И ти беше скроз океј со тоа родителите да ти читаат разговори со другарки/дечковци, да мораш да пишуваш со резерва оти знаеш дека ти душкаат по пораките? Еве, јас не би била баш среќна.
Во мое време (не дека сум стара ) немаше социјални мрежи. Интернетот не беше толку застапен. Сепак бев контролирана од татко ми. Каде одам, со кого се дружам, кога ќе се вратам... Некогаш се нервирав, ама сега сфатив зошто постапуваше така. Секакви манијаци има. И тогаш имаше вакви работи. Опасно време дојде. Од секого треба да се пазиш. Не можеме да имаме доверба во децата 100%.
Втор пат им е ова на девојчињата од Грција. Претходно на 25.10 исто така се воделе за исчезнати, сега пак на 30.11.
Од вчера. https://www.slobodenpecat.mk/en/fot...godishna-vozrast-vchera-ischeznaa-od-kalitea/ @Maca Macka Не знаев, кај биле првиот пат?
Јас еве ќе кажам за мене. Премногу строг родител и премногу контрола направи само да ни се наруши односот, тотален контраефект, да се повлечам во себе, да не споделувам ништо поради природна потреба за приватност и ме научи да сум екстра претпазлива во што и да правам за да не ме дознаат. И кога имав некаков проблем наместо да и се обратам неа, јас се сама решавав, скришно. Јас не би сакала моево дете така да има страв од мене и да нема приватност зашто нема ништо добро од таков однос.
Не знам, на грчка страна на ФБ читав во коментари. Не живееле со семејствата, односно биле деца што се одземени од своите семејства претходно и веројатно од таму успеваат да бегаат.
Ние другиве сите со дрога завршивме. Толкав sheltering не е добар, ама ајде да не продолжуваме оф топик.
Спојлер Не го проверувај ти твоето, де. Ама, ако заврши во полициска станица или трудна на 16 години, или мртва во ендек, тогаш нема да мислиш вака.
Ај и јас да споделам. Јас имав родител кој решаваше проблеми со црекање. Во суштина немаше реални проблеми, ама измислени. И јас и брат ми имаме анксиозност и страв од преземање ризици. Помеѓу другите работи, а еден куп ги има.
Не го реков тоа. Ама, има родители кои не контролирале, па после кубеле коси. Туку, доста со оф топик.
Буквално на секоја тема е исто. Се раздолжува се филозофира и се прај хипотетички ситуации дури и во граници на страшна небулоза и осетливо. И тоа без никакво чувство. Сте се замислиле ли како би се осетил некој баш близок на семејствово и да ве чита итн? Ако можите да помогните запамете ја и ако случајно ја видите информирајте полиција и толку. Не сте никој фактор да судите шо ајфон користела какви патики облечена итн. Па и измислување глупости.
Па затоа се разговара со детето, му се објаснуваат многу работи, за да знае. Подруго е кога ќе биде слободно да му каже на родителот нешто или да го праша ако го мачи нешто отколку да го контролираш. И кај мене имаше спротовен ефект контролирањето, почнав многу работи да кријам и да сум повеќе претпазлива да не дознае некој. Искрено, би сакала да имав родители на кои можев да им кажам се, можеби немаше толку грешки да направев.
Од почетокот се познава дека многу работи се заплеткани и преголема коинциденција има. Пријавувањето по 10минути за исчезната, исклучувањето на мобилниот, камерите кои не покажуваат ништо, објавувањето во Интерпол по само неколку дена додека некои други и по 10 години не се објавени… Дај Боже да се најде девојчето и се да помине во најдобар ред
Сега излезе не мајката туку таткото ја пријавил за во полиција и дека сите теории ваму била онаму била не се точчни. А и не треба ссе да ссе вади во јавносот. Мислите тие што ја држат или тој со кого е, не чита? И што очекувате од сааат во саат извештај на полицијата? Само нека се најде жива и да се реши. Не сакам да знам како им е на нејзините .. Страшно. https://www.slobodenpecat.mk/tatkot...nema-potvrda-oti-tragata-i-se-gubi-kaj-silbo/
На два часа ја отварам темава со надеж дека има славје овде. Ама не бре! Го нема детето и го нема !! Те молам Боже нека се врати чедото кај мајка си
Какви 10 минути? Те замолувам исчитај 20-30 страници понапред или било која официјална статија за да малку се едуцираш пред да коментираш овде нешто што веќе 30 пати е анализирано