Дајте не шпекулирајте со ваква тема. Нема некој што не е во грч моментално. Чекам официјално да кажат. Сите може да се сомневаме, ама не е во ред вакви да се пуштаат по медиуми.
Кажи нешто ако знаеш дополнително од тоа што го знаеме ние, вака и ние знаеме да си измислуваме сами.. Еве јас ќе пишам Вања ја грабнаа вонземјани, и сега е на нивната тајна планета.. Нема смисла нели?
Дај Боже твоите претпоставки да искочат точни, сите тоа го сакаме. Нека е само за собирање поени, нека се гони тој кретенот, само девојчево да е живо и здраво.
Значи има кривично дело бидејќи е вклучено веќе и ОЈО? Според код влезена е во кола уште кога излегла од дома.
Овој е скроз несалам, па посебно за ваков специфичен случај со дете. Кај ќе му отиде душата, не знам.
Кога се спомна ова, друго ме интересира, а не знам дали се спомна. Дали според движењето на сигналот на телефонот, може да се утврди при вакви случаи дали се движела пешки или со возило, додека имало воопшто сигнал?
Овој ќе излезе ист како оние што коментираа глупости на постот на мајката, ако не и бетер. Да не шириме шпекулации. Нека излезат со официјално, си има кој за тоа. Сигурно не ова лиглето.