Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Ај барем ти кажа, ги пресрами и другиве, меѓу кои сум и јас.
    И мене ми смрди на вакво нешто, ама не од сега од поодамна.
     
    На SigmaMan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Врска нема од овие детска амбасада само лаат и толку ништо помош не пружаат само совети некакви делат
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Па тоа е факт.
    Детето било занемарувано и требаше да одговараат.
    Има разлика од случај до случај!
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Aпсолутно има врска.
    Во секоја развиена земја медиумите редовно известуваат, прават аналитички проценки и работат деноноќно дур не дознаат повеќе за случајот. :)

    Австралија и Америка на пример, (колку год да е токсична вторава) го имаaт тој капацитет.

    Една Србија профилира случаи, само нашите новинари се плашат да не загрозат истрага дур јавноста шести ден е во паника и децата си ги чека во автомобил пред училиште или врата. :tmi:

    Брука.

    Ништо чудо ако не се најде детево пред ние да дадеме хипотези Србија да не претрка со емисија.
    Еве подолу линкови за да сфатите за што пишувам.

    П.С. Треба да имате account за да погледнете за што станува збор.





     
    Последна измена: 2 декември 2023
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Требаше да одговараат откако исчезна Петар?
    Имаат и други деца бај д веј.
    Кај се социјалните служби? Дали оваа држава се грижи како живеат децата? Ако се сиромашни, зошто не земаат социјална помош? Дали државата е заинтересирана како живеат другите деца од семејството? И пак да прашам, оти го заташкаа случајов толку брзо?

    И нема разлика и тој се води за исчезнат, оти упорно се негира неговиов случај како да не е битно.
     
    На SV1911, Осе и Zoroastrian им се допаѓа ова.
  6. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Проблемот кај нас е што имаме пасивна полиција + новинари. 8-|

    Никој не рече да објават апсолутно сѐ, туку едноставно да се обидат да направат реконструкција на случајот. Има голема разлика меѓу тие две. :drunk:

    Но, ние немаме ниту критичко, ниту објективно новинарство и затоа се задоволуваме со bare minimum вклучително апологијата на Спасовски дека се прегледале бројни камери.
    Мислам...

    Не дека не ги прегледале, не дека не се трудат, меѓутоа дур се решава тоа се пропушта големата слика во целата ситуација, а тоа е општата безбедност на другите жени во државава, пред сѐ малолетните.

    Не сакам црни сценарија и мешање баби и жаби, но како да се излезе од паничен моуд и бидеме сигурни дека ова нерешавање нема да отвори врата кон серија вакви настани во иднина? :?:
    Статистиката ја знаете?
    Не само ти, прашање до сите.

    Нејсе, кој и да стои зад гнусново дело може ќе си рече ех, па види, не го решија случајов, немаше медиумска фама, значи јас може и понатаму да терам по истиот тертик.

    Или било кој друг со патолошки нагони.
     
    Последна измена: 2 декември 2023
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Таткото на Вања кој е, што е?
     
  8. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Мистерија.
    Никој ништо не известува у везе него а сите се прашуваме истото.
    Не е ни битно крај краева со вакви новинари и држава..
     
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Штом полицијата апелира да се запре со шпекулации , веројатно говори дека станува збор за исчезнување од семејни или лични причини. Знаат секако многу повеќе од штурото споделено со јавноста. Невозможно е да не знаат, да бидеме реални.
    Верувам дека бргу ќе биде пронајдена.
     
    На The_Doctor, manako1, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.312
    Допаѓања:
    170.636
    Пол:
    Женски
    Ме наежи мори.
    Ми остави влетачок како да ќе кажеш и каде е .
    Дај боже да си во право дека е жива .
    И јас веќе имам осеќај дека е избегала некаде и сега се во преговори ....

    Немогуче е таткото да не излезе ни на тв , да не му се открие идентитет , мајката даде 1-2 штури изјави ...
    Според мене ако фамилијата се сомневаше дека не е жива до сега 100пати ќе беа излезени на тв , ќе бараа спас , ќе кукаа молеа ,плачеа ...

    Таткото не сакал да се експонира на соц мрежи .
    Во ред тоа .
    Ама детето му го нема побогу,зар и во овие моменти си мисли на својата приватност :(

    Чуден случај,многу чуден .
    Само нека е жива и здрава , па колку сака нека ни се чудни реакциите на родителите нам
     
    На mssuniquee, noteforself, Sielo❤️ и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.793
    Пол:
    Женски
    Двете девојчиња исчезнати во Грција ги пронашле.

    Инаку, тој од Велес човекот што исчезна, чиј автомобил го нашле изгорен, за жал, ми личи на убиство и сокривање траги, инаку зошто би бил залален автомобилот и притоа однесен некаде каде исчезнатиот немал допирна точка.
    (Ќерката на Панче вели дека во селото каде бил пронајден опожарениот автомобил на татко и немаат ниту роднини, ниту пријатели, ниту пак тој некогаш одел таму. Додава дека остава полицијата да ја води истрагата.)
    Толку исчезнати и нерешени случаи значат дека некој киднапер и убиец слободно шета меѓу нас...
     
