Тоа значи "Гласајте за мене пошо имам инфо за девојчето, а обиџуко не сака да го сподели. Инфото не кажувам што е, не затоа што е возмемирувачко, туку пошто ќе лапнам кривична за дезинформации. Чекам Обиџуко да соопшти" -Петар Гнидата.
48 часовен притвор побара Основниот кривичен суд Скопје побара за тројца од петтемината приведени....
Не пишува овој за џабе. Знае дека ќе му стегнат кривична. Ваљда дознал и собира поени. Баш заради него се во притвор. Гнаса еј. Искрено се надевам дека не е она што мислам.
Ме плаши моментот дека МВР можно е да има индикации или сознанија дека нешто лошо се има случено со детето, ама додека не го најдат телото не можат ништо да потврдат.. Бидејќи колку и да имаш индикации, ако немаш човек или тело најдено, се е шпекулација и не можеш ништо да кажеш официјално.. Петар можеби има сознанија некој па затоа објавил, ама МВР не можат да искочат со соопштение ако немаат докази, бидејќи што и да кажат, ако не го имаат детето најдено, ништо не е официјално.
Абе еве и точно нека му е инфото, многу е веројатно дека му шепнал нешто некој вработен од мвр. Туку, тој што тоа го користи за личен и партиски интерес, притоа пак не е конкретен, е тоа е гадното. "Имам инфо" и после каков и да е исходот, ќе каже "ви реков". Створење.
Ама можат да ја демантираат веста ако не е ништо потврдено, нели? Не е во ред да се шири страв и паника кај народот.
Јас мислам дека ова од овој Петар е само подбуцнување и собирање поени Ако нешто знаел ке пишел ете поминаа 30 мин што не објаве пошто нема ништо
Ние сме помалку битни,ако вистина имаат некакви сознанија и трага битно семејството знае,во најдобар случај барем малку да си ја смират душата и да имаат надеж,во најлош случај барем ќе знаат шо се случило колку и да е лошо,за разлика од родители кои ден денес немаат појма што му се случило на нивното дете.
И да е не дај Боже точно тоа што го знае ако го знае, ќути бе мме. Не се споделуваат вакви информации додека не се изнесени од МВР, бидејќи се шпекулации и манипулации додека не се потврдат. Неверојатно сензивитен период е, може да се воздржат од политички поени. Ама не сакаат.
Океј ама работава не ја следат само родители. И другари нејзини ја следат. И роднини. И други луѓе што ја знаат. Они не би добиле информации од прва рака туку од вакви морони ќе се стресуваат
Ако овој ова што го изнесол јавно има извршено притисок за да ги притворат поради можно бегство на Косово, тоа е најдоброто нешто што можело да се направи. Не смееме како држава да дозволиме да се случи бегство на осомничени, повторно и повторно. Колку и да е порозен и корумпиран системот. Вакво нешто не смееме да дозволиме. Не верувам дека ќе откријат повеќе поради сензитивноста на информациите, и поради можни тензии кај народот. Се надевам дека ќе го решат случајов за 24 часа. И, сеуште се надевам дека ќе излезе жива.
Ве читам од почеток,не ми дава душа да коментирам,само ќе речам дека се надевам сето ова да не е точно што изјавил Петар.
Ги читав коментарите под објавата на овој Петар, неговите коментари Добро бе, арен ли е овој во главата? Како така се обраќа на народот? Значи вреѓа, овчари ги нарекува, измеќари.. Овај како да сака да изгуби поени кај народот ( ако воопшто ги има), не да ги добие Се напнав