Не е тоа сомнителното на јавноста да кажат приватни информации него нормална родителска реакција е да кукаш и плачеш ако ти го нема детето и да ја притискаш полицијата да ти го најде.
А од кај знаеш дека не притискаат и не плачат? Или треба во живо 24/7 да одат за да ги задоволат вашите потреби за драматизација?
Стварно сте досадни више со тоа љубопитни нагони, шпекулации. Што ви смета толку нечие различно мислење од вашето, па се расправате тука како на чешма. Ако сте толку морално исправни, не би седеле и вие по Фемина да солите памет на други и да се препукавате со секој што не го дели вашето мислење. И што е најтрагично, никако да разберете дека Вања ја нема цела недела. Очигледно на родителите не им помага ни вашиот омилен метод (ќути и пукни), пошто детето им го нема уште дома. Веќе сум како broken record на темава, ама помина премногу време за да истрагата има позитивен исход. Првите 24 часа се најкритични за пронаоѓање на исчезнато лице живо и здраво. После 7 дена, се бара тело. Оваа информација треба да не мачи и да ја коментираме. А не дали некој прашал за таткото, дали некој се сомневал у мајката, па се фаќате за најирелевантна ствар како слеп за стап.
Па, не е баш така... Од ќутенка, секој да си гледа во свој двор, изгубивме вредности како соживот/сочувство, активно вклучување во потраги, кои на пример порано беа типични од цели маала дур растевме, па децата се наоѓаа експресно за два часа. Ама сега не е тоа време, нели? Сега сме екстра паметни, со институционална верба, патент на уста, дигнати глави, егоистично, па се ни е под конец...простум ни цвета. На страна муабетов, јавноста е етички (не законски) должна да знае бидејќи се случува во главен град, постои ранлива таргет група и се случува иронично, пред самит на ОБСЕ. Секако дека е општествена брига, медиумска, не само родителска. Зошто утре може и наше дете да снема ако недај Боже се работи за ланец серија киднпариња. Ама што знаеме ние 'љубопитните' Славици нели... Ох, Македонијо моја.
Togas neka gi isklucat komentarite za site, koja e mia da kazva na nekogo dali da pisuva prasuva ili ne znam ti so
За тројца од петмината приведени во текот на вчерашниот ден, а во врска со исчезнувањето на 14-годишната Вања обвинителството бара притвор. https://makfax.com.mk/makedonija/се...d_app&utm_medium=mobile_app&utm_campaign=GRID
На твитер седат само болни психопати одбегавајте ги А од кај знаеш дека не ја притискаат полицијата да им ја најдат ќеркаим ? Што треба да плачат на телевизија и на секоја дезинформација да ви се правдаат?? Не Слафице нема што да ви кажуваат приватни работи само ги интересира детето нивно да го најдат!
Не можам да кажам кој родител е во право,а кој не. Секој си има различна перцепција за ставот НОРМАЛНО. Не може да се најде најточната дефиниција. Но, мојата интуиција вели дека во случајов со девојчево,нешто не е чисто. Со сите сплет на околности. Тоа е мое мислење. Ако некој од надлежните за таа работа, вистински ги разбере овие мислења, можат да им бидат само од корист. Да покренат истрага по се што мрда и не мрда. Гледам на некој начин,индиректно се сомневаат во тоа што повеќето и ние на форумов се сомневаме. Затоа вчера привеле 5 лица истовремено. Ќе откријат се и нема да се дознае директ во јавноста,ќе ги кријат причините бидејќи се од семејството. Пак ќе кажам, не судам. Ова е моето мислење и жал ми е, сакам девојчето да е живо и здраво и побрзо да го најдат.
Затоа што секој паметен и социјално интелигентен знае дека јавноста има моќ и кога исчезнува лице треба да дознае што поголем број на луѓе кои што може потенцијално да помогнат, како сведоци или сл.
На Твитер Петар Богоевски пишал дека вестите за Вања се крајно вознемирувачки, и дека нема срце он да ги соопшти..
Дека постои можност да не бидат достапни за органите на прогон во моментот кога ќе се расчисти случајот, ќе бидат задржани во притвор.. Не е докажано дека се вмешани или направиле кривично дело, ама за да се обезбеди нивно присуство се до моментот кога ќе се утврди дека се или не се виновни ќе седат во станица.. Или во превод, да не му ја здувнат негде..