Дај Боже девојчето да се врати дома живо и здраво .Самоил Костадиновски сеуште не е пронајден татко му потоа беше пукан.Овој случај веќе не се спомнува.
Прочитав, 200 пати го постиравте. Него не те сфаќам. Што со ова? Секаде пишува ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Пишува пријавил таткото во полиција во 11 часот. За сите теоретичари што мрчат низ 100 страни дека пријавила мајката само затоа што ја немало 10 минути. Ајт.
Точно. И никакво известување не доби јавноста, ништо. Убаво пиша еден член овде, за вакви работи се прават емисии, како КОД и слични. Ама од некоја причина не сакаат.
Jaс помислив прашуваш бидејќи не си разбрала и прочитала. Како и да е има многу недоследности во случајов и ништо не е јасно. Разврска ќе има, но, каква ќе видиме.
Не се спомнува бидејќи не е рандом киднапирање. Кружеа многу теории дека се работи за нерасчистени односи и продажба на наркотици.
Уште првиот ден во медиуми беше објавено дека мајката изјавила дека се сомнева на киднапирање. Мислам дека @Munchmallow20 прашуваше зошто се спомнува во темава киднапирање. Затоа. Дали родителите биле во нешто вмешани па ова е одмазда или што и да има, си знаат тие, не е наша работа, не мора ние се' да знаеме.
https://a1on.mk/macedonia/kidnapira...ovski-go-grabnale-za-da-plati-ukraden-heroin/ Овие ги фатија а дечкото не го најдоа? Чудно.
Прашував зашто во статусот на мајката немаше спомнато киднапирање. Башка медиуми ко медиуми свашта ќе пишат за кликови. Да, може стварно е со оглед на последниве новости ама пред тоа никој не ми прати доказ дека стварно она рекла така
А ти мислиш дека ги фатиле киднаперите? Нигде не пишува уапсени ај прво тоа да расчистиме. Друго од каде знаеш КОИ се тие 5 лица? Како знаеш дека не се нејзини другарки на кои се доверила за некој проблем? Било да е дома, било да е со школо, дечко било што? Пишува 5 лица кои имаат поврзаност со исчезнувањето. Поврзаноста може да е било каква. @Zoroastrian епа тоа зборам де. Дека нигде никој не известил дека се работи за киднапирање. Секаде стои ИСЧЕЗНУВАЊЕ. А тоа што вие самите си интерпретирате е друга работа.
Не ја обвинувам, има луѓе што стравот полесно им се буди од нас. Посебно од страна гледано... Не би да се смеам и да обвинувам за туѓи стравови и паники ...
Грешка си дека не треба да знаеме. Доколку во среде Скопје има киднапери на рандом деца, јавноста треба и те како да знае. Од безбедносни причини нели. А доколку родителите биле вмешани во нешто значи не станува збор за безбедност, туку лични пресметки меѓу нив. Значи во секој случај јавноста треба да знае и ќе знаеме детално кога ќе заврши истрагата, дај Боже што побрзо.
Се откри дека е киднапиран поради долгови поврзани со дрога колку што се сеќавам. За жал можеби е и убиен досега, случајот е од март.