    На noteforself, simoncelicius, anggell и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.919
    Допаѓања:
    177.348
    Пол:
    Женски
    Реконструкција ќе има. Барем би требало. Ја разбирам јас љубопитноста, природно е, ама реално, кој бил и што бил таткото на Вања, дали Вања била депресивна или се работело за што знам што се се спомна, долгови/лихвари, нас како граѓани не ни менува многу. Како општество да, државата треба да инвестира во кревање свест за ментално здравје и пороци, иначе за нас како граѓани потребна е разврска каде точно ќе знаеме дека органите си ја вршат работата. Решен случај ни треба да се стекне или оправда доверба во системот.

    За другото што да ти кажам @Zoroastrian апсолутно се сложувам дека немаме ефективност на ниедно поле, сосем очекувано е да не се чувствуваш безбеден.

    Ама немаме ни сеопфатни закони за тоа.
    Лично имав лошо искуство со демнач ли манијак ли, не знам веќе ни како да го наречам 2017та чинам беше, имам пишувано тука кога се случи и што се случи да не должам, после 4 часа во полициска станица крајно вознемирена од инцидентот, под доза апчиња за смирување давајќи изјава, зборејќи со саати и обидувајќи се да да не испуштам некој битен детал, ми беше кажано на крај дека секако не можат ништо да направат од причина што не сум му го видела пенисот. А шо требаше да застанам ли и да го погледам или да бегам и спасувам глава како што и всушност се обидував? Делото не можеше да се класифицира никако и од тогаш не знам дали е нешто воопшто сменето во тој дел од кривичниот закон и нормално дека не можам да се чувствувам безбедна кога никој за ништо не одговара.

    И точно сите се многу пасивни оти Законот ги штити токму оние кои не треба.
     
    На DragonA420, mira.mira, ideniki1 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    7.166
    Самиот факт што Спасовски кажа дека се бара речно корито, подруми и цркви и манастири веројатно укажува на тоа дека можеби сепак се работи за депресија и слично.

    Ама фактот што спомна дека се барало низ Центар и Битпазар, па укажува на тоа дека може избегала со некој…
    Зашто Битпазар, зашто не Црниче на пример, Влае…
     
    На noteforself, Sielo❤️, Maca Macka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.793
    Пол:
    Женски
    И уште нешто. Го спомнавте Петар поназад. Се трагаше по него, не дека не, ама помина време и изгледа го баталија случајот. После одредено време очигледно дигаат раце и останува неразјаснето. Ако некој некогаш пронајде леш/остатоци, дури тогаш се дознава по нешто.

    Ако и нареднава недела не ја најдат Вања, ќе почне и интересот за случајов полека да се гасне...
    Колку лошо звучи ова... Ама да се надеваме дека ќе ја пронајдат во најскоро време.
     
    На simoncelicius и SigmaMan им се допаѓа ова.
  15. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Ако е киднапирано може некој бара откуп, може е уцена во прашање, којзнае што е...

    Најголема кривица во случајов има кај новинарите. Треба ЅИД ДА ТУРНАТ бреее, од прашања. Ѕидови да турнат.

    Донерот кај старо Специјал, спроти Силбо, актуелно е периодов нешто, да не шпекулирам. Истата фирма има донер кај битпазар. Дали е случајност или не, не знам...
     
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Што е актуелно за нив, не сум слушнала?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Сомнително е. Така чув муабет ама без доказ, ништо.
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.673
    Допаѓања:
    24.429
    Пол:
    Женски
    Шо е сомнително? Доискажи се. Истиот донер го има и ист гејт.
     
    На simoncelicius, Lollipop_123, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  19. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Истото ќе го кажев и јас мајката преку телефон таткото бил лично во станица.
    Реално треба сите околности да се истражат и за тоа бараат и во манастири и во Вардар, што сметам дека е во ред секоја насока мора да се истражи и елиминира.
     
    На st-el, Milkiway, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Дечки мои, чисто да појаснам.

    Не е законски забрането новинар да испрашува, одржи емисија во која ќе се изнесат хипотези (не шпекулации, тие се за народот не за новинарството).

    Не е незаконски новинар да бара изјава од родителите на малолетно исчезнато дете, иако нивен избор е дали ќе ја дадат или не.

    Не е незаконски во моментов да соберат тим експерти за реконструкција без оглед дали случајот ќе се заврши позитивно или негативно.

    Не е незаконски на секои 30 минути или во почетокот на истрагата да се прекинува програм во цели на известување за исчезнато лице (без разлика дали полнолетен или малолетен).

    Она што Е законски забрането во новинарството е следно:

    - Лажно претставништво за земање информации. (Иако често го прават, медиумска реторичка цел е, се учи на факултет кога можат и како).

    - Притискање на полициските надлежни и цивилни органи за добивање инфо. по пат на изнуда и закана.

    - Објавување лажни траги, значи акцент на лажни, кои може да ја попречат истрагата.

    Сума сумарум не е нелегално да тарашкаат, препрашуваат, објавуваат, прават емисии за да одржат внимание на ниво ко што доликува во една цивилизирана држава.

    Ве молам, оставете го Спасовски, тој е најмал проблем.

    Ние имаме проблем со медиумите во оваа држава од времето на Грујо кога завршуваа во ендек. :|

    Извинете за мал оф топик, се надевам ќе прочитате до крај.
     
    Последна измена: 2 декември 2023
    На elenaklasik, Spicy Senorita, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.