Петар беше дете со посебни потреби кој татко му гомпратил по вода у сред недојдија. Тука семејството требаше да одговара за негрижа и занемарување. Многу веројатно го изеле диви животни. Неспоредливо со овој случај.
Можеби, зошто никогаш не го решија случајот? Оти веројатно и доказ дека баш тоа се случило се далечни поими.
Петар дете со посебни потреби, родителите се криви, не е битно, веројатно го изеле диви животни. А кога на темава ќе се прокоментира нешто за родителите на Вања, одма сме ненормални, шпекулираме, како не ни е срам. Си измислувате аргументи како на вас ви одговара, ама ова малку контрадикторно ми делува.
Ајде бре. А за родителите на ова девојче ако се кажеше нешто дека се сомнителни, одма рипаа или рипавте ко хиени. Еве и мене овој случај ми е чуден, во сред центар тукутака да исчезне.
Ма глупости бе. Или дека мајка и работела на висока позиција, па е се ок. Јас знам случај каде што мајката и швалерот го убија детето. Ништо не ми е чудно веќе. Има секаков народ.
Ммм, не сум информирана дека во Дебар Маало родителите биле совршени. Овие сељаци, прости, може и намерно го пратиле Петар по вода, оти не им се чувало дете со посебни потреби? Цццц
Мене ми е жал кај живеам и како се дозволува лица кои потекнуваат од ранливи категории, да се така брзо заборавени. Лицемерие до бескрај. Или ај дека со попреченост, што има врска. Беда.
За Петар душичето мене многу ми беше жал. Не зборувал, бил со посебни потреби.. ама додека нема тело нема ни дело за гонење. Не можат да ги осудат родителите за ништо! Тоа е. Нема врска дали е сиромашен или богат родителот. А за родителиве на Вања, мало е Скопје се се дознава..
Приберете се. Никој не споредува родители дали живееле во Дебар маало или село во Мариовско. Па не бил битен зошто биле сиромашни,измислувате глупоштини. Каде и да живее мало дете со посебни потреби не смее да се пушти само !!! А не во реон кој не е пристапен. Вие ги праќате децата сами низ планини?! Тоа е факт и нема врска со овој случај сега. Секој живот е битен и на Петар и на Вања.
Луѓе, има ли некои новости, било какви? На фб само и ја објавуваат сликата и ја ставаат на стори, вести не гледам ама таму мислам и не кажуваат нешто посебно, и тука читам цело време дали има нови информации.
Немаше да биде битен ако не го спомневме. Впрочем, дел овде не ни знаеа за неговиот случај. Не можеш некого да убедуваш дека е веќе мртов. Кога нема од него ни трага, ни глас. Ниту парче облека, ништо. Ама ајде пак, родителите се криви. Ама само ако се сиромашни се виновни, инаку не.
Срамота за полицијата уште на ја нашла Вања, којзнае девојчето кај го однеле. Треба Спасовски да одговара лично за овој случај.
Нешто смрди у случајов Не е се кажано и оваа слика што првично ја имавме сите ние е неточна Само Бог знае шо точно се случило Јасно е дека со намера таа ден не отишла на училиште Но со каква намера? Чекала да биде сама без сестра и за да го обави планот Ова повеке време и било план Зошто сакала да избега од дома? Со кој е избегана и договорена Од полиција изјавија дека имаат траги некои од електронски апарати и камери Значи ја има на камерите и имаат некој траг Жива е верувајте
За жал како што одминува времето се помалце надеж останува дека ќе биде пронајдена. Првично мислев дека се работи за киднапирање од некој познат или доброволно дека заминала со некој дечко но по серија на исчезнувања што се случуваат деновиве низ балканот постои огромна веројатност да се работи за трговија со луѓе. А државата ги знае сите овие организации и ќелии кои оперираат интернационално но не смеат да писнат и само ќе ни мачкаат очи дека даваат се од себе да го пронајдат девојчето. Не постои организација или криминогена структура што оперира своеволно а да не е под капа на системот. Сите вакви структури се изврзани како свински црева со политичари, функционери,тајни служби... А нас ќе ни мачкаат очи дека полицијата си ја врши работата и се грижи за нашата безбедност ахх бее