Мое лично мислење, мислам дека поради семејни проблеми или има избегано за подолго или кај некого престојува да олади глава. Како и да е, се надевам брзо ќе се најде.
Бебето ако не се лажам исчезнато е од поплавите во Стајковци, 2016 година. Да не шириме паника, најверојатно има нешто, не ја знаеме целата приказна. Има шпекулации дека таткото на девојчето е вмешан. Дај боже да е така, или да заминала своеволно со дечко. Не е така лесно да се киднапира 14 годишна девојка во сред бел ден од најпрометната улица, во најголемата гужва кога сите одат на работа.
Имаше тогаш мислам нешто шпекулации за родителите, дека не се совпаѓале изјавите, имаше сомнеж и врз нив нешто.
Мене симптоматично ми е што мајката многу рано после излегувањето на девојчето го пријавува случајов и се сомнева за киднапирање.Можно е да се работи за нарушени семејни односи и вмешаност на најблиските. Само нека е добро девојчето и нека се најде па било како да е.
Едно забележав... Никаде не се спомнува таткото. Прочитав дека мајката и ѕвонела на телефон и истиот бил исклучен. Па добила информација од некој од професорите дека не дошла на училиште.
Можеби ѕвонела да праша дали стигнала... Некако не можам да замислам ако се сомневала на нешто такво, да би ја пуштила некаде сама. Не сакам да претпоставувам што и како, се надевам надлежните ќе реагираат навремено. Важи законот дека полицијата реагира дури 24ч по исчезнувањето? Ако важи сѐ уште, бесмислен е навистина. Најризичен е првиот ден, но и шансата за пронаоѓање е најголема.
И на мене ми е чудно. Ама реално неможе на фб да пишува дека имала проблем со таткото, не мора сите да знаат, а и стварно да е така требало да пријави само во полиција, а не јавно да кажува. Јас не верувам дека е таткото вмешан.
И мене целата работа со девојчето ми е многу чудна. Мајката како да очекувала нешто, па и ѕвонела многу брзо откако искочила. Плус секое сабајле идела со сестра и на школо, денеска прво сабајле сама и ја снемува. Се надевам дека е договорена работата, пубертетска будалаштина и дека набрзо ќе се опамети и ќе се врати дома.
И јас ќе го пишев истото. Ги читав коментарите на фб профилот на мајката. Истото го пишуваше. Дека девојчето прв пат отишло на училиште без сестра и. Чудно ми е што класната и се јавила на мајката после првиот час. Имаше еден коментар дека се видело на некоја камера како девојчето го одминува училиштето. Се надевам дека ќе ја пронајдат.
Па да, зошто би и ѕвонела после 14минути и зошто класната би се јавила? Бар последно што знам е дека класни никогаш не ѕвонеле за отсуство. Многу чудно.
Ако имаш време отвори го профилот на мајката и прочитај ги коментарите. Јас сум убедена дека има нешто во позадина.