Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Илјада теории, на крај може ниту една да не е вистинита.
    Јас моите ги пишав назад, не мора да се точни, сепак разрешницата ќе даде одговор.

    Она што имам да додадам е дека до денес требаше да имаме бар некакво сознание за што од прилика станува збор.

    Во времето на Глигоров државата беше трула но, имавме сериозно новинарство. Високо истражувачко и еманентно.
    Новинарство кое не беше на ниво рекла - казала, или кутра Дон Жуан белетристика, |( туку новинарство кое нудеше квалитетен психоаналитички insight во секој еден случај и ситуација.

    Зошто сега немаме такви медиумски борци кои влегуваат во сите институционални пори и трагаат по вистината наместо да работат за 5 минутна слава читаност и лајк?

    Па, јас лично да сум новинар бре, со часови ќе чекам на минусни температури пред
    кабинетот на Спасовски! :punch: Би се јавувала кај сите колеги, колективно да вршиме притисок дур не се добијат информации за јавноста.
    Ова новиве генерации новинари слабаци, мочковци, бљак!

    ..Каква е оваа држава, народ се тресе од паника, ти со скрстени раце пасивно молчиш, даваш едвај една изјава на ден
    и сешто овозможуваш е јадна 11 минутна емисија за случај на исчезнато дете во пик на градот?!? (facepalm)

    КаДе Се ЕкСпеРтИтЕ за исчезнати лица, психолозите, криминалистичките профилири да се појават, ало! :call:

    Лудница у бестрага...Не знам што да напишам веќе, извишно е.
     
    Последна измена: 2 декември 2023
    На ideniki1, VDT2906, Emilija97mk и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    40.015
    Пол:
    Женски
    Види, те сфаќам што ти е поентата и во право си.
    Ама информации за јавноста, за истрага која е во тек, никаде во светот не се дава.
    Можеби некои "коски" да се фрлат, но генерално не даваат за да не се наруши текот на истрагата.
    Битно е да си ја сработат работата, она жива и здрава да си дојде дома, па за информации подоцна. (Освен во одредени случаи за кои се надевам дека она не е во нив).
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, VDT2906 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Се даваат, како не се даваат. ;)
    Ако институционалните полициски извори одбиваат тогаш новинарите 24/7 разглабаат за можните сценарија.
    Се создава специјален тим на експерти од најразлични области (не мора полициски), кои во првите 48-72 часа од истрагата се појавуваат на телевизија и прават реконструкција.

    Освен ако не е случај на киднапирање со изнуда или крвна семејна одмазда како што претходно напишав, полицијата е етички должна да даде насоки за безбедност.
    Не мора ни да ја опише точно ситуацијата, но од прилика да се даде некаков траг за што станува збор.
    Ова веќе 5 ден и ништо, полека влегува во статистика...

    Во краен случај излегуваш на прес со смирувачки тон да намалиш тензија и објаснуваш која нова мерка ја имплементираш за да го подобриш системот на самоуправа да не се повторат вакви гомненици, ти текнува?

    Јас во случајот на Вања извини но, не гледам ништо вакво и се помалку гледам позитивна разврска на цела ситуација.
     
    Последна измена: 2 декември 2023
    На baby-star и SV1911 им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.079
    Допаѓања:
    21.619
    Пол:
    Женски
    На dea.18, DaisyDoo, mira.mira и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Таму и се губи сигналот на телефонот.

    Некако добивам надеж дека жива и здрава ќе се врати:inlove:
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.253
    Пол:
    Женски
    Е, да бе ко во филмовите...
    Не, не се даваат.
    Веќе е кажано поназад и повторено повеќе пати.
    Тоа може да ја загрози истрагата, а (не дај Боже) и животот на девојчето.
    Твојата љубопитност не е битна за разлика од неа.
    МВР предупреди да не се шпекулира. Не смеат тоа ни граѓаните, ни новинарите.
    И реконструкција не може да се прави при недостиг на информации. Не би било во ред.
    Ако некој добие точна информација, се знае дека треба да ја извести полицијата. Не љубопитните луѓе.
     
    На An-na, spacegirl92, Discovery и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Ама кој тоа ви го кажа? :D

    Не постои закон кој забранува објективно, истражувачко новинарство.


    Тврдам и потпишувам со закон.
    Башка кој ве убеди дека не смеат да се даваат информации да не се загрози истрагата, Спасовски? :wasntme:

    Смешки за безгласна буква на оваа банана држава како него.
    Башка не зборуваме овде конкретно за него и полицијата толку, колку за новинарите и нивниот труд на темава, ама очигледно селективно се чита.
     
