за нејзино добро. Не сте свесни какви се мисли им се вртат на децава и колку се лесни за манипулација. Како што спомнав и погоре во случајот, девојката ги имаше сите другарки нејзини изманипулирано дека дечкото не е ни Албанец, дека им е совршено и дека мора да биде со него, а тој бог само знае во што се не беше испозамешан. Дај боже да ја најдат Вања и се да е во ред со неа. Секој ден чекам вести за ситуацијава и сум многу потресена, зашто ова ми е ептен close to home.