За камерите не би рекла дека не покажуваат ништо. Очигледно нема да дознаеме во скоро време. Не се согласувам детето да се контролира премногу. Ама и да не се пушти од ланец. Затоа што после може да има последици. Некоја новост има?
Исто. Со мајка ми сум поблиска одошто со татко ми ама не е баш 100% блискост и со неа, не можам да и кажам ептен ептен се во врска со мојот живот. А со татко ми не. Океј ни е фамилијата ама со него не се чувствувам ни малку блиска, за ништо ама ништо не разговараме. Можеби уште за време на воспитувањето не ми дале до знаење дека можам да зборувам за се со нив. Не дека сум лошо воспитана, пак ќе речам се е океј ама стварно не знам на што се должи таа оддалеченост. За преголема контрола не се работи, не ме контролирале толку, да речам како обични родители, така и тие.
Абе види, некогаш и да им кажеш веројатно нема да те разберат. И оти потсвесно го знаеш тоа, не им кажуваш.
Значи сега испаѓа првата изјава на мајката е неточна . Дека пријавила во 08.35 По ова таткото пријавил во 11часот Матна е нешто работава. Дали девојчето искочило тоа утро?
Аман, 7:15 почнуваат часовите, 7:40 и јавиле. На фејсбук беше објавено по саат два кога веќе имале пријавено, и за едукација мене и тебе не делат еден тон книги со сигурност, патем за вакви работи не се едуцира, туку се информира, така да нема да продолжам со муабетов, анализата ќе ја оставам на “експертите”.
Кога ќе имаш дете не му гледај пораки и после кај згрешив шо згрешив. Поддршка за родители што читаат/следат сѐ од нивните деца.
Платете и приватен детектив да ги следи, мене ич не ми е проблем. Наместо да се поставите спрема децата на начин на кој тие нема да се плашат да разговараат со вас за нивниот живот, вие ќе му дишите во врат.
Мене ми е нејасно зошто спомнуваат цркви и манастири дека пребарувале? Што би им текнало баш на тие места? Зарем постои сомнеж дека самата избегала и би отишла во манастир/црква? За пријавата во полиција нека не ви е нејасно. Мајкава пријавила телефонски, а таткото отишол во Беко веројатно ги кренал во воздух дека е сериозно и отвориле записник. Инаку телефонски може не ги сфатиле сериозно just saying
Aми не значи ако имам лозинка од детето дека ќе го проверувам на секое. Ама за не дај Боже ситуации, побрзо би било да знам лозинка јас, отколку полиција да хакира. Што е побрзо?
Можеби мајката пријавила веднаш по телефон, па од полиција се и рекле да почека, да провери по другарки , а потоа таткото лично во полициска станица е пријавил официјално.
Абе се согласувам за приватност, ама безбедност пред сѐ. Дечињава се мета на сѐ и сешто, кога ќе се случи недај Боже касно е... Убаво е да се има надзор. Таткото пријавил 7:27 утрото. Редактирам: грешка, пријавил дека тогаш излегла од дома.
Ми излезе на фб еден пост за Вања, ама од Хрватски медиум. Под него коментари (ниту еден недоличен), ама заприметив и еден баш долг и опширен, од жена. Го прочитав цел, се што имаше напишано имаше логика и не беше конспирација. Си реков, дај да видам дали и Хрвативе се тролови како нашиве, па да и се исмеваат. Немаше такво нешто, само поддршка и во право си. Си викам, како бе Хрвативе имаат храброст се јавно да пишат. А кај нас и кога ќе ги натепаш ќутат. Можиме и да научиме нешто од нив. За сите вие што сте биле демек згрозени од тоа што има ваков интерес. Аман бе, да бевте згрозени немаше овде секој коментар поедично да го прочитате. Еве и јас читам, чат-пат и ќе пишам нешто, ама не правам virtue signalling и не вреѓам други. Кој си ти или јас, да му скратуваме право на мислење на некој. А да, не е е баш се овде напишано глупост.
Да постои, многу има што се замошени т.е се на проба во манастир без да известат. Имаше случај кај што Србија ја најдоа замошена, па и маж имаше во Мк што после некое време одкрија дека е замошен ( мал град па се знае се ) сеа дали она покажувала некои знаци или не дека и оди на таму паметот не се знае, но дека имало случаеви имало.
На крај ништо од ова што го коментираме нема да испадне вистина и ќе испадне дека во сосема друга насока се движела истрагата. Почнува да ми мириса и на депресија, за што не мора на таа возраст причина да е булинг, некои луѓе се едноставно во депресија, а што претходело на тоа, за некого може да е ништо, за некого се. Така да и таа веројатност сега не би ја исклучила, евентуално да си пресудила.