Токму така или од нив или од некој нивен соучесник... Се согласувам со @ALISA0000 , доброволно заминала со некој, очигледно верувајќи му безрезервно...
Треба да си скроз неодговорен родител да не пријавиш дека ти го нема детето, не знам како уште ова се дискутира, стварно ко исклучени од реалниов свет да сте.
Ако напишам зошто мислам дека е жива и избегана ке ми се смеете и неможам да ви објаснам а да биде разумно Но жива е и избегана Ке се појави за кратко Пак ке речам мое мислење да не ми замери некој
Нека ги притиснат тие убаво за да кажат на полиграф одма да ги стават, а не да ги "молат да прозборат". Зошто криминалциве се држат меѓу себе.
Ако мислиш на дечко и јас мислам така најверојатно Албанец па недозволуваат нејзините и бега. Овде кај што живеам не еден случај таков имало...до пукања бркања доаѓало..
Не и е чичко тој. Така се обраќа self attention. Девојчево нема шанси да е со дечко замината. Тука нешто друго е во прашање.Нешто со Родителите веројатно.
Или може имала мал контакт со некого, па го одбила, па е грабната... Што и да е само ЖИВА ЗДРАВА ДА ЈА НАЈДАТ Вањичка уште денес да слушнеме добри вести.
Не ми се верува да е некое тинејџерско бегање од дома, истрагава некако се одвива или барем изгледа дека се одвива многу внимателно и сериозно. И да е своеволно бегање од дома, не ми изгледа дека е со некои "обични" ликови...
Да не излезам груба, но зошто никогаш бар јас не сум видела за други исчезнати деца или повозрасни лица да се трага на овој начин и да се прошири на телевизија и пошироко за нив? Таа тронка надеж што е останата да не згасне ниту за неа ниту за ниедно друго лице, само да се најде жива и здрава. Тоа е најбитно.
Ох само добро да испадне! "Низа на криминалистички истражни мерки се преземаат во изминатиот период со цел да се утврдат сите факти, кои ќе ги соопштиме во момент кога треба да бидат соопштени." Вика ќе ги соопштиме кога треба да бидат соопштени. Ова барем дава надеж дека случајов го имаат во рака. Само дали му бараат трага на некој што ја зел измамувајќи ја или таа има избегано со некој познат нејзин човек. Инаку вака звучат сигурни дека ја следат работава и дека ќе има позитивна разрешница. Исто така спомна дека нашле и еден автомобил, е тука ме копка, ама нема повеќе информации дадени. Ако се префрлени во друг автомобил, па од овој првиот земаат отпечатоци. Многу се залагаат мвр, според ова што изјавуваат, тоа е добро, ама бидејќи сме џунгла држава, без некој сенс за своите граѓани и граѓанчиња, ме замислува зошто олку се запрегнаа... Дали има некоја политичка позадина, некои други поводи и цели.