Како може да ја нема од петокот, а од телефонот последен сигнал е кај Броз сабајлето кога ја снемало? На фб коментираа дека детето носело скапи ортодонски протези, имала ајфон, скапа облека, мајка и е директорка во А1, мене воошто не ми личат овие на луѓе кои не се грижат за своето дете па три дена да не пријават дека им го нема детето.. Се гледа дека се добро ситуирано семејство иако се мајката и таткото разведени, си се грижат за својте деца..
Затоа и велам дека веќе не знаеме што да веруваме ,што да мислиме ... Језиво стана ова веќе . Уффф како ли му е на семејството само
Божееее Тројца остануваат во притвор Зошто? Какво дело има штом ојо се вмешува? киднапирање? убиство? Да е била жива ке кажеа до сега каде е Лошо дечки ,лошо Ој пушти дете сега да испаѓа а ај па и задржи го дома Па така нека ти врие мозокот
Реално за шлапања глупости до сега овој требаше да биде на распит. А поминаа веќе повеќе од 3 часа од пишаниот статус и тој уште си пишува..
Јас не верувам во шпекулацијата дека е излезена уште од петок. Нема смисла ова. А кретенот Богојески нашол да собира политички поени на туѓа мака, сред голготата низ која мине семејството. Ужас.
На Твитер пишуваат дека детето е најдено во село Орман, ама за жал.. Се надевам дека не се заебаваат со вакви работи..
Не знам зошто би чекале 2 дена да пријават, освен ако е точно инфото дека и порано бегала па се враќала, но сега не се вратила како што очекувале, па пријавиле. Мислам дека намерно е пуштено инфото во јавноста дека бегала претходно, за да добие јавноста погрешен впечаток и да се намали притисокот за потрага.
Дај намалете со тензии и хистерија, а овој Богојески е со дијагноза. И да има инфо дали има потреба за вакво сензационализирање? Истрагата се уште е активна, тек вчера објавија дека се приведени петмина, не поминаа 20 год. за тој да “врши притисок” за нови информации.
А, овој што не пише од кого ја добил информацијата и дали тоа е пријавено во полиција? Вакви со „добив информација“ веќе имаше, ама неточна...
Ама доста со шпекулации и непотврдени информации. Дај нека искочат јавно нека кажат што е ако има нешто лошо, вака на рандом профили на социјални мрежи не се верува. И овој вика сакал да не е точно, значи не е сигурен 100%. Туку и ова што ќутат од Мвр сумљиво е стварно, офф што ли ќе искочи од ова..