    Последна измена: 2 декември 2023
    На christinnn, Снегулк@23 и Lisandra им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.253
    Пол:
    Женски
    Смешки во ваква тема не.
    Прочитај пред да се смееш.
    Ти пишав и за новинарите. Ти селективно читаш.
     
  9. Kreacher

    Kreacher Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Гледаш, дамиве до сега коментираа дека случајот добил преголемо внимание во јавноста... Очигледно несвесни дека ова не е ни 10% од тоа што треба да се случува.

    Се надевам дека мајката основано (т.е. има информации кои даваат трошка надеж) дава вакви изјави:
    - "Нагласувам дека сум задоволна од работата на полицијата, се е во нивни раце." и
    - "Што можеме да направиме ние? Да бараме по улици?"
    Јавноста историски се користи во вакви случаи за да се врши притисок врз полицијата да си ја работат работата одговорно, пошто исто така, историски, е познато дека тоа не го прават. Не само кај нас, во целиот свет.
    Тоа можеме и треба да го направиме ние.
     
    На Mnik, SummerGirl, Spicy Senorita и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Мхм, работи МВР деноноќно, сигурно.
    Спијте мирно, така е. :hai:
     
    На Polyincognito, Emilija97mk, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Angelwoman

    Angelwoman Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто не можат да пронајдат не мислам дека секое лице е починато што прават спијат ли
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    40.015
    Пол:
    Женски
    Човек, не знам кој филм си го гледала ама реалноста не е таква, никаде.
    Се напна со новинариве, зошто ли сценарија не правеле, мислам, детски муабет.
    Немаме новинарство истражувачко, точно ама ти тоа што си го замислила нема врска со тоа
     
    На Bitter-Sweet, nextredstyle, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не мора да откриваат детали, само треба да кажат дека има напредок во истрагата за разлика од претходно и тоа ќе ни биде доволно.
     
    На Bitter-Sweet и Ketchup им се допаѓа ова.
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    У темава може било каква глупост да се пише сѐ додека се заврши со "ама не е битно, само да се пронајде жива и здрава".
     
    На Bella •••, Sielo❤️, Bezimenka90 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    На почеток од дискусијава го спомнав нели Петар. Го заборавија, од сиромашно семејство, од село, од родители кои немаат влијание и на крај и јавноста заборави. А не беше толку одамна.
     
    На Masnickaaa, ideniki1, No Makeup и 8 други им се допаѓа ова.
  16. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    можеби дека се ближат избори па да се докажат пред луѓето
     
    На no name5 и @ceci11 им се допаѓа ова.
  17. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ако не ја најдат за брзо мислиш нема да се заборави и ова?
    Ќе стивне се,и фб статуси и темава....се,тешко на семејството.
     
    На Skorpija25, Sielo❤️, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    177.373
    Пол:
    Женски
    Точно дека немаме истражувачко новинарство, меѓутоа новинар не смее да објави детал што на било каков начин може да ја попречи или загрози истрагата. Тоа е кривично дело. Новинарите апсолутно имаат значајна улога во вакви случаеви и во прв фронт треба да ја следат и да ги притискаат властите кон континуирана истрага, ама истовремено многу да внимаваат што објавуваат. Оти ги имаме и оние како курир кои за кликови ќе пишат сешто. Тоа никако не смее да се случува.

    Без разлика колку ние како јавност сме љубопитни, кога се работи за малолетник особено, никој не е должен да споделува премногу детали. Нас ни е битно органите да си ја завршат работата и случајот да има разврска без разлика на исходот, иако секако сите се надеваме на најдоброто.
     
    На friendy, *Amethyst*, VDT2906 и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Кој беше тој Петар и кога исчезна?
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.673
    Допаѓања:
    24.430
    Пол:
    Женски
    Тоа саксв да пишам ама ај реков. Замисли објавуваш на Фб дека ти исчезнало дете, народ споделува и чека дс се пронајде, бара одговори, а ти не си ја вршиш целосно работата, одма е неспособен и политички поени во минус. За жал многу работи во животот за некои луѓе се поважни од животот на другите, па така да некои политичари се оперирани од чувства и само во своја корист работат.
    Не знам дали знаете кога исчезна Матеј хрватот во Србија, цел народ се крена и бараа одговори, таткото на Тв,за него беа вклучени сите, емисии се праеа, теории 300, во тои период уште едно дете исчезна ( жив го најдоа) ама за него 1 се кажа и се заборави иако 4-5 дена го немаше. Ние сме тие шо форсираме, од нас зависи тие колку ќе се залагаат
     
    На VDT2906, L.i.n.a.a, Mnik и 4 други им се допаѓа ова.