Во што се соомнителни? Како не молат јавно? Мајката веднаш напиша статус со молба до јавноста и веднаш ја известиле полицијата. Веднаш се дозна која е фамилијата, не дека тоа се криеше.
Од каде конкретно? Пошо јас на пример имам инфо од нивни блиски дека родителите биле супер, а девојчето едно од најдобрите во одделението. Чаршиски муабети секакви ќе излезат, колку да се каже нешто. Фантазијата на некои ликови е неограничена.
Пред камера излегоа сите што ги наведов. А на овие сите изјави се преку телефон и еден статус. Незнаеме и дали се сите вистинити, бидејќи нашите новинарчиња знаат да си дофилуваат некои работи па и да измислат. Сите пишуваат вакви се онакви се, а дури вчера се дозна таткото што работи, премногу простор за шпекулации оставија со изјавите.. И не се моли со изјава " што можам јас да направам, да одам по улици да ја барам.." (ако ја немаат измислено новинарите)
Значи колку теории и муабети се изначитав . Идеме вака : 1. Татко и бил полицаец па заради некоја истрага е киднапирана. 2. Се допишувала со некој на дискорд ( некоја апликација за која прв пат слушам во живот ) и ја завел некој постар . 3. Најверојатно сама избегала може била под депресија. 4. Татко и бил лихвар па затоа ја киднапирале. 5. Татко и не бил лихвар туку бил задолжен кај лихвари па ради тоа била киднапирана. Не знам што е следно ама девојчево 7 дена го нема нигде. До утре може да нагаѓаме што и како било. Помина веќе многу време за кои на жал почнувам да мислам на најлошото. Се надевам само дека грешам.
Неодговорноста на маж ти, од мал,исто и неговите родители, што имаше врска со мајката на Вања? Заради некомплетната вистина,ние тука ја коментиравме мајката. Но гледам почнале повеќе и повеќе да се бранат тие што веќе се оствариле како родител,се фатиле за едно нешто како слеп за стап. Извинете на израз.
Има и муабети дека наводно е исчезната од петок. На Кајгана малтене истиот муабет како и овде, ама најмногу се коментира дека е поврзано со лихва. Затоа мајкава брзо пријавила. Сега може нешто е и точно, мала држава сме, ама и фантазијата ни работи, а башка сме и народ кој си измислува и шири муабети. Еве најново решен бил случајот. Така прочитав. Секакви ликови има. А што работел? Нема такви инфо, само наслови има. Ако мислеш на она дека е лихвар, тоа е само муабет. Толку.
Мајката кажа дека таткото нема ризична професија. Зошто би кажала вака ако не е вистина? Би се открило. Претерувате.
Нелогично е мајката да остави личен број (како на почетокот) ако знае дека нејзиниот сопруг има сомнителна позадина, и притоа даде апел за граѓанска мобилизација и помош. Иако истовремено претпоставувам известување мора да се даде кога исчезнува малолетник.
Абе остај ги ти Кајгана. Таму секој што и да му текне си пишува. Муабетот за лихвата дојде од лик кој го слушнал муабетот во кафана пошо имал големи уши и се слушал Ете колку е релевантна Кајгана
Мене во оваа цела ситуација нај чудно ми е ставот на мајката како одма претпостави дека можеби е киднапирана. Не сум родител, но јас прво би се посомневала дека избегала од час, или е замината со некоја другарка. Исто така ми е чудно како одма изреагира мвр и министер држи прес, за Пино немаше ништо, за фризерот од Велес ништо нема, за Марија Брзакова и ред други, а за овај случај одма се изреагира
И претходно коментирале, и пред ликот. Затоа реков, за ова најмногу се зборува, ама не значи точно е. Според Линкедин, татково е економист. Креативен народ сме.
Што ѓаол ме натера да отворам кајгана Аиии таму какви сценарија прочитав Овде сме гола вода за нив . Таму велат дека од минатиот петок ја немало Вања , затоа не можеле да ја видат на ниту една камера Мајко мила ,дај нека излезат МВР веќе со соопштение дека детево е живо и здраво
Лично мои блиски,ќерката не се јавува два,два ипол часа на телефон,откако имале конфликт дома и она излегла надвор,па не посегнаа одма по полицијата. Разведени родители. 2010год е родена ќерката.
Секој ден ја отварам темава, со надеж дека ќе прочитам позитивни вести, и сеуште се надевам на нив. Но, дека смрди нешто во работава, смрди и те како. Татко ѝ работел во Мвр, па бил економист, па бил што ти ја знам што. Ок, ете и да имал некоја нормална професија, па зар не може и со лихварство да се занимава? Многу нелогичности има, многу! Да се надеваме прво дека Вања ќе ја најдат жива и здрава што поскоро, останатото и не е многу важно.
Под претпоставка дека исчезнувањето има врска со лихварство, мислиш дека некој јавно ќе признае дека сопругот е лихвар или е задолжен кај лихвари?
Да беше така, ќе се дознаеше. Колку и да е големо Скопјево, не е преголемо. Некој новинар ќе откриеше. Иако и тие се склони кон измислување.