Што сте се запнале некои за таткото? Сигурно доволно одговорил во полиција. Не треба специјално за вас.
Извинете на упад гледам дека сите вжештени глави сте, да не ве разочарувам ама кога 5 дена по исчезнувањето народот сеуште врие, мене ми е сосем логично да излезат со некоја информација од власта дека еве работат нешто. Дај боже да е вистина и дека стварно имаат фатено некого тоа дава веќе некој правец на истрагата, ама веќе во ништо не верувам.
Јас. Без разлика дали има 4 или 14 год. Без разлика дали таткото е криминалец или нез што. Одма би пријавила.
Навистина не верував дека народов можи да биди толку параноичен и нон-стоп да се разглабаат милион теории, па и категорично да се обвинуваат родителите за секоја можна постапка шо ја направиле, дали во воспитување на Вања или во пријавување како исчезната. Исто така, не можам да сфатам како некои луѓе не можат да се помират со тоа дека МВР не ги споделува сите информации со јавноста. Па и во странство, дури долги години не се споделуваат информации за активни случаи. Воопшто немам проблем отворено да се дискутираат можни исходии сл., но сѐ има граница. По пишувањето на некои, се гледа дека веќе преминува во хистерија и параноја и едно те исто се вергла на секоја страна.
Членки кој живеат Центар, Дебар Маало, Карпош дали дента и наредниот имаше засилена полициска контрола? Полиција да шета пешадија и со коли? Мимо она за самитот, зошто од блиски што зборев не приметиле баш нешто плус полиција. Инаку ќе да е киднапирање интерпол ја бара со жолта потерница ( приоритет) кој вообичаено не се дава толку брзо ако не се сомневаат дека е во опасност. Даваат потерница и за други обавезно за малолетници ама за девојчево е приоритетна...
Jas sum vo Debar maalo, nemaše ništo, nikakvi zasileni patroli, policiski vozila i sl. Edino ako bile vo civilka
Се приметуваат и да се цивилка, баш имам роднини и другарки тие маала викаат ништо вообичаено и посебно не видоа. Инаку по "правило некое. Вака кога ќе снема дете, прво што се прави првите 24 до 48 часа се чешлаат и проверуваат блиските членови и пријатели, камери по улици и објекти се лоцира телефон доколку има се вади одма листа, се проверуваат сите социјални мрежи. Се проверуваат и ако има во таа околина и сексуални престапници ( педофили) што се на слобода ( за жал ги пуштиле пошто одлежале). Сите граници снимки. До тогаш се бара исчезнаата личност, после веќе тело...Што се надевам нема да биде овде случај иако помина доста време, надеж има штом нашле некој.
Тоа сакав да пишам, тие 5 лица не значи дека се киднаперите, можеби се блиски и даваат изјава ако знаат нешто.
Па сигурно за мафија се работи. Не е платил тоа што треба и убиен е сигурно, пукано е сигурно и кон таткото за да се заплаши да не го бара можеби. Во секој случај голема бизнис мафија позадина има тој случај.
Не значи дека се киднапери но приведено лице е осомничено лице, не некој што го викнале да даде изјава. Приведени нејзини другарки, сигурно тоа. Не бе, какви коментари во темава, најубаво да се одјавам да не читам.
Може да се ,,помагачи,, не мора да значи дека директни осомничини фатиле. Дури и да било по нејзина воља, пример невеста бегалка. Не дека мислам дека е тоа, чисто како пример. Не знам што да мислам за случајов.
Ваљда зашто било каква злоупотреба на малолетници е нелегална? Без разлика што малолетниот "се согласил".
Не верувам дека е невеста бегалка, сигурно на нејзините би им било јавено од таа фамилија.Кој би смеел да крие невеста бегалка 14 годишна. Хмм не знам во Мк колку се застапени секти и какви, да не има нешто такво .Можеби глупо звучи ама што знам читајќи по светот што се се случува веќе човек во се ќе се сомнева.Дај Боже и Вања и секое исчезнато лице да се пронајде да се живи и здрави фамилиите да си имаат мир.
Уште ли да се објаснувам, ама реков ако сите пријавуваме кога ќе ги снема на 1 час тинејџерите, дневно ќе има по 100 пријави.
За да бидеш приведен веројатноста да бидеш осуден е 50-50. Штом се 5, значи не избегала. @ALISA0000 Кажи де ќе ти поверуваат другачките.
Немам ниту јас мислење. Се е нереално, како во магла. Медиумски, родителски молк, полиција со чудна изјава за петорица приведени... Секако ќе се расветли на крај и дознаеме, ама сега за сега делува многу комплицирано.
Многу е битен и контекстот на тој 1 час. Во овој случај детето си го испратил на училиште и знаеш со сигурност дека е упатено таму и во одредено време мора да биде таму кога почнуваат часовите. Што не би било исто кога детето е излезе на кафе или што знам во парк, па ќе си помислиш може нема батерија или не го гледа мобилниот. Во овој случај знаеш каде си го испратил детето и знаеш дека ако не е таму мора нешто да се случило, а мобилниот е исклучен.