Само да ја најдат и после ќе кажеш дека си во право. Аман боже! И да се смириме малку, вознемирени сме сите.
Некако ми олесна кога видов дека има каков таков напредок. Верувам дека е жива, здрава и дека ќе се врати дома. Ни мене не ми е логично сама да е избегана, а толку луѓе се инволвирани (5 привела полицијата, а сигурно и повеќе се вмешани).
Мене ме интересира, зашто не се сеќавам од изјавите, дали негде беше спомнато со каква чанта/ ранец излегла? Со оглед на тоа дека тргнала на училиште...
И тоа е чудно до некаде, би требало да биде спомнато како дел од описот, дали излегла со ранец на грб, чанта на рамо или раце во џебови. Се сеќавам дека некој портал пренесе изјава од мајката дека утрото и дала пари за доручек и тогаш заминала.
А нас ли треба да ни кажат? А мора ли таткото да излезе на тв? Може ете не сака пред камери. "Според мене ако фамилијата се сомневаше дека не е жива до сега 100пати ќе беа излезени на тв , ќе бараа спас , ќе кукаа молеа ,плачеа ..." -поготово оваа реченица ми забоде очи, значи треба да плачат и кукаат на тв, инаку не се важи. Од каде знаеш дали не плачат и не кукаат, или треба пред тв, сите да ги видиме?
Да ама прво беше бела јакна, сега официјално со црна јакна е опсиот. Не е мал детал. Гарант она не ни стигнала до Партизанска пред врата е грабната. Не е ова рендом киднапирање. Нека си бркаат работа МВР.
Не треба да прават ништо де што недај боже еве пример јас би го правела.. Тоа што Не излегуваат на тв , не даваат изјави, ....мене ми е "позитивна страна" . Сакам да излезе дека девојчето од некои причини побегнало од дома и кај и да е ќе се врати. Не кажав јас дека ако не плакаат јавно тогаш Не се умрени од страв. Да не сме им во кожа .
Истово ми се мота низ глава од почеток. Догодина дупли избори ќе имаме, на многумина им треба билдање рејтинг, итн. итн. Ама додека не видам исход, не си ставам грев на душа да нагаѓам на глас.
И јас цело време знам дека јакната е црна. Светло син џемпер , црни панталони со странични џебови и бел Адидас со кафени траки . А за ранец никаде немам прочитано
Навистина никој не крева паника Јуле?! Тебе ако ти го нема детето, ќе седиш дома и ќе чекаш да се врати?! Алал да ти е Еве сега излезе дека таткото пријавил во 11 часот. И тоа ли ви е брзо? Ич не требале да пријавуваат ако не Оди на официјалната страна на МВР, си стои убаво. Од почетокот го пишува ранецот.
Ја следам темава редовно, се надевам девојчето ќе се најде што побрзо. Морам да ве пофалам за креативноста што ја покажувате за што точно се случило, човек може да ви позавиди…. И штета што не даваат информации на 10 минути да се задоволи човечката љубопитност.
Да, јакната стои дека е црна уште од сам почеток, барем на фејсбук статусот кај мајката. Истиот има три измени, сите може да се видат во Edit History на статусот. Единствените измени на статусот се во тоа што мајката го отстранува телефонскиот број со втората измена, а со последната се заблагодарува на МВР и замолува да не се шират дезинформации.