Што не води до заклучокот- џабе пасворди, и џабе нејзиното исклучување на можни сценарија. Може да правиме какви сакаме филмови, јас не верувам дека апсолутно може да знаеме и контролираме некого, па било тоа и наше дете. А од слика експертите што познаваат кој каков човек бил, и што би можел што не да направи-алал вера.
Скоро со се се согласувам, освен последното, дека МВР немала капацитет. МВР може да нема tools, ама дека има способни луѓе, секако дека има. Нас овде и на фб се ќе ни текне да провериме, не пак нив.
Неповрзано со случајот. Малолетник не смее да има приватност на уредите. Малолетник нема доволно памет. Родителите мора да контролираат.
Има поединци на темава што никако не ги вадат розевите наочари... МВР ги пратеше по камери дечките што ограбија обложувалница у факинг Ченто и ги фатија. Ама на камерите у Дебар Маало не може да се види ништо сомнително. Детево го нема веќе 5 дена, нека биде дека имаат информации и не се објавени со цел да не се загрози истрагата.
Касниш. Речено е дека прегледале камери,провериле уреди и дека имаат сознанија. Индицира дека виделе нешто. Нормално дека не можат да кажат какви сознанија поради истрагата.
Тоа што ние не сме информирани јавно, не значи дека не се реагира, или дека нема сознанија. Верувам дека се реагира, вклучено е и Интерпол и полицијата од соседните држави. Мислам дека нема потреба да загрозуваат истрага, за нас да ни кажат што виделе на камерите. Нашата љубопитност не е поважна.
Не ја разбирам реченицава зошто не би сакал да го рискира својот живот за сопствено дете?! https://www.vecernji.hr/vijesti/ota...OoWUX0BP-mgxjsblXF4i5urrEjtHF3JXKrPj3fej3hfk4 Инаку во контекст на муабетот вчера за брзината на пријавување на тинејџери. синот (15) на моја блиска вчера губеле два часа во школо,дошол дома во 11 и си заспал.Мајкава го бара околу 13 часот кога вообичаено го бара, не се јавува,таа доаѓа дома порано од работа во 14 и го наоѓа како си спие,а на телефонот му врти серија.... зошто не пријавила веднаш?
Не се разбираме, а не е ни битно да се разбереме. Никаде не нагласив дека сакам да ги знам деталите на истрагата и да ја задоволам својата љубопитност. Општо познато е дека првите 24 часа се критични за пронаоѓање кога се работи за исчезнато лице, посебно дете. После толку време изминато како во случајот со Вања, се бара тело, леш, труп. Искрено се надевам дека ова ќе биде исклучок. Не сум мајка, ама сум сестра. Не знам како би преживувала сестра ми да ја нема дома 5 дена, па и да сум убедена дека надлежните си ја вршат работата сто процентно.