Моиве коа слушнаа за локацијата прв коментар им беше дека тоа место таму е најопасно. Мене ми падна чудно затоа што е најраздвижено, мислам побогу Партизанска е во прашање. Отпосле ми појаснија дека и те како има језиви улички каде што ретко има движење и дека тој дел тука порано бил седиште на Црна ружа.
Веројатно членката мисли на ова. Министерство за внатрешни работи - Куманово. Сектите во Македонија не бараат бегство во цели на посветеност од малолетни лица. Бар оние легалните. За нелегалните не знам и не сакам да шпекулирам, но не делува баш веројатно сходно нејзиното регуларно заминување на училиште во редовен термин со ранец. Само знам дека би било многу језиво да не се расветли случајов...
Па лично не мислам дека ова е поврзано со секта. Пре би рекла дека несвесно се впуштила во нешто, ја прелажале и ја злоупотребиле довербата.... Инаку @JuLleE секој родителство е приказна за себе. Еве ние сме тројца дома ама моите не се однесуваат према сите исто кога е ова во прашање. Јас секое планирање на излегување сум требала да го пријавам и да им кажам каде ќе бидам и со кој, па да добијам дозвола па коа ке појдам да им се јавам и кога ќе дојдам да им се јавам повторно т.е. да ги разбудам од спиење да ме видат дека сум здрава и права. И моиве ме знаеле, ако не дојдам до тоа време кога сме договорени одма реагирале, ме барале одма по другарки или се јавувале кај на другарки мајки да видат што е проблем што касниме. Со другиве двајца не било така. Секој родител си има посебен однос и знае што од прилика да очекува и кое од децата може да го изненади... Затоа и не може да очекуваш 100 пријави затоа што не сите реагираат така. Мајкава си имала таков однос со ќерка и, и одма знаела дека нешто не е како што треба. А она па ако се сеќавате коа ги убија оние младине на Смилковско- едната од мајките дознала дека син и е меѓу убиените на автобуска коа одела за на работа. А тоа па што е? Да не знаеш дали детето ти се вратило дома, дали ти преспало во куќа или не.
Така некако. Симпатична, висока девојка, цели 175 сантиметри сред бел ден да ја снема по насилен пат и притоа да нема сведоци се коси со здрав разум.
Веројатно бил во работна посета на Куманово па од таму и изјавата. Тоа не значи дека таму се води истрагата.
Оливер си промовираше реновирано СВР Куманово, затоа е таму изјавата. Во Скопје повеќепати имам видено манијaци, се врткаат околу Вардар, покрај мостови. Колку пати во црна хроника имало дека група момчиња нападнале и ограбиле некого кај Градски парк. Полицијата треба да си преземе мерки, а не секоја недела по еден ограбен на истата локација. Читајте денеска, дете во Центар било силувано со тврд предмет. Скопје е небезбедно.
https://fb.watch/oHn8J_f4Ic/?mibextid=Nif5oz Ова е ново да не се работи за некаква криминална банда што врбува нелегално девојчиња и им ветува заминување во странство ако е ова тогаш дефенитивно се работи за трговија со луѓе
http://sitel.com.mk/srbija-vo-megju...S6jwxNrHDsiVzKb1iaS5rIlDWH_yI4aZtFEYvrc2ymQmk Ако е некаква меѓународна криминална група слично сценарио би можеле да очекуваме и овде и Вања можно е да биде пронајдена
Вака некои ве читам, немате општи познавања, а дебатирате т. е. убедувате. Значи ако некој е приведен или е осомничен за сторено дело или за соучесник. Ако некоја другарка или некој било кој е викнат на разговор, тоа е само процедура да се даде изјава. Не се приведува некој за да даде изјава. Толку од мене, пријатно. @Bitter-Sweet сега видов дека си пишала поназад и ти.
Не знам што да мислам за случајов. Не мислам дека се работи за ‘класично’ киднапирање. Сред бел ден, во фрекфентна населба, покриена со камери. Зошто би, кога можат под многу ‘полесни’ околности да го извршат истото за некоја си цел..
Никогаш не сфатив како луѓето одат таму на факс.. Отсекогаш ми буди морници таа шумичка кај ПМФ, а општо е познато дека натаму одење сам не е препорачливо бидејќи врие од манијаци и наркомани. Секакви приказни имам слушнато. И пак ништо не се превзема.
Осеќам дека Вања ќе ја најдат жива, само мислам дека станува збор за киднапирање од повеќе лица. Штом се приведени повеќе лица, а и автомобил е даден на вештачење, верувам дека е тоа. Иначе слушнав муабети за таткото дека имал некои пороци па можно е да има некаква поврзаност со него, ама ќе видиме деновиве можно е да грешам.. Најбитно е само девојчето да е живо и здраво, сите се молиме за нејзе секое сабајле прво што правам отварам тел да прочитам дали има новости за Вања
Или ова https://skopjeinfo.mk/zalozhnichka-drama-vo-berovo-mazh-kidnapiran-srede-nokj-poradi-dolg И, го нашле ли овој? Разбирам дека после короната во се се гледа апокалипса, ама општество без криминал не постоело ниту ќе постои, прашајте ги бабите да ви кажат, ако ги држи памет. Дека е криминалот во пораст, тоа е факт, ама тоа нема многу врска со темава.