Сите детективи изиграваат, некој пишал била лоцирана во градски парк, и пишале да одат таму да ја бараат, ааа сигурно дека стои во едно место.
Пишува некаде дека и се јавила 14 минути откако девојчето излегло од дома? Бидејќи мислам дека од мобилниот оператор им имаат кажано дека телефонот се исклучил во 07:34.
Всушност, класната се јавила во 7:40 да ја информира мајката дека ја нема. https://objektivno24.mk/нема-траг-о...BlKKEz-R5NGR3aSLDkZZKU8I6nrLlFk3C97ETO5Dp29Pk
Зошто да не ѕвонат? Класен раководител треба да се јави на родител и да го праша зошто детето не дошло на училиште кога не е најавено никакво отсуство. Постапката на класната е сосема правилна, ја немало на прв час, никој не и најавил зошто ќе ја нема и најнормално се јавила на родителот.
Бебето исчезнало во поплавите и сите други деца исчезнати се во поплавите. Точно не се киднапира девојка на 14 год., туку уште полошо - своеволно ќе оди. Лицата што се занимаваат со трговија знаат точно што да кажат и да направат. Тие и ги бираат таквите деца. Само треба дома да се појави некој проблем и му се отвара вратата на детето во канџите на бело робје. @Mrs.Precious Морале да имаат некое сознание од претходно за често отсуство, за да ѕвони и класната и мајката. Можеби мајката знаела и се сомневала, па ја замолила класната да ја извести доколку отсуствува.
Не само исчезнување, лани ако памтам добро (оти ме мрзи да проверувам), имаше два случаи на самоубиство кај тинејџери. Скокање од зграда, во двата случаи. Кај едниот беше особено потресно што мајката тврдеше дека нејзиниот син бил дрогиран. Дека бил мирен и скромен, ама комплетно здрав. Не објасни што точно му се случувало, ама од нормален да стигниш суицидален, богами многу треба. Членката не претерува, туку самите родители укажуваат дека нешто не е во ред. Ама тука се запнувате за родителите, јас мислам дека има поголема слика тука. Ако можеа на жена да и исчезнат органи, а други да умираат под сомнителни околности, тогаш не е исклучена опцијата за трговија со луѓе. Во Србија има асоцијација, која врши статистики колку деца исчезнале и никогаш не ги пронашле. Алармантни статистики имаат, ама човек со газ во фотеља и мобилен во рака за скролање, ова нити го тангира, ниту го смета за релевантен податок. И одма, нема врска конспирации. Јас од 2020 натаму, само гледам дека конспирацииве, реалност станаа. Секој со свој мозок, само не надуени папагалски изјави.
Не реков дека не е правилна дури сум изненадена за таква постапка, чудно ми е зашто не сум слушнала класна да се јави одма кај родител ако детето отсуствува. Инаку, правило треба да биде ова.
Не знам, мене ова не ми е чудно, кај нас секогаш кога немаше ученик, а никој не знаеше каде е, секогаш класната ѕвонеше дома. Како и да е, се надевам ќе се најде девојчето, од вчера ми е во мисли.
Ако се вистинити коментарите на фб, мајката одма пријавила дека е исчезната. Чудна работа. Како да претчувствувала дека нешто може да се случи.
Требаше и да образложат зошто баш вчера тргнала сама на училиште, а дотогаш одела со сестра и. Штом не може да е киднапирана, а никој да не го видел тоа пошто прочитав од таму минуваат многу луѓе, поголема е веројатноста сама да отишла негде. Но, зошто телефонот исклучен?
Не знам дека било пракса да се јави класната дека некое дете не дошло... сами кажуваме ако не иде. Плус, на 14 години, прв час не е секогаш класен, има други наставници.... никој не се јавил, требало само да запишат дека некој е отсутен еве од линкот: Дванаесет часа семејството Ѓорчевски трага по Вања, за која нејзината мајка акламираше дека е исчезната и јавно побара помош. Истовремено, проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со девојчето. Зорица, мајка на исчезнатото девојче, за „Скопје1“ посочува дека до сега, немаат никаква информација. Раскажа и како започнала голготата. „Таа во 7:20 минути излезе за на училиште. Наставничката ми реагираше дека ја нема на прв час, на класен час. Класната реагираше одма бидејќи бара во случај некое дете да не дојде, да ја информираме. Класната изреагира во 7:40 минути дека Вања не е на прв час“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“. Таа појаснува дека Вања немала нарушени односи со семејството, како со мајката, така и со таткото. Во моментот кога „Скопје1“ контактираше со мајката на исчезнатото девојче, родителите беа заедно во исчекување на било каква информација која ќе помогне да се најде детето. „Разведени сме, но немаме нарушени односи. Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени односи. Тука е, еве го, со мене е“, вели мајката. Прашана дали има нови информации поврзани со Вања, посочува дека и таа е во исчекување. Тврди дека нејзината ќерка не е девојче која би избегала со некого. „Нема ништо, се уште нема ништо. Не знам во што да се сомневам. Имаше две-три другарки, сите се испрашани. Не веруваме дека избегала со некого, не е таков тип на девојче. Првпат се случува ова. Весела излезе сабајле да оди во училиште“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“. За исчезнувањето на девојчето, алармираше мајката уште утринава. Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути, а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.
За тие децата на листата исчезнати, не се сите од поплавите во 2016. Околу 2009-2010 имаше неколку регистрирани исчезнувања, од кои едно дете со чиј случај сум запознаена повеќе. Овие теории што ги прочитав погоре се како за пред чешма. Од каде знаете вие што и како се случило, па уште сте и сигурни во тоа? Малце осет, има роднини кои (ќе) го читаат ова.
Јас многу убаво се сеќавам на девојка која пред некои 10-15 год. исчезна , ќерка на новинар беше. Од дома тргнала дипломата од факс да си ја земе и исчезнува. Татко и дигна прашина дека новинар и по некој период ја најдоа фрлена покрај пат гола и силувана. А тој период додека ја бараа каде била не знае никој. Кој е од Скопје сигурно се сеќава , беше страшен случај.
Не знам како се викаше го заборавив името. Ко ќе ми текне стварно може да било 2006та, или околу таа година. Ама многу ме потсетува дешавкава. И таа исчезна за неколку минути од излегување од дома, исто блиску и бил факултетот. Некако така беше. Ми остана во сеќавање многу ја бараа.
Страв да те фати да пуштиш дете само надвор. А колку ги има што уште не се пронајдени? Уште ми е чуден случајот со девојката од Босилово.